АКЦИИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СОСТОЈБА
Еко – етиката треба да се сфати како личен однос со Планетата. Таа бара етички личности со здраво изградени морални норми, кои се подготвени, преку дејствување, да ги реализираат истите. Денес се соочуваме со масовни културолошки појави, се препуштаме трендовите да ни го диктираат однесувањето. Масовните медиуми ни го обликуваат мислењето. Во ова хипер – реално постоење, личноста ја губи врската со реалното. Ние станавме хипер – конзументи, кои во својата потрошувачка агонија би ја проголтале (потрошиле) и целата планета. Оваа состојба мора итно да се надмине! Прво мора да го исчистиме умот за да можеме да ја исчистиме планетата. Доколку дејствуваме веднаш, се уште има време да се спаси планетата, во спротивно нашите денови се одброени. Потребна е акција! Времето е еднакво на дејствување. Одговорноста паѓа врз сите, секое време од сега, е крајно време. Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствијата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета. Пасивниот однос кон овие проблеми е еднаков на неделување и подржување на сопственото уништување (јас не загадувам, мојата совест е чиста). Односот со еко – етиката е личен однос, не е нешто, што некој друг може да го направи за тебе. За да ја надминеме сегашната состојба мора да направиме неколку промени на глобално ниво - да се надмине сегашниот економски систем. Тоа вклучува:
- надминување на статутарно – потрошувачката култура;
- нивелирање на вредноста суровина / приозвод;
- надминување на економијата на потрошни приозводи / ресурси и на нејзино место воведување на економија на обновливи производи / ресурси.
Прогресивната замена на производството и изворите на енергија и ресурси е она, кон што човештвото мора да се стреми! „Алтернативата“ на ова е да се потрошат резервите на ресурси, нафта, земен гас и јаглен. Со ова темпо на развој, ресурсите ќе ги потрошиме во наредните 50 до 100 години, нафтата и гасот за околу 50 години, додека јаглен имаме за наредните 250 години. Проценката за издржливост на ефектите од глобалното затоплување, со ваков вид на економија е 80 години додека не се уништи целиот жив свет. Ова мора да се промени. Мора да се воведе нова, еколошка економија.
Најновите истражувања во економијата укажуваат дури и на позитивни економски трендови при практикување на оваа нова економија. Ова е базирано врз испитување на берзата, каде, моментално (во последните пет години) акциите на еко – пријателските (зелените) бизниси и компании (производители и индустрии) бележат пораст, додека акциите на компаниите, опасни по животната средина, опаѓаат. Овој тренд на берзата се предвидува и во иднина, такашто самиот профит налага промени.
Услови за остварување на стабилна еко – економија:
1. Замена на горивата за енергетиката (јаглен, дрво, нафтени деривати) со алтернативни еко – извори: хидроенергија (искористување на речниот потенцијал и моќта на плимата и осеката), силата на ветрот, соларната енергија, но и изнаоѓање на посигурна нуклеарна енергија (моќта на контролираната фузија, која нуди релативно бесконечен извор на енергија).
2. Доколку се задоволи првиот услов т.е. измената биде постигната, тогаш замената на моторите со внатрешно согорување на фосилни горива (нафтени деривати и гас) со мотори на електрична енергија е оправдано. Оваа замена веќе почна да се практикува. Се појавија мотори кои целосно работат на електрична енергија, и хибридни мотори, кои ги користат и двата вида на енергија. Производството на вакви мотори (екомотори) е веќе во растечки тренд, заради растечката еко – економија, такашто, во блиска иднина се очекува тие да ги заменат своите претходници. Еко – економијата ја стимулираше и појавата на мотори на биогас. Биогасот се добива со рециклирање на органскиот отпадок или рециклирање на пластичната маса.
