За почеток убави вести:
"Поштовани пријатељи, драги "КРЕФОФЦИ",
Одлуком селекционе комисије, 4. КРЕФ, у организацији Учитељског друштва Лесковац, а уз подршку Министрства просвете науке и технолошог развоја РС, Града Лесковца, Министарства културе РС и ОШ „Живан Маричић“ из Жиче, селектовани су филмови који ће се у финалу борити за једну од филмских награда по категоријама.
Ове године 4.КРЕФ обухвата три дана, две фестивалске вечери са промоцијом најуспешнијег стваралаштва кроз четири филмске категорије. За учеснике и госте фестивала обезбеђен је смештај у хотелу ,,Добре воде" на Гочу, планини изнад Краљева. Посетиоци фестивала учествоваће у радионицама монтаже и амбијенталног снимања, а своја искуства из праксе приказаће и најуспешнији учесници претходних Креф фестивала.
Упознајте срце Србије кроз обилазак Врњачке Бање и Манастира Жича.
Продукција креативаца на едукативном ћилиму ове јесени на адреси доброг школског филма у Краљеву. Свим заинтересованим учесницима, који су слали филм за 4. КРЕФ поделићемо захвалнице у делу финалне вечери.
Честитамо свим финалистима који верујемо већ полако пакују своје кофере за велико финале од 4.до 6. октобра."
Минатата учебна година ја завршив вака:
"Меѓу 100 најдобри наставници во светот за 2019 година
Аида Петровска, наставник по физика при ООУ “Димитар Миладинов” е избрана за еден од сто најдобри наставници во светот од страна на престижната организација AKS education од Њу Делхи.
Наградата за најдобар наставник во светски рамки “Global Teacher Awards” им се доделува на наставниците кои даваат особен придонес во својата професија како на локално така и на глобално ниво.
На овој избор за најдобар наставник биле предложени наставници од 70 земји. Од илјадници наставници избрани се 100.
Изборот на најдобри наставници е спроведен од Alert Knowledge Services (AKS) од Индија кој соработува со училишта од целиот свет на едукација на директори на училишта, наставници, библиотекари, советници во образование со една единствена цел - изградба на подобро општество преку образование."
"Global Teacher Awards" и Њу Делхи, оставив за некој друг пат. Сигурна сум дека ќе се повтори. :)
Радо би да ја прошетам Индија, но ако е награда да биде награда, за награди не давам ни ситни пари, а камо ли илјадници евра.Башка што по наградата отишле и оние што не биле избрани :)

Во исчекување на европски квалитет
Зададов домашно на 12 мои некогашни ученици, да напишат нешто на оваа тема, а за потребите на еден меѓународен проект. Не очекував дека останале исполнителни како пред 10 - 20 години. Ви благодарам на сите, за секое зборче <3
Наставниците се важни
Уште од првиот ден кога стапнуваме на оваа земја, имаме некој кој нѐ учи и води. Најпрво тоа се родителите, со чија помош ги правиме првите чекори, ги изговараме првите зборови и ги совладуваме првите препреки. Подоцна, низ процесот на образованието, тоа се наставниците и професорите. Просветните работници се можеби индивидуите кои добиваат најмало признание за она што го работат, со оглед на тоа тие се всушност личностите кои го поставуваат темелот на целото општество. Не можеме да имаме силно и развиено општество без силно образование, а силно образование не постои без посветени и принципиелни наставници. Она што наставниците им го всадуваат на децата како семе во училницата, тоа вродува со плот подоцна во секоја пора на општеството. Низ образовниот процес, учениците се оформуваат како личности и на емоционално и на интелектуално ниво и наставниците се оние кои можат најмногу да влијаат на тоа како тоа оформување се одвива. Наставниците се, без ни тронка претерување, луѓето кои за прв пат ни покажуваат како изгледа наградата за вложениот труд, како изгледаат последиците од мрзеливоста и како изгледа да се однесуваме фер, достоинствено