Поучни приказниЕднаш една голема група на млади „поучни приказни“ се собрала за да разговараат, исто како што тоа го прават луѓето. Сите ја раскажувале сопствената приказна, а останатите сестри слушале и уживале во мудроста на нивната сестра. Само една од нив седела тивко во ќошот и тажно се насмевнувала. Сите приказни раскажале за себе, само таа не изговорила ниту еден збор. Една од нејзините сестри зачудено ја прашала:
„Зошто така молчиш и не раскажуваш за себе? Не ти се допадна она што го слушаше од нас?“
Тажната приказна одговорила: „Може ли прво нешто да ве прашам, мудри мои сестри?“
„Се разбира! Прашај!“, одговориле приказните.
„Еве луѓето ве слушале. Што кажале потоа?“, прашала тажната приказна.
„Не пофалија. Се радуваа. Им беше мило. Се насмевнаа. Рекоа дека сме во право…“, одговорила по нешто секоја од приказните.
Приказните долго ги опишувале реакциите на луѓето, а кога завршиле тажната приказна повторно ги прашала: „Добро е што биле среќни. Добро е што ја сфатиле и ценеле вашата мудрост и вистината. Но дали го смениле начинот на кој се однесуваат? Или останале исти какви што биле?“
Останатите „поучни приказни“ возвратиле со молчење.
„Затоа јас сум тажна приказна, сестри мои.“
1. ВРЕДНА МРАВКА
Си живеела еднаш една среќна и вредна мравка која секој ден доаѓала рано наутро, прва на работа. Цел ден работела вредно, била весела ведра и додека работела си потпевнувала весели песнички. Таа била среќна додека работела и нејзините резултати биле одлични. Но, работела без насоки, затоа што немала шеф. Затоа господинот стршлен, директорот на фирмата, одлучил дека таквата ситуација не може да потрае и ја вработил буба марата, која имала големо искуство во управувањето.
Првата грижа на буба марата била да организира следење на доаѓањето и заминувањето од работа на мравката. За таа цел вовела систем за евиденција на доаѓање и напуштање на работното место. Поради зголемениот обем на работа околу документацијата вработиле и секретарка која што подготвувала документи и извештаи.
Пајакот, кој бил поставен на таа функција, веднаш воспоставил систем на архивирање и станал одговорен и за преземање на телефонските повици.
Во меѓувреме среќната мравка само си работела и си работела..... Директорот стршлен бил воодушевен од извештаите што ги добивал од буба марата и наскоро посакал споредбени студии со графикони и анализи на трендовите на развој.
Поради зголемениот обем на работа неопходно било да вработат и крт кој директно би му помагал на директорот, па затоа веднаш му купиле нов компјутер и печатач.
Набргу среќната мравка почнала да се жали на таа административна војска со која морала да се бори. Директорот увидел дека е потребно веднаш да се реагира.
Креирал ново работно место, шеф на службата, кој директно би ја надгледувал среќната и вредна мравка. На новото работно место го вработил штурецот кој веднаш по доаѓањето го сменил целокупниот мебел во канцеларијата и си набавил соодветно обликувана столица и нов компјутер со ЛЦД екран.
Бидејќи пораснал бројот на компјутери, морало да се купи и да се инсталира мрежен сервер.
Новиот шеф на службата сфатил дека итно му е потребен помошник (кој му бил помошник и во претходната фирма) за подготвување на стратешки нацрт за управување и пресметки во фирмата.
Во позадината на целата приказна мравката била сè помалку среќна и сè помалку продуктивна.
Шефот, штурецот со воодушевување заклучил дека треба да се изготви студија за социјалното расположение и задоволството на вработените во фирмата.
Кога директорот, стршлен ги погледнал бројките, сфатил дека фирмата во која работела среќната и вредна мравка, повеќе не е рентабилна како порано и длабоко се замислил.
Изнајмил елитен советник, господинот буф, кој требало да направи детална ревизија на фирмата и да предложи решение за подобрување на рентабилноста, за фирмата да работи рентабилно како порано.
Господинот буф по тримесечно детално анализирање на односите во фирмата, на директорот му го предал следниот извештај: „Во фирмата има премногу вработени!“.
Директорот стршлен ја прифатил стручната анализа и веднаш ја отпуштил мравката.
Поука
Никогаш немојте да бидете среќна и вредна мравка. Многу повеќе се исплатува да се биде неспособен и ништо да не се работи. Неспособните немаат потреба од сопствен надзорник.
Ако покрај сè сте продуктивни, немојте да покажете дека сте весели додека работите, бидејќи за тоа нема оправдување.
Ако сепак сакате да сте вредна мравка, отворете сопствена фирма и така нема да морате да работите за стршленот, бубамарата, пајакот, кртот, штурецот и бувот.
За жал, целата приказна се темели на научни истражувања кои велат дека повеќето луѓе сепак тежнеат кон паразитски живот.
2. ШТУРЕЦОТ И МРАВКАТА - МОДЕРНА ВЕРЗИЈА
Било пролет и мравката си работела во нивата. Поминал штурецот со џип и со две згодни риби.- Мравко, ај со нас ќе одиме на планина да се журкаме.- Не можам, ќе дојде зимата ќе мора нешто да јадам.Дошла есен и мравката пак си била во нивата. Пак поминал штурецот со џип и со две други згодни риби.- Мравко, ај со нас ќе одиме некаде на топло да се бањаме, ќе се зезаме, женски, пиво, журки...- Не можам, еве работам, еве ја зимата, ќе мора нешто да се јаде.Дошло зима, мравката си седела во својот топол дом, си грицкала семки и гледала телевизија. Кога на вратата тропнал штурецот во скијачко одело и со две други риби.- Мравко, ај со нас на скијање.- А бе не можам... одете вие... ама ако го сретнете оној писателот Лафонтен, кажете му дека ќе му .... ....., каже те му дека никогаш нема да му простам.
ПОУКА: За премногу работа награда можете да добиете само во басните на Ла Фонтен.
3. 50 ЕВРА
Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој запрашал: „ Кој ја сака оваа банкнота? “ Сите раце се подигнале. Продолжил. „ Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.“Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. „ Дали се уште ја сакате? “ Сите раце и понатаму биле кренати.
Продолжил. „ А, ако и направам вака? “ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се уште? “ Рацете уште биле кренати. „ Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.“„Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал. “ Тоа се факти од секојдневниот живот. „ Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо. “
Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста. Дали си бил валкан или чист, згужван или испеглан, ти и понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според ОНА ШТО СМЕ.
4. РИЗИК
Во плодната почва биле засадени две семиња едно до друго.Првото семе рекло:
- Сакам да растам! Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор. Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта. Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња. И така тоа пораснало.Другото семе рекло:
- Се плашам. Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот. Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата. Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде? А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно. И така почекало да види што ќе се случи.Но случајно една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла семенцето, кое чекало да види што ќе се случи, но за жал бргу било проголтано од кокошката.
ПОУКА: ОНИЕ ОД НАС КОИ НЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ ДА РИЗИКУВААТ И ДА РАСТАТ ВО ЖИВОТОТ И ЧЕКААТ ШТО ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ ИСТИОТ, СЕ ПРОГОЛТАНИ ОД ЖИВОТОТ!Затоа ризикувајте, истражувајте, и почуствувајте ја топлината и радоста на животот.
5. ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА
Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно.
Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал:
„Колку ви должам?“
„Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“
Тој кажал:
„Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“
Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа.
Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание.
После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот. Почнала да ги чита следниве зборови:
Исплатено во целост со една чаша млеко.
6. ЗОШТО ЛУЃЕТО ВИКААТ
Хиндуистички учител наишол на семејство чии членови луто викале еден на друг. Се насмевнал и ги запрашал своите ученици: „Дали знаете зошто луѓето викаат еден на друг, кога се лути?“
Учениците размислувале некое време. Еден од нив одговорил:
„Викаме затоа што го губиме својот мир.“
„Но, зошто мора да викаме кога другиот е покрај нас?!“ – прашал учителот.
Учениците дале уште неколку одговори, но учителот не бил задоволен од ниеден одговор.