3. Во производството и индустријата, замена на потрошните продукти со рециклирани продукти. На овој начин се регулираат депониите со отпад и за 50% се намалува потребата од нови ресурси. На тој начин може да се постигне нивелирање на односот на цена на суровина / производ. Ова ќе доведе до стабилизирање и подобрување на економиите на земјите од „третиот свет“, каде што производството на суровини е главна економска гранка. Стабилизирањето на економијата оди во прилог и на стабилизирање на наталитетот. Тоа пак, би ја стабилизирало потребата од прехранбени продукти и освојување на нови пространства за нивно производство, на тој начин заштитувајќи го преостанатиот жив свет од уништување.
Овој вид на економија го стабилизира и нормализира ефектот на „стаклена градина“ (преку намалување на емисијата на „стакленички“ гасови), кој во нормални услови е позитивен. Со тоа се надминува ризикот од глобалното затоплување (топење на половите, непредвидливи невремиња, катастрофални поплави, вечна суша, вечно растечки пустини, глобална криза за свежа вода и храна, милиони човечки животи во опасност и катастрофално уништување на живиот свет). Таа е единственито хуман начин за регулирање на пренаселеноста. Стабилната економија значи задоволување на основните животни потреби, добро образование, регулирање на цената и потребата од работна рака, зголемување на стандардот на живеење, следствено, се јавува потреба од духовна надградба, надминување на меѓучовечките разлики, позитивна политика во државите и меѓу нив, а со тоа и надминување на конфликтите. Сето ова води кон политика на глобален развој, почитување меѓу луѓето и почитување на природата – враќање во состојба на природна рамнотежа. Едно позитивно рециклирање на цивилизацијата.
Грижата за заштита на животната средина се наметна и преку делувањето на меѓународните институции и организации и преку одржувањето на поголем број на светски конференции преку УНЕСКО -во Париз во 1968 година, Стокхолм 1972 година, Хелсинки 1977 година, Најроби и Рио де Жанеиро во 1992 итн. Обединетите нации преку усвојувањето на поголем број на декларации и рамковни конвенции и Протоколи (1992 година – Рамковната Конвенција за климатски промени и Кјото Протоколот од 1997 година) дадоа силен придонес во лоцирањето на проблемите и давање на насоки за нивно надминување. Европската унија, грижата околу заштитата на човековата околина ја започна во 1990 година. Во 2000та беше донесена Програмата за климатските промени, а Кјото Протоколот од сите тогашни 15 членки беше ратификуван во 2002 година. Според резултатите од мониторингот и проекциите се предвидува да се исполни барањето за намалување на нивото на емисија на стакленички гасови во Европа во периодот 2008 - 2012 година за 8% во однос на емисијата во 1990 година. Со акциите на светските организации, исто така, успеа да се намали и сечењето на дождовните шуми во периодот од 2005 – 2006 г. за 41%. Со акцијата за неупотреба на гасовите штетни за озонот, успеа да се стабилизира Озонскиот слој. Овој тренд мора да го следи и остатокот од човештвото. Одговорноста за Планетата и животот е должност на сите.
Одговорноста е лична! Екологијата е политика, екологијата е економија, но екологијата пред се е етика и етички начин на живеење!
Користена литература:
ЕТИКА – автор – Кирил Темков,
Дневни весници што излегувале во текот на 2008 год.