и толерантно кон сите луѓе – без разлика на пол, вера, или раса. Со нивната помош, учениците не се здобиваат само со знаење по одреден предмет, туку и почнуваат да се однесуваат кон своите соученици и другари онака како што наставниците се однесуваат кон нив, почнуваат да размислуваат критички и аналитички и почнуваат да учат како да работат вредно и чесно за да напредуваат најпрво во и низ воспитно-образовниот процес, а подоцна и во животот. Вистински посветените наставници знаат како да ја пренесат љубовта кон предметот кој го предаваат на своите ученици и додатно знаат како да ги мотивираат, охрабрат и поддржат помладите генерации. На овој начин, учениците воочуваат како изгледа да си ја сакаш професијата и со тоа, наставникот уште од најмала возраст за ученикот е водич и показател за тоа каков треба да ни е ставот кон нашата професија подоцна во животот. Со помошта на наставниците, на децата им се дава до знаење дека е во ред ако нешто не разбираат или ако со нешто се мачат, бидејќи наставниците секогаш (треба да) охрабруваат да се прашуваат прашања и да се размислува за она што се учи, а потоа и да се вложи трудот самостојно тоа да се доучи. Низ овој поцес, уште од најмали нозе учиме како да се соочуваме со проблеми и како да совладуваме препреки, кои – како што сите знаеме – се неибежен дел од животот.
Низ моиве 27 години, од кои речиси дваесетина ги минав низ образовни институции, најмногу им благодарам на оние наставници и професори кои бараа многу од мене, затоа што и знаеа дека можам многу да постигнам. Секое дете може многу да постигне, но токму наставникот може да види и разбере кои се предиспозициите на едно дете и да ги охрабри и ученикот и неговите родители на тоа поле детето додатно да се дообразува и развива. Тешко е кога си во основно и средно училиште да знаеш што точно сакаш, но со помошта на наставниците можеш да го истражуваш својот интелектуален свет и посветено да трагаш по одговорот на прашањето „а што потоа – кога ќе излезам од овие училници?“ за на крај, кога навистина ќе си надовор од училиштето нема да се чувствуваш како да луташ, ами ќе знаеш каде сакаш да одиш. А зар има поубаво чувство од тоа да имаме цел и насока во животот, идеја која сакаме да вроди со плод и желба и посветеност сето тоа да бидне дел од нашата реалност? На крајот од денот, сите сакаме некаде да припаѓаме, да го работиме она што го сакаме и да живееме исполнет живот дур сме опкружени со луѓе со кои се надополнувме и поддржуваме. Па така, не можеме младите луѓе да ги оставиме овој живот да го градат веднаш после училишните денови, ако наставниците и родителите не ни покажале уште од првиот училишен ден како изгледаат овие работи и кои лични квалитети можеме да ги искористиме за да да ги постигнеме овие цели. Па така, јас не би рекла дека наставниците се важни. Би рекла дека се едни од најважните личности во нашиот живот и како такви, секогаш треба да ги имаат нашата благодарност, почит и поддршка.
Учењето е значајно
Да се даде една дефиниција на поимот „учење“ е речиси невозможно, бидејќи секој вид на личен или интелектуален напредок бара да имаме една фундаментална вештина, а тоа е способноста да учиме нешто ново. Низ еден поширок поим, учењето вклучува сѐ што ни се случува на секојдневна база: како учиме нови навики, како учиме да комуницираме со луѓето, како учиме да се грижиме за себе, но исто така и што учиме од книгите и луѓето во и надвор од училиштето. Без способноста да учиме, човечката раса никогаш не би еволуирала. Низ способноста да си го надоградуваме знаењето, си го надоградуваме и животот. Учиме од сопствените и од туѓите грешки, учиме од она што се обидуваме да го изградиме и создадеме и на крај, во училиште учиме за светот, за науката, за уметноста и за литереатурата.