Конечно се решил да им објасни: „Кога луѓето се лутат, нивните срца се оддалечуваат. За да ја покријат таа оддалеченост мора да викаат за да се слушнат. Колку се по лути, толку погласно викаат.“
„Кога луѓето се сакаат, не викаат еден на друг туку зборуваат нежно затоа што нивните срца се блиску. Разликата меѓу нив не постои или е многу мала...“
Хиндуистичкиот учител продолжил:
„Кога се сакаат уште повеќе, знаете ли што се случува? Шепотат, и се зближуваат меѓусебно се повеќе. На крајот веќе нема потреба ниту да шепотат, само се гледаат.“
„Затоа, кога се расправате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат. Не кажувајте работи кои ќе ве оддалечат, зашто ќе дојде денот кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што нема можете да го најдете патот назад.
7. МУДРИОТ ПЕС
Еден стар овчарски пес бркал зајаци низ шумата, кога во еден момент забeлежал дека е предлабоко во шумата и се има изгубено. Се нашол покрај еден куп коски, кога слушнал чекори на диво животно. Леопард кој полека му се приближувал.
Што ќе правам сега – помислил во себе ... и тогаш бргу дофатил една од коските кои биле покрај него и момент пред да го види леопардот, рекол на глас:- Баш е вкусен овој леопард, кога би можел да најдам уште еден.Откако го слушнал ова леопардот, се повлекол и преплашен избегал во шумата.Меѓутоа, сето тоа го гледал еден мајмун седејќи на една гранка и решил да го издаде стариот пес на леопардот. Скокајки од дрво на дрво побрзал кај леопардот да му ја соопшти измамата.Гледајќи како брза мајмунот, стариот пес се посомневал во неговите намери и решил да го следи. Видел како му објаснува на леопардот во што е финтата, а леопардот почнал да испушта лути звуци поради начинот на кој бил насамарен ... и секако тргнал во одмазда.Стариот пес, сфаќајќи дека леопардот повторно тргнува кон него, само се свртел и мирно го следел секој чекор на леопардот.Кога му се доближил доволно за да може да го слушне, стариот пес, свртен со грб кон леопардот рекол на глас: - Аман каде е оној мајмун до сега, уште пред еден час го пратив да ми донесе леопард и уште го нема...
Прва поука: Не се задевај со стар пес, знаењето и мудроста се стекнуваат низ годините.
Втора поука: Што и да направите, секогаш ќе се најде некој мајмун во околината кој ќе биде сведок на тоа.
8. ДОБРИ ЛУЃЕ
Двајца мажи, многу болни заедно лежеле во болница.
Едниот од нив секој ден имал можност да седи во својот кревет поради вадење вода од неговата плуќа. Неговиот кревет бил покрај прозорец.
Другиот маж морал постојано да лежи на грб.
Брзо се запознале и разговарале по цели денови. Разговарале за својата фамилија, своите домови, работата, каде биле во војска, и каде на одмор. Секој ден, мажот кој седел покрај прозорецот, му ги опишувал на другиот маж работите што ги гледа надвор.
Мажот на другиот кревет почнал да живее за моментите кога неговиот пријател седел и раскажувал за случувањата и боите на надворешниот свет. Низ прозорецот се гледал парк покрај езеро со лебеди.
Гуски и лебеди си играле во водата, а малите деца ги спуштиле своите чамци во вода.
Млади парови во прегратка се шетале со цвеќе од сите бои. Големо, старо и јако дрво го разубавувало пејсажот, а во далечина се гледал светлиот град.
Кога мажот покрај прозорецот детално објаснувал, неговиот пријател на другиот кревет ги затварал очите и ги замислувал сите тие живописни сцени.
Еден ден човекот покрај прозорецот ја опишувал парадата, која се движела покрај езерото. Без оглед што неговиот пријател не ја слушнал музиката, тој ја видел во своите мисли. Така минувале денови и недели.
Едно утро медицинската сестра донела вода за миење на прозорецот , пронаоѓајќи го мртвото тело на човекот, кој мирно починал кога спиел. Растревожена повикала медицински персонал за да го пренесат телото во мртовечница.
Веднаш по тоа, другиот човек замолил да го преместат покрај прозорецот. Сестрата со задоволство му ја исполнила желбата, се погрижила да се смести удобно, па го оставила сам.
Со голем напор полека се подигнал на лакти, за прв пат да го види надворешниот свет.
Конечно имал прилика сам да ужива во убавините на надворешниот свет. Погледнал низ прозорецот и видел празен ѕид.
Човекот ја прашал сестрата зошто покојниот пријател толку убаво ги опишувал работите во надворешниот свет. Сестрата му одговорила дека бил слеп и не можел да го види ѕидот пред прозорецот. Рекла: „А можеби сакал да ве усреќи Вас?“
9. СТРАНЕЦ
Неколку години откако јас дојдов на овој свет, татко ми се запозна со еден странец кој штотуку беше дошол во нашиот град. Отсекогаш беше љубезен со .... сите па многу брзо го покани странецот да живее кај нас со нашето семејство. За многу кратко време го прифативме и од тогаш тој живее со нас.Додека растев ниту еднаш не се запрашав за неговата улога во нашето семејство. Во мојот детски ум тој имаше посебно место.Моите родители ме воспитуваа по сите основи: мајка ми ме научи да разликувам добро од зло, а татко ми ме учеше да бидам послушен.Но, странецот, имаше посебна улога. Тој можеше да нè држи со часови заедно со своите авантури, мистерии и комедии.Кога сакав да научам нешто за политиката, историјата или науката тој секогаш ги знаеше сите одговори за минатото, ја разбираше сегашноста и се чинеше дури и дека е во состојба да ја предвиди иднината.Го однесе моето семејство и на првиот значаен фудбалски натпревар. Знаеше да ме насмее и растажи.Странецот никогаш не престана да зборува, но тоа изгледа не му пречеше на татко ми.Понекогаш, мајка ми тивко стануваше и доаѓаше во кујната каде беше тивко и мирно, додека ние останатите се стишувавме едни со други за да чуеме што има тој да ни каже. Денес се прашувам дали таа некогаш потајно се молеше странецот да си замине од нашиот дом.Татко ми управуваше со нашиот дом со одредени морални норми, но странецот никогаш не чувствуваше обврска да се придржува до нив.Прости приказни не беа дозволени во нашата куќа. Ниту од нас, ниту од нашите пријатели и посетители. Од друга страна, нашиот долгогодишен посетител лесно се провлекуваше со пцовки кои ги параа моите уши и го тераа татко ми да побесни, а мајка ми да поцрвене.Татко ми не дозволуваше либерална употреба на алкохолот, но странецот секојдневно не поттикнуваше редовно да го пиеме.Тој правеше цигарите да изгледаат привлечно, пурите – џентлменски, а муштиклите – префинето.Слободно зборуваше за сексот, дури и премногу. Неговите коментари беа провокативни, понекогаш сугестивни и бесрамни.Денес знам дека моите сфаќања за љубовта во голема мера се формирани врз основа на приказните на странецот.Од ден на ден странецот ги негираше вредностите на моите родители, но сепак многу ретко го замолчуваа, и НИКОГАШ не го замолија да го напушти нашиот дом.Поминаа повеќе од 40 години откако странецот се досели во животот на моето семејство. Мошне брзо се вклопи, па денес ни од близу не изгледа така восхитувачки како на почетокот.Дури и денес, ако влезете во куќата на моите родители и понатаму ќе го пронајдете него – како седи во својот ќош, чека некој да го сослуша, да зборува со него додека му ги покажува своите слики.Како се викаше странецот?Ние просто го нарековме – Телевизор.Во меѓувреме доби и сопруга. Ја викаме Компјутер.Нивното прво дете го викаме Мобилен телефон.А, нивното второ дете – Фејсбук...
