ООУ "Димитар Миладинов", Општина Центар, Скопје
МИСИЈА
Мисијата на ОOУ „Димитар Миладинов “ е да придонесе за развојот на општеството преку континуирано подигање и едукација на учениците користејќи современи методи, средства и форми на работа.
Училиштето својата мисија ја остварува преку задолжителни и изборни предмети, додатна и дополнителна настава, воннаставни активности и преку различни eTwinning и други меѓународни проекти во кои е вклучено.
Улогата на училиштето во општеството е да обезбеди на учениците да стекнат компетенции, знаења и вештини кои ќе ги подготват за живот и работа во променлив социо-културен контекст во согласност со барањата на пазарната економија, современите информатички и комуникациски технологии, научните знаења и достигнувања.
ВИЗИЈА
Ученизите да се здобијат со трајно и применливо знаење и желба за доживотно учење.
Визијата на училиштето е да ги усоврши учениците да:
- комуницираат на стандарден јазик,
- комуницираат на странски јазик,
- имаат развиено математички компетенции и основни
компетенции во науката и технологијата,
- имаат развиено дигитална компетентност,
- умеат да учат,
- имаат развиена иницијативност и претприемништво,
- имаат развиена културна свест и изразување,
- размислуваат критички,
- да бидат подготвени за тимска работа,
- да се грижат за животната средина.

"Иво
Лола Рибар" - "Браќа Рибар - Димитар Миладинов"
Училиштето е формирано во октомври 1954 година, кога го носи името на народниот херој од НОБ - Иво Лола Рибар. Наставата се одвивала во старата зграда на гимназијата Цветан Димов, позната како машка гимназија. Во првата учебна година имало 639 ученика. Во денешната зграда училиштето работи од 1960 година.
Од 1961 година, по предлог на д-р Иван Рибар,таткото на Иво и Јурица, го носи името Браќа Рибар
Во март 1994 г. се промовираше новото име на училиштето: Димитар Миладинов. За нашиот патрон беше компонирана химна: музика- Ристана Николова, наставник по музичко образование; текст - Стојка Даскаловска, наставник по македонски јазик. Се изработи историско катче, беше изработена биста од вајарот Бранко Јакшиќ, портрет од сликарот Благоја Николовски и започна да се празнува Денот на училиштето на Митровден.
Забавишна група е отворена во 1960 година.
Во 1965/66 година е воведен дневен престој за учениците
Во 1970/71 година експериментално е воведена целодневна настава во едно прво одделение, а во 1974/75 целодневната настава е воведена од 1 до 4 одделение, со што училиштето се вбројува меѓу првите училишта во Македонија со овој вид на организација на воспитно-образовната работа.
Во пролетта 1990 година е формирано училишното еколошко друштво „Фиданки“, кое реализираше многу активности за развивање на еколошката свест и култура кај младите генерации.
Во 2004/2005 година почна со реализација проектот за учење на француски јазик од прво одделение.
Во 2006/2007година почна со реализација проектот за учење на руски јазик од прво одделение.
Работното место стручен соработник - педагог постои од 1978 година, а стручен соработник - психолог од 1989 година.
Училишната библиотека е формирана во 1958 година. Денес има фонд од околу 14000 книги.
Забна амбуланта во училиштето работи од 1970 година.
Повеќе од 30 години училиштето соработуваше со училишта од СФРЈ кои го носеа името „Браќа Рибар“: од Белград, Загреб, Брежице, Осиек, Тузла, Бегеч, Никшиќ, Пеќ, Семизовац, с. Табановци.
Во 1991 година беше воспоставена соработка со училиште од градот Брасак во Франција.
Во периодот од 2004 до 2008 година беше обновена соработката со основните училишта: ОУ Краљ Петар Први од Белград и ОУ Брежице од Брежице, кои во минатото го носеле името Браќа Рибар.
Со цел размена на искуства преку проектни активности, дружење и афирмација на македонската традиција и култура училиштето соработува со училишта од повеќе европски земји - Русија, Романија, Бугарија, Белгија, Србија, Хрватска и Словенија.

Димитар Миладинов (1810 - 1862)
Димитар Миладинов е централна личност на македонската преродба. Тој е просветител, предводник на народното будење против грчките стремежи за однародување на македонците во деветнаесетиот век. Собирач е на народни умотворби, во што му помагале неговите ученици и брат му Константин. Плод на оваа дејност е Зборникот, објавен 1861 год. , дело со голема , повекекратна вредност: културна, национална, историска. Еден од првите борци за националното ослободување за сестрано клтурно и материјално развивање на Македонците. Од него секој Македонец има што да научи. Неговиот пример е пример достоен за следење, тој е најсјајната светилка за сите нас што уште сме без светлина.
Што ни порачува нашиот патрон:
"Горе главите! Го укоруваат нашиот јазик и го нарекуваат варварски, еден од најстарите јазици! Грците не одрекуваат. Но тоа е стара песна . . . .
Да се збогатиме со мисли и идеи на нашиот јазк, потоа да учиме и дрги јзици."

Некогашно "Иво Рибар Лола", потоа "Браќа Рибар", а веќе две децении "Димитар Миладинов"