Многумина сакаат да ги делат знаењето на две категории: знаењето кое го добиваме од книгите и од училниците и знаењето кое го добиваме од меѓучовечките односи и „од улицата“. Во суштина, сепак, иако знаењето и информациите се можеби различни, учењето и начинот на којшто нашиот ум функционира кога учиме не се премногу различни во двата случаи. Процесот на учење е следниот: одреден настан, информација или искуство го стимулира нашиот ум, а потоа, со текот на времето, нашиот мозок ги запомнува овие настани, информации или искуства долгорочно и како такви ги носиме насекаде со нас. Соодветно, континуираното учење е неопходно за прцесот на здобивање на аналитичко и критично размислување, на здобивање нови вештини и на здобивање на способноста да се прилагодиме на нови средини, луѓе и култури.
Да се живее живот без константно да се учи е незамисливо и не треба да мислиме дека штом ќе ги напуштиме училишните клупи, учењето завршува. Светот постојано се менува, а со тоа и знаењето кое ни е потребно за да напредуваме во секоја сфера во нашиот живот е подложно на промени. Најдобар начин да се справиме со овие предизвици, нови трендови, нови информации е пред сѐ да немаме отпорност кон идејата да учиме нешто ново. Учењето е значајно, бидејќи учењето е нашата најсилна карта во играта наречена живот и само оние кои се жедни за константно надоградување и доучување се среќни во училиште, на работа и во своето слободно време.
Кога размилсувам зошто учењето е значајно со конкретни причини, ми доаѓаат премногу идеи, но еве ја мојата омилена листа со дест одговори зошто учењето е значајно.
- Со помош на учењето и знаењето можеме да најдеме добра работа, да дискутираме со луѓе со различни интереси и да бидеме отворени за нови идеи и предизвици. Па така, со помош на учењето не сме статични индивидуи, ами сме флуидни и лесно присбособливи личности, секогаш спремни да ја смениме нашата точка на гледиште ако воочиме дека фактите почнуваат да ги негираат нашите ставови.
- Со помош на учењето и знаењето секогаш остануваме релевантни и потрени во нашата професија. Секој работодавец сака добро едуциран, добро информиран и лесно прилагодлив работник на новите трендови.
- Со помош на учењето и знаењето речиси секогаш сме спремни за неочекуваното и знаеме како да се справуваме со животните предизвици, како на пример желбата да се смени работата, желбата да се истражат нови (интелектуални) хоризонти и желбата да се доживеат нови искуства.
- Со помош на учењето и знаењето биднуваме компетентни, а кога сме компетентни сме и самоуверени. Нема поголем благослов од тоа да сме самоуверени, со одредена доза на самокритичност која секогаш нѐ потсетува дека секогаш има нешто ново да се научи и дека никогаш не треба да престанеме да трагаме по нови информации.
- Со помош на учењето и знаењето се здобиваме со вештината да ги комбинираме податоците кои ги учиме, а потоа и добиваме нови и креативни идеи на секое поле во нашиот живот. Креативноста е нешто што секогаш може да нѐ одвои од толпата и со тоа да нѐ направи уникатни личности кои мотивираат многумина да учат и да творат.
- Со помош на учењето и знаењето почнуваме не само да ги почитуваме, ами и да ги цениме различностите во нашиот свет. Отворени сме да запознаваме нови култури, да го истажуваме светот и да учиме нешто ново од секоја личност која ќе ја запознаеме на нашите авантури. На овој начин, биднуваме толерантни, посоцијални и подруштвени луѓе секогаш спремни да создадат нови пријатели каде и да отидат.
- Со помош на учењето и знаењето почнуваме да се осознаваме како личност. Што ми се допаѓа? Што ме интересира? Во што сум добар? Како учам најдобро? Одговорите на овие прашања се важни за нашиот понатамошен развој.