10. ЖИВОТ
Еден ден, некој човек со својот син се шетал во шумата. Одеднаш момчето застанало бидејќи било изморено и извикало: „Ахх...“Ненадејно се слушнал глас кој доаѓал од планината: „Ахх...“Момчето било обземено од љубопитноста па прашало: „Кој си ти?“ Ама, одговорот кој го добило, бил: „Кој си ти?“ Ова го налутило, па повторно извикало: „Кукавицо!“ Гласот одговорил: „Кукавицо!“ Момчето го погледнало својот татко и го прашало: „Тато, што се случува?“„Сине“, рекол таткото, „Внимавај подобро...“Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам! “Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“ Таткото повторно викнал: „Прекрасен си!“ Гласот рекол: „Прекрасен си!“ - момчето стоело изненадено, ама сè уште не сфатило што се случува. Таткото му објаснил: „Луѓето ова го нарекуваат ехо”. Но, тоа всушност е живот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Животот е огледало на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, пружи повеќе љубов. Ако сакаш повеќе добрина, пружи повеќе добрина. Ако сакаш разбирање и почитување, тогаш имај разбирање и почит.Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела!“
11. МОРКОВ, ЈАЈЦЕ ИЛИ ЗРНО КАФЕ
Една млада жена отишла кај мајка си, за да и раскаже за својот живот, како работите станале премногу тешки за неа. Таа не знаела како да се справи и сакала да се предаде. Била изморена од постојаната борба. И изгледало дека само што ќе реши еден проблем, на неговото место се појавувал друг. Мајка и ја однела до кујната. Наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на ...шпоретот. Наскоро водата во нив зоврела. Во првото тенџере ставила моркови, во второто јајца, аво третото зрна кафе. Седеле и гледале како продуктите се варат, без да проговорат ниту збор. По 20 минути го исклучиле шпоретот. Мајката ги извадила морковите, јајцата и зрната каде од тенџерињата и ги ставила во чинија. Се завртила кон својата ќерка и и' рекла: “Кажи ми што гледаш” “Моркови, јајца и кафе” – одговорила ќерката. Мајката и дала знак да се приближи до чинијата со морковите. Девојката забележата дека се меки и примиле многу вода. Потоа се доближала до јајцата. Откако допрела едно, забележала дека е тврдо варено. Конечно мајката побарала ќерката да се напие од кафето. Ќерката се насмевнала откако го вкусила богатиот мирис. Потоа прашала: “Што имаш на ум со сето ова мамо?” Мајката објаснила дека секој од производите се судрил со истото – врела вода. Но сепак секој реагирал на различен начин. Морковите растат силни, здрави и бескомптомисни. Но откако ќе ги ставиме во врела вода – омекнуваат. Јајцата се многу нежни и кршливи. Танката лушпа ја заштитува течноста внатре, но откако ќе ги ставиме во врела вода, внатре стануваат цврсти. А зрното кафе е уникатно – тоа ја промени врелата вода. “Ти што си? Морков, јајце или зрно кафе?” – прашала мајката. Помислете и Вие што претставувате. Морков ли сте, кој изгледа здрав, но болката и неволјите го истоштуваат, а тој омекнува и ја губи својата сила? Или пак јајце, кое се раѓа со меко срце, но се менува со топлината. Дали духот Ви е во форма на течност, што по искусениот тежок момент ќе стане тврд. Лушпата ќе остане иста, но внатре ќе има тврд дух и неуништливо срце! Или сте зрно кафе? Тоа всушност ја менува врелата вода, онаа која ја носи болката. Кога водата ќе стане врела тоа ја ослободува својата арома. Ако си како зрно кафе, кога работите се најлоши, ќе се промениш себе и нештата околу тебе.
12. ЛОШИ НАВИКИ
Еден богат човек побарал од стариот учител да му помогне да го одвикне синот од лошите навики. Учителот го повел со себе момчето на прошетка низ градината.Застанале на едно место и побарал од момчето да откине една млада билка која растела недалеку од местото на кое стоел.Тој ја фатил билката со палецот и показалецот и ја откорнал. Учителот потоа побарал да откорне една малку поголема билка. Момчето повлекло малку посилно и успеал да ја откорне и оваа тревка.„А сега, откорни ја оваа“ – му рекол учителот, покажувајќи на една грмушка. Момчето морало да ја употреби сета своја сила за да ја откорне, но и тоа му тргнало од рака. „А сега, пробај оваа“ – рекол старецот, покажувајќи на едно дрво. Момчето го фатило стеблото со рацете и почнал да го влече од земјата. Но, стеблото ни да мрдне. „Па, ова е невозможно“ – му одговорило момчето задишано.„Истото важи и за лошите навики“, му рекол стариот учител. „Кога сте млади, лесно е да се ослободите од нив, но кога ќе се развијат – тешко е да ги искорените!“
13. МАМА
Си беше едно дете кое се припремаше да дојде на свет. Еден ден тоа го запраша Бога: ,, Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку ситен и немоќен, како ќе живеам таму? ´´Бог му одговори: ,, Од сите ангели ти избрав еден само за тебе. Тој ќе те чека и чува. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што ќе ја почувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен´´,, Добро, а како ќе ги разберам кога нешто ќе ми кажат кога не го знам нивниот јазик?`` запраша детето.,, Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови кои ќе можеш да ги чуеш во светот и така што внимателно и со љубов ќе те научи да зборуваш´´,,Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе,кој ќе ме штити од нив?´´загрижено продолжи детето.Бог се насмевна и рече: ,, Твојот ангел ќе те штити за било што, па макар и по цена на неговиот живот.´´Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: ,, Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам.´´На тоа Бог му одговори: ,, Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене.´´Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до него. Детето сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: ,, Господе кога веќе морам да одам, кажи ми како се вика мојот ангел? ´´Господ му одговори со голема насмевка: ,, Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА ´´
14. ЖАБИ
Си била една група на жаби кои сакале да се натпреваруваат. Сакале да се искачат на висока кула, па се насобрале доста гледачи да им дадат подршка... Натпреварот започнал... арно ама... никој од присутните не верувал дека некоја жаба ќе се искаче на врвот од кулата. Цело време климале со главата и зборувале: "Леле тоа е многу напорно, никогаш нема да успеат!" или "Ма нема да успеат кулата е многу висока!" Жабите почнале да заостануваат ...... освен една, која брзо лазела, се качувала се повисоко и повисоко... гледачите повторно почнале да викат: "Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искаче!" Една по една жабите се откажувале се завртувале и се враќале назад... освен една која упорно одела напред... и воопшто не сакала да се предаде!На крај упорната жаба, со најголеми амбиции се искачила на врвот од кулата! Останатите жаби како и гледачите сакале да дознаат како успеала баш таа да го стори тоа што другите не можеле да го направат - да се искачат на кулата. Еден од гледачите се приближил до жабата за да ја праша како успеала да се искаче на врвот и што ја мотивирало за да успее. Тогаш се дознало дека всушност жабата - победник е глува!
НАРАВОУЧЕНИЕ: Никогаш немој да ги слушаш оние луѓе кои се негативни и песимисти!
15. КАФЕ СО ПРИЈАТЕЛ
Професор стоел пред студентите на час по филозофија со неколку предмети пред себе. Кога часот почнал, зел тегла од кисели краставички, ја ставил на катедрата, ја наполнал со топчиња за тенис, ја подигнал високо и ги прашал студентите дали е полна. Сите се сложиле дека е полна. Потоа професорот ја зел кутијата полна со камчиња, ја истурил врз тениските топчиња во теглата, ја протресол, ја подигнал високо и повторно ги прашал дали сега теглата е полна. Повторно студентите се согласиле дека е полна. Следната кутија која ја зел професорот, била кутијата полна со песок. Кога ја истурил во теглата, песокот нормално ги исполнил сите празнини во теглата меѓу топчињата од тенис и камчињата. Уште еднаш прашал дали е сега полна теглата. Студентите, веќе зачудени, пак одговориле дека сега е сосема полна. Во тој момент, професорот од под катедрата извадил два филџани полни со веќе сварено кафе, ги турил во теглата и кафето го натопило песокот. Студентите тогаш почнале да се потсмевнуваат збунето. „- Ќе ни објаснете ли сега професоре повеќе за теглата од кисели краставички?- прашал некој студент.„ „ -Секако-одговорил професорот. Оваа тегла почитувани колеги, претставува вашиот живот. Тениските топчиња, се големите и најбитни нешта во вашиот живот – вашата фамилија, вашите деца, вашето здравје, вашата верба и сите крупни нешта на кои им се предавате со најголема страст во животот. Тоа се оние нешта со кои и кога се друго би исчезнало, вашиот живот би бил исполнет. Камчињата , тоа се останатите нешта кои ви се важни во животот – вашата работа, успехот, кариерата, куќата, станот, автомобилите... Песокот, претставуваат сите мали нешта во вашиот живот, нештата кои ве опкружуваат во секојдневието и кои го надополнуваат вашиот живот. Редоследот на полнење на теглата не е случаен – со насмевка одговорил професорот. Ако на пример најпрво ја наполнев теглата со песок... немаше да има место во неа за камчињата и тениските топчиња. Истото важи и во животот. Ако го трошите целото свое време на мали нешта, нема да имате место за оние покрупните и поважните. Водете сметка за крупните нешта во вашиот живот кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со вашите деца, најдете време за да одите на лекар, изведете го партнерот на вечера или избегајте заедно на викенд некаде – секогаш ќе најдете време да се исчисти куќата, да се поправат дефектите дома, да се испеглаат алиштата или измијат садовите. Прво погрижете се за тениските топчиња, после за камчињата, а за песокот секогаш ќе има време.„ Завршил професорот со објаснувањето и седнал на столот задоволен гледајќи ги збунетите лица на студентите. Нешто не им било јасно. Станала една девојка и прашала: „- Професоре, а што претставуваат двата филџани со кафе?„ Благо се насмевнал професорот и рекол: „- Мило ми е што прашавте колешке. Кафето го турив на крај, за да ви покажам дека БЕЗ ОГЛЕД КОЛКУ И ДА МИСЛИТЕ ДЕКА ЖИВОТОТ ВИ Е ИСПОЛНЕТ, СЕКОГАШ ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА КАФЕ-МУАБЕТ СО ПРИЈАТЕ.
