ЕКСПЕРИМЕНТИ ВО НАСТАВАТА ПО
ФИЗИКА
Јајце - падобранец
ОУ "Димитар Миладинов"
1. Очекувани резултати: - Решавање проблемски ситуации, воопштување, извлекување заклучоци;
- Примена на знаењата при решавање на проблеми;
- Да умеат да разложат сила;
- Да умеат да зголемат отпор;
- Да умеат да ја намалат брзината на движењето низ флуидите.
2. Потребни материјали и опрема:
- Функционален картон со насоки за изработка на апаратура, насоки за изведување на
експеримент и прашалник за самооценување на работата на групата ( прилог 1);
-Потсетник за групна работа за секоја група (прилог 2);
-Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на час реализирана со
решавање проблеми (прилог 3);
-Најлонски кеси, пластични цевки, бебешки пелени, тоалет хартија, свежи јајца, конец, селотејп.
3. Активности и насоки од претходниот час:
-На учениците им беше најавено дека оваа седмица ќе решаваме проблм "Како да го фрлиш јајцето од трет кат, а да не се скрши"
-Учениците добија задача да се потсетат на сложување и разложување на сили и отпор низ флуидите.
4. Активности на часот (блок час):
- Учениците се делат во групи;
-На учениците им се поделува функционален картон (прилог 1) од каде се запознаваат со матријалот кој треба да го употребат за безбедно спуштање на јајцето.
-Учениците ги зимаат потребните материјали и самите решаваат како ќе ги употребат за да го спуштат бзбедно јајцето од трет кат.
-Наставникот ја следи работата на групите, помага доколку е потребно.
-Учениците демонстрираат и ги прзентираат своите трудови.
-Ученицте ги пополнуваат евидентните листови (прилог 2).
-Наставникот дава фидбек за сработеното и го пополнува евидентниот лист.
-Ги враќаме материјалите, кои повторно можат да се употребат, на своето место и го собираме отпадот.
-Наставникот најавува проблем за следната седмица, кој гласи: Осмислете што би можеле да направиме со преостанатите материјали, како и со безбедно спуштените свежи јајца.
ЗАБЕЛЕШКИ И РЕФЛЕКСИЈА ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЧАСОТ:
-Во текот на сите активности учениците беа мотивирани и расположени за работа.
-Со голема леснотија ги извршија своите задачи и ги постигнаа очекуваните резултати.
-Беа многу реални во пополнувањето на листи за оценување.
-Во табелата за вреднување додадоа: задоволство со кое работеле, радоста по успешно решавање на проблемот, бројот на искрени насмевки во текот на работењето, како и големината на желбата да се сретнеме повторно.
ПРИЛОГ 1:
Функционален картон со прашалник за самооценување:
ГРПА- 1, 2, 3 - КАКО ДА ФРЛИШ ЈАЈЦЕ ОД ТРЕТ КАТ, А ДА НЕ СЕ СКРШИ
ЦЕЛ – Со примена на стекнатите знаења и умеења, да му овозможиме на свежото јајце безбедно да падне од трет кат.
Матер ијали и прибор:
- Најлонска кеса,
- пластични цевчиња,
- бебешки пелени,
- тоалет хартија,
- свежо јајце,
- селотејп,
- конец.
Постапка:
- Од понудените материјали направи уред со кој ке го пуштиш јајцето да паѓа од трети кат и притоа да не се скрши.
- Уредот осмислете го сами.
- Материјалите користете ги рационално. Поделете ги така да секоја група добие исто количество материјали, а потоа според потребата за рализација на вашите идеи позајмувајте се и вршете замена.
- Забранета е употреба на додатни материјали, ќе го користите исклчиво понудениот материјал.
ЛИСТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ
Име и презиме:_____________________
1. Какво беше твоето учество во истражувањето и решавањето на проблемот?
2. Што научи од ова практично искуство?
3. Кои се твоите јаки страни во улогата што ја имаше превземено во процесот на решавањето на проблемот?