- Со помош на учењето и знаењето ги подобруваме нашите етички и морални вредности, осознаваме повеќе за светот во кој живееме и ја добиваме желбата да им помогне на оние кои не се среќни колку нас во животот. Учиме како да бидеме фер и правични и како да напредуваме без да го саботираме можниот напредок на тие околу нас. Баш напротив, луѓето кои се секогаш желни да учат, се радуваат на туѓите успеси како свои и секогаш бараат начин да ги поддржат останатите.
- Со помош на учењето и постојаната желба да читаме и учиме, буквално го одржуваме нашиот мозок витален и млад и со ова си помагаме да водиме здрав живот. Способноста и посветеноста секојдневно да учиме се поврзува со намален процент на депресија, чувство на изолираност и чувство на ништожност. Здрав ум - среќно и исполнето секојдневие.
- Со помош на учењето, почнуваме навистина многу да го вреднуваме знаењето, па така, еден ден се развиваме во родители кои ги поддржуваат и охрабруваат своите деца да учат и да се надоградуваат.
Листата може да се прошири до бесконечност, затоа што и придобивките од учењето се бесконечни. Навистина е жално кога многумина ја добиваат идејата дека да се учи значи да се запомнат излишни факти напамет или да се добие добра оценка на тест во училиште или на испит на факултет. Учењето е многу повеќе од надворешно признание, учењето е за умот, она што е водата за телото. Том Кланси има речено: „животот се врти околу учењето. Кога запираш да учиш, тогаш и умираш“, па на нас ни останува да го живееме секој ден од нашиот живот до максимум со тоа што секој ден ќе учиме нешто ново.

Kонкурирав за општинската награда "Феникс". Не добив образложение зошто не ја добив наградата, туку еден неофицијален совет - да се обидам во онаа општина во која живеам :( , а не ја промовирам :(
The difference between coding and programming
Разлики помеѓу кодирање и програмирање
Кодирање без компјутер, тематско повторување - отворен час
До 15.10. 2019 год. одработив 3 петоци и 2 четвртоци. Искористив само еден петок. Другите можности за претставување на нашето образование, училиштето, општината, градот и државата, не ми беа дозволени иако ги најавив на 10 септември со доставување на план на активности за професионален развој на наставникот за 2019 година:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за испланираните активности за професионален развој нанаставникот по физика, Аида Петровска,
ООУ “Димитар Миладинов”, Центар, Скопје
Според барањата на Законот за основно образовение, изработив план на активности за професионален развој кои планирам да ги реализирам до декември 2019 година.
Активностите – конференциите, предавањата и работилниците се со точно определени датуми, за оваа година, а за наредната година ќе испланирам во јануари 2020.
12.09.2019 - 10:00 (четврток) – прва меѓународна работилница за регенеративна медицина на тема: “Запознавање со клеточно базирани терапии и терапии со плазма збогатена со тромбоцити (ПЗТ): Клинички- пристап”, Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје
14.09.2019 (сабота) – работилница Кодирање - Здружение за креативност, комуникација, колаборација и критичко размислување - 4К -
27 – 28. 09. 2019 - 10:00 (петок + сабота) – Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки – организатори:
Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
Институт за математика при ПМФ во Скопје
Институт за физика при ПМФ во Скопје
Природно-математички факултeт, УКИМ
Сојуз на математичарите на Македонија (СММ)
Теми:
Наставни планови и програми, современи методи и техники во наставата, образовни стандарди, учебници и литература, истражувања во образованието, воннаставни активности, доживотно учење и професионален развој, вреднување на постигнувањата на учениците и наставниците, лабораториски активности и практична работа, образовна технологија, меѓупредметна корелација.
Учествувам со труд
12 и 27. 09. 2019 одработени на 05, 06 и 10. 09. 2019 год.
(Но неискористени - немав потреба - настаните започнуваа од 10 часот)
03-04-05.10.2019 (четврток + петок + сабота) – Филмски фестивал КРЕФ – Лесковац – Србија - у организацији Учитељског друштва Лесковац, а уз подршку Министрства просвете науке и технолошог развоја РС, Града Лесковца, Министарства културе РС и ОШ „Живан Маричић“ из Жиче.