16. ОД ЛОШО ПОЛОШО
Некогаш одамна, тргнале луѓе на крстарење со брод. Патувале така извесно време, кога на отворено море ги зафатила силна бура. Огромните брановите си поигрувале со бродот како со лушпа од орев. Патниците биле крајно вознемирени, а помошникот на капетанот со сите сили се трудел да ги смири. Во целата таа напната ситуација, најмногу се трудел околу еден патник, човек во своите најдобри години, кого не само што бил вознемирен, туку го фатила паника и хистерија. Вриштел на цел глас, кукал над својата судбина, плачел, се тресел од страв и трчал по бродот како без глава. Со своето однесување уште повеќе ги вознемирил останатите патници и помошникот на крај незнаејќи што повеќе да прави со него, отишол кај капетанот и му ја објаснал целата ситуација. Капетанот смирено му рекол дека сам ќе ја среди ситуацијата. Отишол кај морнарите, им наредил да му облечат сигурносен елек и им рекол: -Фрлете го в море! Неколку секунди морнарите го гледале уплашено, но го послушале , му облекле елек и го фрлиле в море. Се случило уште полошо. Очајно мафтајќи со рацете патникот уште повеќе почнал да урла на цел глас барајќи помош. Капетанот повторно издал наредба: -Извлечете го на палуба! Морнарите го извлекле избезумениот патник, и на големо чудење на сите патници...овој конечно смирен, се стуткал во еден ќош занемен без да испушти и глас. Помошникот збунет, го прашал капетанот како знаел дека патникот ќе се смири на тој начин, а капетанот му одговорил: ЧОВЕКОТ Е НАЈГЛУПАВОТО НЕШТО ОД СИТЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА...НИКОГАШ НЕ ЗНАЕ КОЛКУ Е СРЕЌЕН СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ВО ПОЛОША СИТУАЦИЈА!
17. СЕДУМ СВЕТСКИ ЧУДА
Седум Светски Чуда Во едно основно училиште на децата од 3-то одд. им била зададена задача , од понудени одговори да означат седум светски чуда. По некое време се појавила оваа листа: 1. Египетските пирамиди, 2. Таџ Махал, 3. Гранд Кањон, 4. Панамскиот канал, 5. Емпаер Стејт Билдинг, 6. Базилика Св. Петар во Ватикан, 7. Кинески ѕид. Учителката собирајќи ги задачите приметила дека едно девојче сеуште размислува, и го прашала да не има проблем да ја состави листата. Девојчето одговорило: - Да, неможам да се одлучам во потполност. Има толку многу чуда. Учителката ја охрабрувала со зборовите: - Па добро кажи ни го барем тоа што досега го имаш напишано. Можеби ќе можеме да ти помогнеме. Девојчето се двоумело малку на почетокот, но сепак на крајот проговорила: - За мене ова се седумте светски чуда: 1. Да видиш, 2. Да чуеш, 3. Да допреш, 4. Да помирисаш, 5. Да осетош, 6. Да се смееш, 7. Да љубиш. Во училницата завладеал молк...... Сите секојдневни нешта кои се подразбираат, а кои ние не ги остваруваме се навистина чуда. Најдрагоцени нешта во животот се всушност оние кои неможат ни да се купат, изградат, ниту продадат..
18. ВОЛЦИ
"Во секој човек се води битка, како борба меѓу два волци, во секој од нас. Еден волк го преставува злото:тој е бес, завист, љубомора, жалење, лакомост, дрскост, самосожалување, вина, гревот, гневот, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам. Другиот волк го претставува доброто: е она што дава задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, добрина, добронамерност, љубезност, дарежливост, вистина, милост и вера. Малиот индијанец се замисли за миг. Сите свои мисли вредно ги насочи во длабочината на дедовите зборови, и го праша: - Кој волк победува на крајот? Стариот Chiroki одговори со насмевка на своето старо лице: - Победува секогаш оној што го храниш.
Индијанска легенда
19. МАЈКА
Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев... беше срамота за мене. Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас. Еден ден додека уште бев во тоа основно школо, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав и упатив поглед полн со омраза и побегнав. Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Блјак твојата мајка има само едно око! Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема... Кога повторно ја видов станав и и реков: - Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш. Мајка ми ништо не ми одговори.. Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините осеќаи.. Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа. Во касниот живот учев многу и тешко.Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам... Бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свој деца.Бев среќен со својот живот,со своите деца иако живеев во друга земја. Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети...Ме немаше многу години видено,а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета. Се дерев: - Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам! Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина... После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан сум на матурска. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од радозналост свратив до стариот дом. Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Нитu една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа...
„Мил мој сине мислав на тебе цело време. Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде. Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам. Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет. Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око. Како мајка неможев да поднесам да растеш со едно око. Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно.Тогаш јас ти го дадов моето.. Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око..
Со љубов,
Секогаш за тебе Твојата мајка.
Заклучок - Сакајте ги вашите мајки! Тие се најголемото богатство!!
20. СИРОМАШТИЈА(Вистинско богатство)
Еднаш еден добро ситуиран човек отпатувал со својот син во некое село. Причината поради која човекот решил да го одведе синот на село, е синот да види што значи сиромаштија и како некои луѓе се мачат за корка леб. Така двајцата стигнале во селото и посетиле едно семејство кое живеело во една мала куќа. Домаќините биле љубезни и ги поканиле да ноќеваат во нивниот дом, па така гостите можеле повеќе да научат за животот на луѓето во селото и нивното секојдневие. Откако си заминале дома таткото го прашува синот: "Што мислиш за животот на село?" На тоа детето одговорило: "Мислам дека не беше лошо кај нив." Тогаш таткото повторно го праша: "Дали забележа колку се тие сиромашни и дека немаат ни дел од она што го имаш ти?" Синот на тоа одговил: "Да! И тоа го забележав." Таткото продолжил да го прашува синот: "Што научи додека престојувавме кај нив?" На ова детето одговорило: "Ова патување беше една голема лекција за мене. Ние имаме едно куче во дворот, а тие имаат четири. Исто така имаме и убава мермерна фонтана со убави мермерни украси, а тие имаат повеќе извори на вода со безброј цвеќиња како украс. Тие извори формираат една река која тече до недоглед. Ние имаме неколку вградени светла во нашиот двор, а тие имаат милиони ѕвезди. Нашата градина се простира до оградата што не дели од соседите, а тие имаат широки хоризонти." Откако доби одговор, таткото не можеше повеќе да прозбори, а синот му рече: "Многу ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни".
21. МАГАРЕ
Еден ден магарето на еден селанец паднало во бунарот во неговиот двор. Животното со часови тажно плачело, додека селанецот се обидувал да смисли што да стори. Конечно решил - бидејќи животното е старо, а бунарот и онака треба да се затруппа, не вреди да се спасува магарето. Ги повикал пријателите да дојдат да му помогнат. Сите зеле лопати и почнале да фрлаат шталско ѓубре во бунарот. На почетокот магарето тажно и разочарано плачело, а потоа веднаш се смирило...Не се слушало повеќе неговото тажно рикање. Со секоја лопата врлено шталско ѓубре, која ќе паднела на неговиот грб, тоа правело нешто неочекувано. Го тресел од грбот и се качувало по една скала погоре. Како продолжувале селанецот и соседите да фрлаат ѓубре на животното, тоа го тресело и се качувало нагоре. Наскоро, сите изненадено гледале во магарето кое се качило преку работ на бунарот и излегло.
Животот на тебе ќе фрла ѓубре и разни валканици. Трикот како да се излезе од бунарот е во тоа да го истресеш и да се качиш преку тоа една сакал повисоко. Секоја наша неволја е една скала. Можеме да излеземе и од најдлабокиот бунар, едноставно не откажувајќи се. Никогаш не се откажувајте!