4. Кои се твоите слаби страни?
5. Доколку имаше повеќе време што би направил поинаку и зошто?
6. Вреднувај ја твојата работа на часот со оценка од 1 до 5 и објасни зошто.
ПОТСЕТНИК ЗА ГРУПНА РАБОТА ПРИ ПРОБЛЕМСКА СИТУАЦИЈА
СЕКОГАШ:
1. Пред да започнеме со решавање на задачата проверуваме дали сме ја разбале.
2. Се држиме до дадената задача што ни е дадена од наставникот.
3. Додека работиме, секој од групата дава свои предлози и мислења.
4. Секој го слуша мислењето од другаите (го сослушува).
5. Крајниот заклучок го даваме откако ќе направме анализа на сите идеи и предлози дадени во групата.
6. Додека работиме, имаме член од групата кој води белешки за нашата дискусија и ја координира работата
7. Правилно ги распределуваме задачите во групата.
8. Сите бележиме што ново научивме на овој час.
ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТА НА УЧЕНИКОТ ВО ГРУПА (ДА, ДЕЛУМНО, НЕ)
1.Ги прфаќа задачите во групата и внимателно ги извршува.
2. Го ислушува мислењето на останатите дргари во групата.
3. Го разбира проблемот и размислува за откривање на неговото решение
4. Активен е во групата и дава свои предлози со цел за унапредување на работата на групата.
5. Врши проверка и ги генерализира новостекнатите знаења.
6. Не губи време, туку веднаш се зафаќа за задчата во групата.
7. Во прв план му е интресот на групата, а дури потоа неговиот сопствен план.
8. Добро соработва со поголем дел од учениците во групата.
9. Прифаќа сугестии од раководителот на групата преку умерена критичност, со цел за доаѓање до подобри решенија.
10. Нуди доста информации и сите се релевантни.

ВОЛВО АВАНТУРА
Веќе две години учествуваме на натпреварот организиран од Волво автомобилите и Обединетите Нации за Животна Средина - УНЖС (Volvo and the United Nations Environment Programme – UNEP).Во овогодинешниот натпревар учествувавме со тим од четири ученици кои биле координатори на неколку училишни проектни активности кои имале за цел да ја подобрат училишната средина и околината во која живееме. Координаторите направиле план на активности и ги завршиле поставените обврски. Оваа година имавме голем избор на теми на кои можевме да работиме:

- Биодиверзитет - како учениците се грижат за растенијата и животните во заедницата.
- Отпад - да рециклираме, реупотребиме и да го намалиме отпадот.
- Вода - како да придонесеме за заштеда и го подобриме квалитетот на водата во нашето училиште.
- Енергија – наш придонес за намалување на потрошувачка енергијата (топлинска или електрична)
- Транспорт - какви кампањи имаме направено за намалување на локалниот сообраќаен метеж и други теми, по избор на учениците.
- Податоци за нашиот тим и детали за прпектот;
- Избравме тема;
- Ги одредивме нашите цели;
- Спроведовме истражување;
- Напишавме план за активностите;
- Ги опишавме нашите досегашни резултати;
- Ги комплетиравме податоците и пријавата за нашиот проект.
Големи волшебства од мали волшебници
Претставата се одвива во кабинетот по физика во ООУ "Димитар Миладинов". Во училницата учениците секојдневно појадуваат. Честопати со појадокот ги довршуваат домашните задачи. За денес требало да ја прочитаат народната песна:
"Краљ Шишман, краљ Латин и овчар табарина"
Ивана чита на глас, а другите слушаат.
Пак ми вељит краља Латина:
"Кој ќе можит три злати јаболка
Да познаит кое од која година је"
Тога сватој се зачудили,
Свите сватој вземи попаднале.
Тога велит млада овчарина:
"Донесете три злати јаболка"
Донесоа маштрапа со вода.