Програма за воннаставни активности во учебната 2012/2013 година
наставник – Аида Петровска
клуб "Млади истражувачи"ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар – Скопје

- Проект – ГЛОБЕ - Секојдневно мерење на температурата на воздухот (минимална, максимална, моментална), влажноста на воздухот, облачност, температура на почва, врнежи и внесување на податоци. Квартални анализи на измерените вредности и подготовки за натпревар од областа на метеорологија и екологија. ІX 2012 - VІ 2013
- ЕНО ден за садење дрвја, Ден на мирот, Кампања против климатските промени - Бирање локации за садење дрвја, изготвување говор за настанот, садење и негување на засадените садници. 21 ІX 2012
- Учество на сите државни и меѓнародни конкрси на разни теми (фотографија, видео записи, есеи, проекти, постери на зададени теми) - фотогафирање, изготвување планови за проекти, пишување сценарија, изработување на постери – континуирано ( IX 2012– VI 2013)
- Македонски ден на дрвото – садење дрвја на локации одредени од државата, уредување и садење на саксиски растенија по училишните коридори - XІ 2012/ III 2013
- Ден на водите – изготвување постери и организирање на работилници на тема ВОДА И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ - 22. ІІІ 2013
- Ден на планетата Земја - Обработка на фотографии, уредување текст, изработка на маски, слики, постери, публикации, презентации, работа во Photoshop, Power Point, Publisher, Movie Maker, учество на свеченоста организирана од Општина Центар - 22. ІV 2013
- Училишен натпревар по физика и хемија – селекција на најдобрите ученици и формирање училишни тимови за регионален натпревар и за олимпијада - ІІІ 2013
- Регионален натпревар по физика и олимпијада по хемија - Решавање задачи, изработка на машини,експериментирање - ІV 2013
- Градски натпревар Народна техника – интересни ексерименти од разни облсти (физика, хемија, метеорологија, екологија, конструкторство) - ІV 2013
- Државен натпревар – физика, ако се пласираме на регионалниот - V 2013
- Државен натпревар на Ученички клубови – интересно и поучно – еко лабораторија - V 2013
- ЕНО – Ден за садење дрвја – садење дрвја во училишниот двор со мала свеченост – 22 V 2013
- Сите акции и кампањи што ќе ги организира нашата Општина, градот Скопје и државата Македонија
- - Во клубот ќе членуваат сите ученици заинтересирани за природните науки, без разлика дали се талентирани или имаат потреба од помош за оваа област;
- Во програмата се наведени најзначајни проекти, манифестации, натпревари за кои ќе се подготвуваме во текот на целата година;
- Ќе водиме клубски дневник и дури по завршувањето на учебната година ќе знаеме колку часови ни биле потребни да го реализираме планираното (≈ 50).
21.11.2012 - Ден на дрвото - засади ја својата иднина
Под мотото „Спортски е да се сади“ се одржа десеттата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Предвидено е да се засадат 2 милиони садници на површина од 803 хектари. Учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ се приклучија кон акцијата. Тие заедно со своите наставници организирано засадија садници на Мршевскиот рид и во својот училишен двор. Целта на акцијата беше да бидат вклучени учениците во активностите за засадување нови садници, како и развивање љубов кон природата и шумите, преку организирани акции за засадување и пошумување. ОУ „Димитар Миладинов“ со сите свои ученици, секоја година традиционално учествуваа во акциите за засадување на нови садници во училишниот двор и на локациите за пошумување. Овој процес придонесува за збогатување на животната средина со нови, раскошно цветни круни кои ќе го зајакнат хортикултурниот изглед на нашиот двор. Засадувајќи нови заштитници на белите дробови ја негуваме нашата природа и воедно вложуваме во создавање поздраво место за секоја индивидуа под Сонцето. Филип Поповски

ЕКОЛОШКИ АКТИВНОСТИ 2013/2014
20 септември 2013
Нашето училиште, ООУ “Димитар Миладинов”, Општина Центар - Скопје, веќе шест годони Денот на мирот го одбележува со садење дрвја.

27.11.2013 - Ден на дрвото – засади ја својата иднина
Project - One hour work or tree planting for community, honouring Nelson Mandela (26.12.2013)
21.март 2014 - Македонија земја на цвеќето – земја на розите
04.05.2014 - ДРВЈА НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО - Збратимување на ООУ "Димитар Миладинов" - Македонија со ОУ "Султантепе" - Турција
22 May 2014 - ENO Tree Planting Day
Петнаесетти пат, во исти ден и во исто време, заедно со 150 земји од светот садиме дрвја.