22. СОВРШЕНО СРЦЕ
Едно момче имаше совршено срце. Немаше ниту една рана или лузна на него. Сите се сложуваа дека неговото срце е најубаво. Момчето беше среќно и со гордост го покажуваше своето преубаво срце. Одненадеш се појави еден старец и рече: - Зошто твоето срце не е толку убаво како моето? Срцето од старецот силно чукаше, но беше полно со лузни. На некои места имаше преместени делови, а на други места составени, но не одговараа комплетно. А имаше и места на кои недостасуваа цели парчиња. Луѓето го гледаа старецот со чудење - како може да помисли дека неговото срце е поубаво од на момчето? Момчето го погледна срцето од старецо и се насмевна: - Се шегуваш со мене. Спореди го своето срце со моето, моето е совршенол, а твоето преполно со лузни. - Гледаш, секоја лузна е личност на која сум и дарувал љубов- вадев по едно парче од срцето мое и и го подарував. Најчесто тие мене ми поклонуваа парче од своето срце, кое не баш совршено прилегаше на празното место во моето. А некогаш подарував парче срце, а не го добивав назад друго. Тука се создадоа големи празнини и вдлабнатини. Иако се отворените празнини болни, ме потсетуваат на љубовта која ја делевме. И за тие луѓе имам надеж дека еден ден ќе се вратат еден ден и ќе ја пополнат празнината. Момче. гледаш ли сега што е вистинска убавина? Момчето се подзамисли малку. Му пријде на старецот, посегна по своето младо и совршено срце и откина парче од него, па со растреперени раце му го даде на старецот. Старецот го прифати парчето од срцето на момчето, извади парче од своето и го смести во раната на срцето од момчето. Момчето го погледна своето, веќе не така совршено срце, но поубаво од било кога.
23. ДЕЦАТА УЧАТ ОД ОНА СО ШТО ЖИВЕАТ
Ако детето живее со критики, учи да осудува. Ако детето живее со насилство, учи да се тепа. Ако детето живее со страв, учи да биде загрижено. Ако детето живее со сожалување, учи да се сожалува. Ако детето живее со потсмев, учи да се срами. Ако детето живее со љубомора, учи што е завист. Ако детето живее со срам, учи да чувствува вина. Ако детето живее со охрабрување, учи самодоверба. Ако детето живее во толеранција, се учи на трпение. Ако детето живее со пофалби, учи да цени. Ако детето живее со прифаќање, се учи на љубов. Ако детето живее со одобрување, учи да се сака. Ако детето живее со признавање, учи дека е добро да имаш цел. Ако детето живее со споделување, учи за великодушност. Ако детето живее со чесност и праведност, учи дека постојат вистината и правдата. Ако детето живее со безбедноста, се учи на верата во себе и на оние околу себе. Ако детето живее со пријателство, учи дека светот е пријатно место за живеење. Ако живеете во мир, вашето дете ќе живее во мир. Со што живее вашето дете?
24. КОЗА ИЛИ КУЧЕ
Еднаш некој брамин купил коза и ја носел дома. Тројца крадци го здогледале и посакале да му ја грабнат козата. Но браминот бил силен и да украдеш нешто од него не е лесна работа, па затоа пробале да го измамат, со малку дипломатија. Еден тргнал накај него и му рекол: “Одлична зделка, колку плати за кучево ?” На што браминот одговорил “Куче! Да не си слеп? Или само луд? Ова е коза! Ја купив од пазарот. Платив педесет рупии за нејзе.” Крадецот одговорил, “Тоа зависи од тебе, но сепак ...” Брате, на мене тоа ми изгледа како куче. Можеби е некое недоразбирање?” Браминот си продолжил по патот, прашувајќи се што човек беше тоа! Но сепак си опипа нозете на козата само колку да провери, мислејќи си во себе, “Коза е.” Уште еден член од бандата го чекаше покрај патот и му довикна на браминот “Колку убаво куче носиш брамину!” Овој пат браминот немаше храброст да инсистира дека не е куче: кој знае можеби е сепак куче – двајца луѓе неможат да грешат. Сепак тој рече, “Не не, не е куче.” Но тој беше послаб сега. Го рече тоа но темелите внатре му беа растресени. Тој продолжи “НЕ, ова е коза.” Човекот одговори: “Ова е коза? Го нарекуваш ова коза? Тогаш почитуван брамину, дефиницијата за коза треба да биде променета! Ако го нарекуваш ова коза, тогаш како ќе наречеш едно куче? Но сепак тоа зависи од тебе. Ти си учен и образуван човек; веројатно ако викаш дека е куче – куче останува. Ништо не се менува нарекувајќи го коза.” Човекот си отиде. Браминот ја спушти козата и ја погледна: тоа беше дефинитивно коза... коза како секоја друга коза. Си ги изми и си ги протри очите од чешма близу до патот. Си го слушаше сопственото соседство: ако луѓето видат брамин да носи куче преку раменици тоа ќе биде удар на богослужението на храмот и на стипендиите. Луѓето плаќаа за за неговото молење – тие ќе прекинат да плаќаат, ќе мислат дека е луд ...Повторно темелно го испита животното, осигурувајќи се дека е коза, Но што беше со тие двајцата претходно? Ја фрли козата преку рамо и продолжи да оди по патот, но сега се движеше малку нервозно. Што ако некој друг го види? Потоа го сретна и третиот бандит пред влезот во населбата. Тој извика, “Какво убаво куче! Откаде го зема? И јас сакам да си земам куче веќе подолго време.” Браминот рече, “Пријателе, еве земи го! Ако сакаш куче, земи го. Навистина е куче. Еден пријател ми го даде, те молам ослободи ме од него.” И потоа отрча дома пред некој да дознае дека купил куче.
25. КОЛАЧИЊА
Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи. Седна во чекалницата за да не ја вознемирува никој. До неа беше столицата со колачите, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: "види молим те", да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев... Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче. Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната. Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста.
Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед !!!
26. ПАРАДОКСОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ
Парадоксот на нашето време да имаме поголеми згради, а пократки нерви. Широки патишта, а кратки видици. Трошиме повеќе отколку што имаме. Купуваме повеќе, уживаме помалку. Имаме големи куќи, а помали семејства. Повеќе удобност, а помалку време. Имаме повеќе дипломи, а помалку разум. Повеќе знаење, а помалку расудуваме. Повеќе стручњаци, а уште повеќе проблеми. Повеќе знаење во медицината, а се помалку здравје. Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме помалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, предоцна легнуваме, стануваме преуморни, помалку читаме, премногу гледаме ТВ.... Ги зголемуваме нашите поседи, а ја намалуваме нашата вредност. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Му додаваме на животот години, ама не и живот во годините. Патувавме на месечината, а проблем ни е да преминеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед. Загосподаривме со надворешниот простор, ама не и со внатрешниот. Направивме големи, ама не и подобри работи.Го прочистивме воздухот, ја загадивме душата. Го разбивме атомот, но не и нашите предрасуди. Пишуваме повеќе, ама учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку. Научивме да се брзаме, ама не и да чекаме. Имаме поголема заработувачка, ама понизок морал. Имаме се повеќе храна, а се повеќе сме неблагодарни. Произведуваме компјутери со се поголема меморија, ама разговараме се помалку и помалку. Преферираме квантитет, а го забораваме квалитетот. Ова се времиња на брза храна и споро варење, големи луѓе, а мали карактери, брза заработувачка и површни односи. Ова е време на мир во светот, а војна во куќата. Многу време, малку уживање. Време на разновидна храна, но на лоша исхрана. Се повеќе финансиски проблеми во семејството, а се повеќе разводи. Се повеќе луксузни куќи, но поделени домови. Ова се денови на брзи патувања, луксузна облека, низок морал..... Запомнете: Поминувајте се повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете некој убав збор на оној што ве гледа одоздола со доза на стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе замине. Не заборавајте да го прегрнете оној кој е покрај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое можете да го подарите на своето срце, а ништо не ве чини. Не заборавајте да кажете ТЕ САКАМ на вашиот партнер и на вашите сакани, но највеќе од се е тоа искрено да го мислите. Бакнежот и прегратката ќе ја излечат секоја повреда, ако доаѓаат длабоко од срцето. Не заборавајте да се држите за рака и да ги цените миговите кога сте заедно, бидејчи еден ден таа личност нема да биде тука. Најдете време да се сакате, најдете време да разговарате и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите. Смејте се често, долго и искрено. Смејте се се додека не изгубите здив. Издржете, одболувајте, преживејте. Во секоја прилика кажете им на луѓето кои ги сакате дека ги сакате, бидејќи животот не се мери со бројот на вдишувањата, туку во моментите кои ни го одземаат здивот.