Ми ги фрли јаболко во вода,
Прв јаболко остана над вода,
"Ова велит, оломланско беше",
А второто во среде маштрапа
"Ова велит, је ланско јаболко".,
А треќето на газер паднало,
"Ова, велит, ми е годинешно".,
Ученик 1: На овој овчар добро му одела физиката. Песната ни разкажува за пливање на телата, поточно за Архимедовиот закон.
Ученик 2: Токму така, она јаболко што плива е исушено, од него испарила водата и сега неговата густина е помала од густината на водата, поточно неговата тежина е помала од силата на потисокот.
ученик 3: Она јаболко кое е среде маштрапа, всушност лебди, густината на јаболкото и на водата е исто, односно тежината на тоа јаболко и силата на потисокот се со иста големина.
Ученик 4: Јаболкото што падна на газер, има поголема тежина од силата на потисокот за тоа и потонало.
Ученик 5: Колку интересно. Ем се најадовме, ем го довршивме домашното по македонски јазик, ем повторивме физика — пливање на телата.
Ученик 6: Мене ќе ми дадете едно јаболко, не ми е важно од која година е. Сакам да ви создадам еден проблем, а вие решете го. (ученикот го засекува јаболкото и го остава ножот во засеченото јаболко, зема една дрвена прачка и поставува прашање) Како ќе го пресечете оваа јаболко без да го потпрете на некое тело? На располагање, за помош, ја имате само оваа дрвена прачка. ( учениците даваат одговори на поставеното прашање, а ученикот што го постави прашањето негира)
Ученик 7: Се предаваме. Ти постави проблем. Ти реши го. (Ученикот 6 — ја зема прачката, удира по ножот, а јаболкото само се пресекува)
Ученик 6: Ми текнаа, ова е одличен пример за акција и реакција. Силата што ја соопштувааш на ножот е акција, а јаболкото возвраќа со реакција.
Ученик 8: Кога сме кај чичко Њутн и јас знам една финта. Додајте ми едно варено и едно неварено јајце. (му подаваат) Сега ќе ги завртам, а вие набљудувајте што ќе се случи и обидете се да погодите кое од јајцата е варено а кое не. ( ги завртува јајцата)
Ученик 9: Мислам дека знам, тоа што потешко го сопираш е невареното јајце. Кога ке ги придвижиш, ротираш, па сопреш, тие сакаат да си ја запазат состојбата на движење, ти го сопираш јајцето, односно неговата лушпа, но течната внатрешност продолжува да се движи — закон за инерција.
Ученик 10: Чудна овошка е тоа јаболко, а знаете ли дека од неа можете да направите оцет — јаболкова киселина која е здрава и треба да се става во секоја салата.
Ученик 11: И со јаболкова киселина правевме експерименти, се сеќавате ли на ракавицата што поздравува.
Ученик 12: Да, да стававме во тегла сода бикарбона и оцетна киселина, затворавме со гумена ракавица и таа се креваше оти се полнеше со јаглерод диоксид, ама тоа беше по хемија.
Ученик 13: Има тука и физика, ако ги анализираш притисоците, притисокот на гасот затворен во ракавицата е многу поголем од атмосферскиот.
Учник 14: Андреј, не го испивај целосно сокчето од конзервата, да ти покажам уште еден штос. (Андреј го пие сокчето и остава 2 — 3 голтки, Ивана ја зема конзервата и ја застојува на работ, без да се преврти) Андреј: Што и направи, како е оваа можно? Учник 14: Си заборавил кога учевме за тежиште на телата, рековме дека телото нема да се преврти се додека тежишната линија минува низ потпирката. Сега тежиштето е во сокчето што не си го допил, а тежишната линија минува низ работ од конзервата — потпирката.
Андреј: Браво, многу интересно, не ми текна.
Ученик 14: Еј другарчиња, се занесовме, ајде да побрзаме, ќе задоцниме на час.
Ученик 15: Каде да брзаме, сега имаме физика, наставникот ќе дојде тука.
Учениците седнуваат на своите места и подготвено го чекаат наставникот.