Учествувам во финале со кусометражен филм. (НЕ ОТИДОВ - ПРИМАВ ДРЖАВНА НАГРАДА на 4. октомври)
18 – 19 -20. 10.2019 (петок + сабота + недела) – Прва Меѓународна научна конференција – Образование и современо општество - Будва, Црна Гора.
Учествував со труд – Делумна инклузија - искористив 1 ден - одработен петок.
31 – 01 – 02 – 03.11.2019 ( четврток + петок + сабота + недела) - 3. регионална конференција “Свијет образовања брише границе" - Асоцијација на најдобрите наставници од некогашните држави на Југославија.Требаше да го претставам трудот "Проектно искуство" но ДОБИВ ЗАБРАНА ЗА ОДЕЊЕ.
Исто така не добив дозвола да ги посетам семинарите а имав желба: micro:bit и Стратегии на контрола на однесувањето на децата со аутистичен спектар на нарушувања. По милионитти пат си ветив дека ќе ставам стоп на воннаставните активности.

Промоција на училиштето “Димитар Миладинов”, на Општина Центар-Скопје и Република Македонија
Меѓународен тим: Италија - Македонија - Турција
Lapbook во Белград, јас во Скопје. Се случува во ..................
Школо "Млади физичари" - Месец на науката, ноември 2019
Од 9 до 15 Декември Computer Science Education Week, ќе го одбележи роденденот на компјутерската пионерка Грејс Мари Хопер, американска математичарка и информатичарка. Оваа седмица има за цел да инспирира ученици и да ги предизвика да се заинтересираат за компјутерските науки. Нашиот придонес кон оваа цел не се активностите на часот по информатика, туку по сите предмети во училиштето. Уживајте во работата.
Подготовки за 21.12.2019. семинар на тема: "Стратегии за контрола на однесувањето на децата со аутистичен спектар на нарушувања"
17 декември 2019
По 30 дневно молење, пополнив нечие место на семинарот "Стратегии за контрола на однесувањето на децата со аутистичен спектар на нарушувања", вредеше одличен семинар.
На ден 02.02.2020 година во Основно општинско училиште "Димитар Миладинов" - Скопје се одржа Општински натпревар по физика.
Нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
Да ја ослободиме својата креативност од областа на астрономијата и астрофизиката.
„Снежна полна месечина“- феномен забележан на 8. и 9. февруари 2020, во раните утрински часови и навечер. Името „снежна месечина“ е поради карактеристиките на месецот февруари, студен и снежен зимски месеци. Оваа „снежна“ полна месечина е една од најголемите полни месечини во 2020. година.
Денот на побезбеден Интернет (Safer Internet Day) е меѓународен настан што се одржува во февруари секоја година (оваа година на 11. февруари), кој промовира побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологијата и мобилните телефони од страна на деца и млади од целиот свет.
Ученицитe од осмо и деветто одделение од ООУ “Димитар Миладинов”секоја година го одбележуваат Денот на мајчиниот јазик со пригодни активности. Оваа година како дел од тимот “Палеографски амбасадори – Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2020” ги славиме убавините на јазикот. Во нашето училиште се изучуваат македонски, англиски, француски и руски јазик, а по наставата учениците имаат можност да изучуваат хрватски и бугарски јазик. Имаме особена чест да ви го претставиме македонскиот јазик со сета раскош, топлина, восхит, значење, коренитост, истрајност и заљубеност. Со радост ќе ги споделиме сличностите, различностите и карактеристиките на секој од јазиците на кои зборуваат палеографските амбасадори од Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.
Праќаме голем палеографски поздрав до сите учесници во проектот.
Јазикот е нашата татковина, да го чуваме и негуваме.
Среќен Ден на мајчиниот јазик!