27. ВРЕМЕТО И ЉУБОВТА
Многу одамна постоел еден мал остров каде што живееле сите емоции и вредности на луѓето: радоста, тагата, знаењето, богатството, гордоста... и љубовта заедно. Еден ден се јавила опасноста од исчезнување на островот, што ги натерало жителите да го напуштат. Така сите освен љубовта ги спремиле своите бродови за заминување од островот. Љубовта не верувала во тоа дека островот ќе исчезне. Кога и највисоката точка на островот била прелиена со вода, љубовта решила да го напушти островот. Бидејќи не го подготвила бродот на време, побарала помош. Богатството поминувало во близина на една луксузна јахта и љубовта му се обратила за помош. "Богатство, можеш ли да ме земеш со себе?" А богатството одговорило: "Не можам. Има многу злато и сребро така што немам место за тебе!" Тогаш љубовта побарала помош од гордоста што поминувала на еден прекрасен едрењак, а гордоста веднаш одговорила со едно "НЕ! Тука е толку совршено што можеш да ми го расипеш комодитетот!!!" Тогаш љубовта побарала помош од тагата, а таа и одговорила: "Толку сум тажна што сакам да бидам сама!" И радоста поминала покрај љубовта ама била толку радосна што не ја слушнала љубовта како очајно моли за помош... Најпосле одненадеж се јавил еден глас: "Дојди љубов, ќе те спасам од овој потоп." Тоа бил еден старец. Љубовта толку се усреќила што заборавила да го праша старецот за името негово. Кога веќе стигнале на копно, старецот си заминал. Тогаш љубовта сватила колку му била должна на својот спасител, и го прашала знаењето: "Знаење, можеш ли да ми кажеш кој беше овој човек што ме спаси од потопот?" -"Времето!" одговори знаењето. Љубовта се прашувала зошто баш времето ја спаси. Не можејќи да ја гледа љубовта толку збунета и несигурна, знаето одговорило: " Затоа што само времето може да разбере колку љубовта е важна во животот."
28. ТРПЕНИЕ ПРОЈАТЕЛЕ, ТРПЕНИЕ
Интервју со банкар-милионер: - Која е тајната на Вашиот успех? - Трпение, пријателе, трпение! - Но, јас можам да набројам илјада нешта, за коишто трпението е апсолутно бескорисно. - Например? - Да носиш вода во решето ... - Не сте во право, просто треба трпеливо да ја дочекате зимата.
29. ДЕДО И ВНУК
Еден слаб старец живеел со неговиот син, снаа и четири-годишен внук. Рацете на стариот човек трепереле, видот му бил матен и не можел убаво да се движи. Целата фамилија јадела заедно, на истата маса. Но, старецот не можел да јаде како што треба. Грашок се тркалал од неговата лажица на подот, а млеко му капело на чаршавот. Синот и снаата се нервирале поради нередот. "Мораме да направиме нешто во врска со стариот", рекол синот. "Доста ми е од неговото истурено млеко, гласно јадење и храна на подот". Така мажот и жената му наместиле посебна мала маса во аголот од собата и дедото јадел сам, додека остатокот од фамилијата уживале во вечерата заедно. Бидејќи дедото скршил чинија или две, синот му направил дрвена чинија. Кога фамилијата гледала накај дедото, понекогаш можеле да забележат солзи во неговите очи дури јадел сам. Сепак, единствените зборови кои парот ги имал за него биле острите прекори кога истурал храна. Четиригодишното дете го гледало сето ова молчејќи. Една ноќ, пред да вечераат, таткото го забележал неговиот син како игра на подот со дрвени парчиња. Го прашал детето мило: "Што правиш?". Исто така мило, детето му одговорило: "Ах, правам мала чинија за тебе и мама, за да јадете кога јас ќе пораснам.". Се насмевнал и продолжил да се занимава со дрвото. Неговите зборови многу ги погодиле родителите. Таа вечер, мажот го фатил дедото за рака и му помогнал да дојде до фамилијарната маса. Во остатокот од неговиот живот тој го јадел секој оброк со фамилијата. И поради некоја причина, ниту мажот, ниту жената веќе не изгледало дека се грижат кога ќе му падне лажица, или кога ќе го извалкал чаршавот. Децата се исклучително перцептивни. Мудрите родители сфаќаат дека секој ден градат темели за иднината на нивните деца.
30. ДЕТЕТО И ТАТКОТО
Додека човекот го полираше својот нов автомобил, неговиот 4-годишен син зеде камче и изгреба неколку линии од едната страна на автомобилот. Човекот се налути, ја зеде раката на детето и многу пати го удри со големиот клуч, не размислувајќи штo прави. Во болницата, детето ги изгуби сите негови прсти на раката како последица на многуте скршеници. Кога го посети детето во болницата, со болни очи тоа го пpaшa: – Тато, кога моите прсти ќе пораснат повторно? Човекот беше многу повреден и без зборови, со солзи во очите тргна назад кон автомобилот и многу пати го удри со ногата. Уништен од своите постапки … седна пред автомобилот. Во тој момент ги виде гребнатинките. Детето имаше напишано: “ТЕ САКАМ ТАТО“ Гневот и Љубовта не знаат за граници. Нека реката на животот тече во корито, но нека постојано тече и чист ПОТОК НИЗ неа за никогаш да не се замати.
31. НЕ Е СЕ ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА
Два Ангели патувале и решиле да застанат и да се одморат кај едно семејство. Семејството било доста богато, но безобразно, така што на Ангелите им дозволиле да преноќат и да се одморат, но не во гостинската соба, туку ги сместиле во мало собче во ладен подрум. Кога почнале да си ги местат постелнините, постариот Ангел на ѕидот видел дупка и ја поправил. Тогаш, младиот Ангел го прашал зошто ја поправа дупката, на што стариот одговорил: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.Следната ноќ, Ангелите го продолжиле патот и дошле во ново домаќинство, но многу сиромашно. Љубезното семејство, со нив ја поделило својата вечера и им дозволило да преспијат во нивните постели, за да може добро да се одморат од напорното патување. Кога сонцето изгреало утрото, Ангелите ги виделе домаќинот и неговата сопруга, како плачат. Нивната единствена крава, нивниот единствен извор на храна, лежела мртва на нивата. Младиот Ангел, вистински бесен, му се обратил на стариот Ангел: „Како можеше тоа да го дозволиш, првиот домаќин имаше сè, а ти сепак му помогна. Другиот домаќин имаше толку малку и спротивно на тоа, тој не нахрани и ни дозволи да спиеме во неговата постела, а ти дозволи неговата крава да умре?“ Стариот Ангел му одговори: „Работите не се секогаш такви како што ти се чини дека се“.„Кога бевме во ладниот подрум забележав дека во онаа дупка на ѕидот се крие злато. Бидејќи домаќинот беше многу лаком и не сакаше да го дели своето богатство, јас ја поправив дупката за да не може никогаш да го види златото“.„Минатата ноќ, кога спиевме во постелата на добриот домаќин, Ангелот на смртта дојде по неговата жена. Јас му ја дадов кравата наместо неа“.
32. РАЗГОВОР СО ГОСПОД
“Значи ти би сакал да разговараш со мене?” -рече Бог“Ако имаш време” реков. Бог се насмевна “Моето време е вечност. Што сакаше да ме прашаш?” “Што најмногу те изненадува кај луѓето?“ Бог одговори: - Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа посакуваат повторно да бидат деца. - Што го трошат здравјето да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето. - Што толку многу размислуваат за иднината и забораваат на сегашноста. На тој начин не живеат ни во иднината ни во сегашноста. - Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат е како никогаш да не живееле.“Бог ме фати за рака. Останавме на момент во тишина.Тогаш прашав: “Како родител кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?
“Насмевнувајќи се, Бог одговори: - Да научат дека не можат никого да присилат да ги сака, можат само да сакаат. - Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во животот. - Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите. - Да научат дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој што најмалку му треба. - Да научат дека се потребни само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи. - Да научат да простуваат….така да самите простуваат.- Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат, но тоа не можат да го кажат или покажат. - Да научат дека со пари може да се купи се’, освен среќата и љубовта. - Да научат дека две особи може да гледаат во иста работа, но да ја видат различно. - Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив…. а сепак ги сака. - Да научат дека не е доволно само другите да им простат. Мораат и самите себеси да си простуваат. Луѓето ќе заборават што си рекол. Луѓето ќе заборават што си направил. Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил.
33. ПРИКАЗНА ЗА ЧУВСТВАТА
Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата. Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперуга, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно. Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави... го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор.
34. СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ
Според житието Свети Прохор Пчињски потекнувал од некое село од Овчеполието. Родителите, татко му Јован и мајка му Ана биле чесни и побожни луѓе што долго немале деца. Поради тоа биле несреќни и секогаш го молеле Бога да им даде пород. И по многу години Бог ги дарувал со машка рожба на која и ставиле име Прохор. Му се радувале и го воспитувале во христијански дух, а кога пораснал сакале да го оженат, да формира семејство и да го наследи имотот. Но Прохор сакал да му се посвети на Бога. Еднаш во црквата ги слушнал овие зборови од светото Евангелие: „Кој го сака својот татко, или својата мајка повеќе од мене, не ми е достоен, кој ја сака жената или децата повеќе од мене, не ми е достоен; кој сака да го земе својот крст и по мене да дојде - стопати ќе биде примен и вечниот живот ќе го наследи“. По излегувањето од црквата Прохор се упатил кон планината и започнал испоснички живот. Најпрвин живеел во една пештера во близината на селото Старо Нагоричане, Кумановско. Се хранел со зелје и корења од трева, живеел во пост и молитви, зиме на мраз, лете во пот. На тоа место без да види човек, а дружејќи се само со дивите ѕверови минал 32 години.Тука имал средба и со Роман Диоген, идниот цар на Византија, на кого му ја претскажал иднината. Имено, житието раскажува дека еднаш кога Диоген бил на лов во овој крај бркал една срна. Срната дошла пред пештерата и легнала пред нозете на светецот. Потоа по неа дошол и Диоген кој се исплашил од глетката и се засрамил од старецот, поради што почнал да бега од местото. Но и се изненадил кога старецот го повикал по име: „Диогене, немој да бегаш, но врати се, и јас сум човек“. А кога се вратил кај старецот барајќи прошка и благослов овој му рекол: „Диогене, речено е да одиш во Цариград и да бидеш цар, но кога ќе дојдеш на престолот спомени ме мене, старецот, поради пророштвото што ти го изреков“.Диоген навистина станал цар на Византија во периодот 1067-1071 година, и тогаш го заборавил светиот Прохор. Овој пак монашкиот живот го продолжил во планината Козјак во една пештера во близината на реката Пчињ,а каде што и умрел на 14-тиот ден од месецот октомври, а неговото тело долго не се распаднало.Царот Роман Диоген навистина заборавил на светиот старец но еднаш тој му се јавил во сонот и му рекол: „Ја заборави твојата облека и мене старецот“. Тогаш тој тргнал да го бара на местото каде што ја имал чудната средба со него и со срната. А кога не го нашол, за спомен изградил убава црква што и денес ги восхитува случајните и намерните посетители на селото Старо Нагоричане. А кога сакал да се врати во Цариград пак во сонот му се јавил светецот и му рекол дека ако го бара ќе го најде во планината. Царот со придружбата тргнале низ планината и на едно место виделе како бел орел излегува од една пештера. Во таа пештера го нашле телото на светецот уште нераспаднато. Царот и придружбата се поклониле пред светите мошти, и ги понесле кон реката со намера да ги положат во манастирот посветен на неговиот спомен. На едно место ковчегот со светите мошти застанал и не можеле да го помрднат, а светецот во сонот му рекол на царот: „Нема да ме однесеш оттука“. Тука е изграден манастирот што го носи името на Свети Прохор Пчињски, а неговите свети мошти и денес лежат во црквата од десната страна на олтарот.Царот Диоген по овие настани среќен се вратил во Цариград.Свети Прохор Пчињски починал на 14 септември (с.с.), но поради тоа што на овој ден се празнува големиот празник Воздвижение на чесниот крест (Крстовден) празнувањето на преподобниот Прохор е пренесено на 15 јануари (с.с.).Најстариот портрет на Свети Прохор Пчињски заедно со портретот на Свети Јоаким Осоговски се среќаваат во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане (по обновувањето) завршени во 1318 година, како единствени претставници на локалниот култ.
35. МУДРЕЦОТ И ДЕТЕТО
Едно момче дошло кај познат мудрец со цел да го изигра. Момчето ги ставило рацете зад неговиот грб и го прашало мудрецот да му одговори едно прашање. Дали врапчето што го држи во рака е мртво или живо? Мртво по кратко размислување одговорил мудрецот. Момчето се насмевнало и ја отворила раката и врапчето летнало. Гледаш не погоди, рече момчето.Точно не погодив,но ако ти кажев дека врапчето е живо ти ќе го стегнеше и ќе го убиеше, но не сакав тоа да се случи и затоа кажав мртво. Одговорот сепак се криеше во ваши раце!
36. ЗБОРОВИТЕ СЕ КАКО ПЕРДУВИ
Еден ден, една млада жена ја навредила својата најдобра пријателка со тоа што се однесувала неучтиво и грубо со неа. Таа веднаш зажалила за својата постапка, но веќе било премногу доцна. Нејзината пријателка не сакала да и прости. На кој и да било начин да пробала да се извини младата жена, секојпат напорите и биле залудни.
Обидувајќи се да ја поправи сторената грешка, таа отишла кај највозрасниот и најмудар маж во градот, барајќи совет. Старецот трпеливо ја ислушал за да разбере колку е сериозна младата жена и колку сериозно посакува да и биде простено.
Тој и објаснил дека понекогаш, за да си ги поправиме грешките, треба навистина многу да се потрудиме. Затоа ја прашал:
- На што се си подготвена за да ја искупиш вината?
Одоворот и бил дека е подготвена се да стори за да се искупи.
Слушајќи го нејзиниот очаен глас, старецот го почувствувал нејзиниот искрен копнеж да ги поправи работите и затоа решил дека треба да и помогне не само да ги реши проблемите, но и да си го промени карактерот.
- Две нешта се потребни за да ја постигнеме саканата промена – рекол тој.
- Првото е доста тешко. Земи ги најголемите перници кои се полнети со гускини пердуви од твојот дом и на секоја направи и мал отвор. Потоа, дури да изгрее сонцето, остави по еден пердув на секој прагот од секоја куќа во градот. Кога ќе завршиш со тоа, врати се пак кај мене. Тогаш ќе ти кажам што ќе биде втората задача.
Младата жена набрзина отишла дома за да ја исполни задачата, макар што и било жал за перниците затоа што биле доста скапи. И покрај тоа, таа цела ноќ лутала низ улиците од врата до врата, борејќи се со студот и уморот и внимавајќи да не пропушти некоја куќа. Прстите и замрзнале, а ледениот ветер и ги полнел очите со солзи. Таа трчала низ темните улици, среќна што сепак постои начин да ја врати довербата на пријателката. Со појавата на првите сончеви зраци, таа го оставила и последниот пердув.
Со изгревот на сонцето, жената се вратила кај старецот. Била истоштена, но среќна знаејќи дека упорноста ќе и се исплати.
- Перниците се празни, пред прагот на секој дом оставив по еден пердув.
- Сега -рекол старецот, – врати се по истиот пат и повторно наполни ги перниците со пердувите. Тогаш се ќе биде исто како порано.
Жената била потресена од тоа што го слушнала.
- Тоа е невозможно! Секој пердув кој ќе го оставев пред куќата, во истиот момент ветрот го разнесуваше по улиците! Ти не ми кажа дека ќе треба повторно да ги соберам пердувите! Ако тоа е втората задача, тогаш таа е невозможно да се исполни и никогаш нема да биде како порано!
- Во право си – рекол старецот. – Никогаш не заборавај дека секој твој збор е како пердув однесен од ветрот. Кога еднаш ќе се изговори, никаква сила, никаква волја, без разлика колку е голема и колку е искрена, не може да го врати назад.
Одбирајте ги зборовите и мислите разумно пред да ги изговорите, особено пред оние луѓе кои искрено ги сакате.
37. ПЕСОК И КАМЕН
Двајца пријатели поминувале низ пустина.
По некое време тие се скарале, и едниот го удрил другиот по лицето. Шлаканицата била болна, но човекот не кажал ниту збор. Место тоа, тој напишал во песокот:
„ДЕНЕС МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ МИ УДРИ ШЛАКАНИЦА“.
Потоа продолжиле да одат и стигнале до една оаза. Решиле да одморат и да се освежат малку. Додека се капеле во водата, оној што добил шлаканица почнал да се дави. Пријателот го грабнал брзо и го извадил од водата. Кога се освестил, тој издлабил во камен :
“ДЕНЕС МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ“.
Тогаш другиот го прашал:
- Кога те удрив, ти тоа го запиша на песок, а сега кога те спасив, на камен. Зошто?
А другиот одговорил:
- Ако некој не повреди, најдобро е таа навреда да ја запишеме на песок, за да можат ветровите на прошката да ја избришат. Но ако некој ни направи добро, треба тоа дело да го овековечиме на камен, за да им одолее на поривите на секој ветар.
38. МОРСКА ЅВЕЗДА
Многу одамна живеел еден мудар човек кој секое утро се шетал по брегот на океанот, пред да седне да ги пишува своите книги.
Еден ден, додека се шетал по плажата, здогледал човечка фигура која изгледала како да танцува. Тој се насмевнал при помислата за човек кој танцува сам покрај океанот сред бел ден. Го забрзал чекорот за да види каква е таа работа.
Кога се приближил, видел дека фигурата е на млад маж. Тој не танцувал, туку земал нешто од песокот и потоа многу нежно го враќал во водата.
- Добро утро – извикал мудрецот. – Што правиш?
- Младиот човек застанал за миг, го погледнал мудрецот и одговорил:
- Фрлам морски ѕвезди назад во океанот.
- Можеби требаше да те прашам зошто ги фрлаш назад во океанот?
- Сонцето изгрева и почнува осеката. Ако не ги вратам во водата тие ќе умрат.
- Но момче, оваа плажа е многу долга и целата е покриена со морски ѕвезди. Ти ништо не можеш да промениш.
Младиот човек го изслушал учливо, потоа се наведнал, подигнал една морска ѕвезда, ја фрлил во распенетите бранови и рекол:
- За оваа морска ѕвезда веќе направив промена.
39. Басна за волкот и чапјата
Еден волк се насладувал со месото од неговиот плен, кога наеднаш му застанала малечка коска во грлото и тој не можел да ја голтне. За кратко време грлото почнало многу силно да го боли, а тој виејќи од болка, избезумено трчал напред – назад, очајно барајќи начин како да си ја ублажи болката. Кого и да го сретнел, го убедувал да му помогне и да му ја извади коската.
- Ќе направам се што ќе посакате – велел тој, – само извадете ја коската.
На крај чапјата се согласила да му помогне. Му наредила на волкот на легне настрана и да ги отвори челустите колку што може пошироко. Потоа го пикнала долгиот врат во грлото на волкот и со клунот успеала да му ја извади тенката коска.
- Сега ќе ја добијам ли ветената награда? – прашала чапјата.
Волкот ги наоштрил забите и и рекол :
- Биди благодарна што ја пикна главата во грлото на волк и ја извади цела. Тоа ти е доволна награда.
Благодарноста и алчноста не одат рака под рака.
40. Приказна за скараните браќа
Живееле некогаш во соседни фарми, двајца сложни браќа. Но еден ден тие се скарале. Тоа им бил првиот сериозен конфликт помеѓу нив после период од четириесет години, за кое време двајцата работеле рамо до рамо, си помагале, си позајмувале алатки и машини и по потреба си помагале и со стока и работници. Но ете добрите односи се расипале. Се започнало со мало недоразбирање, кое прераснало во сериозен спор и на крај стигнало до размена на навреди проследени со седмици на молчење.
Еден ден некој тропнал на вратата на поголемиот брат Џон. Тој отворил и видел човек со столарски алат.
- Си барам работа за неколку дена. – рекол странецот. – Дали имате некоја работа која би можел да ја сработам?
- Да. – одговорил големиот брат. – Имам работа за тебе. Погледни го оној ров кој се протега до другата фарма. Во таа фарма живее мојот сосед, кој е мојот помал брат. Минатата седмица помеѓу нашите фарми имаше ливада, но тој копаше со булдожерот до нивото на реката и сега меѓу нас зее ров. Е, знам дека вака сака да ме налути, но јас ќе му вратам со иста мера. Ги гледаш ли оние купчиња греди до плевната? Сакам да ми изградиш ограда висока два метри за да не мора повеќе да му го гледам лицето.
- Мислам дека разбирам – рекол столарот. – Покажи ми каде се шајките и чеканот и сметам дека ќе останеш задоволен од резултатот.
Џон имал работа во градот, затоа само му помогнал на столарот да си ги приготви алатите и материјалите и заминал. Мажот работел напорно преку целиот ден. Мерел, сечел, ковал. Кога по задијсонце стопанот се вратил дома, мајсторот веќе ја привршувал работата. Кога видел што е направено, Џон не можел да си поверува на очите што гледал. Немало ни трага од посакуваната ограда. Наместо ограда, над ровот се издигал мост кој ги сврзувал двата краја. Прекрасно изграден, со ограда и ситни украси, а по него одел малиот брат со протегната рака.
- Браво! – рекол тој. – Да изградиш мост после се што ти реков и направив?!
Двајцата браќа се сретнале на средината на мостот и си подале рака. Потоа му се обратиле на столарот кој веќе си ги собирал алатите.
- Почекај! Остани уште неколку дена. Имам и други задачи за тебе- го замолил Џон.
Со задоволство – му одговорил столарот. – Но имам и други мостови за градење.
41. Басна за лавот и трите крави
На едно зелено, свежо пасиште, живееле три крави : бела, црна и кафеава. Многу убаво си живееле и си се дружеле. Преку ден си паселе заедно, а преку ноќ спиеле една до друга.
Еден ден, покрај пасиштето поминал еден лав. Тој бил многу гладен и барал лесен плен. Кога ги видел кравите, очите му светнале од радост, но немало начин како да ги нападне и трите истовремено. Затоа седнал во заседа и чекал да се разделат.
Залудно чекал во заседа два – три дена очајниот лав. Кравите биле неразделни и дење и ноќе, затоа што знаеле дека само на тој начин ќе можат да се одбранат од нападите на грабливите животни.
Тогаш му светнала идеја. Се приближил до кравите, ги поздравил и им рекол :
- Како сте мили пријателки? Добри ли сте? Долго време мислев на вас, но бев премногу зафатен за да дојдам. Но ете, денес одделив малку од моето време и решив дека е крајно време да ве посетам.
Кафеавата крава му одговорила:
- Господине, Вашата појава многу не израдува и ни го развесели пасиштето.
Белата и црната крава се загрижиле од зборовите на кафеавата и се натажиле од нејзината наивност. Се плашеле дека лавот може да ја излаже. А зошто воопшто кафеавата крава му верувала на лавот? Не знаела ли дека лавовите ги гледаат другите животни само како потенцијален плен?
Но со секој изминат ден, кафеавата крава станувала се поблиска пријателка со лавот. Другите две пробале да разговараат со неа, но без некој успех.
Еден ден лавот и рекол на кафеавата крава:
- Ти гледаш дека бојата на нашата кожа е темна, а на белата крава е светла. Знаеш дека светлото е спротивно на темното. Тоа значи дека би било правилно ако јас ја изедам белата крава, за да нема разлика меѓу нашите бои и така ќе можеме посреќни да живееме заедно.
Кафеавата крава ги зела зборовите на егоистичниот лав здраво за готово. Го одвлекла вниманието на црната крава, за да може лавот да ја изеде белата, без никој да му пречи. Додека двете крави биле внесени во разговор, осамената бела крава лесно била убиена од лавот.
Поминале два – три дена откако лавот завршил со глодањето на последните коски од белата крава. Повторно гладен и несреќен, тој лежел на тревата, додека кафеавата крава пасела околу него. Тој ја повикал.
- Да, господине! – извикала радосно таа.
- Нашата боја е кафеава и црното не ни одговара. Би било прекрасно ако јас ја изедам црната крава, па тогаш во шумава би останале само животни со една иста боја – кафеава.
Кафеавата крава се согласила и се оддалечила. Лавот ја нападнал црната крава и ја изел. Кафеавата крава била толку среќна, што не ја држело место од радост. Таа се тркалала по тревата, мукала и си мислела : „Само јас имам боја како лавот…”
Неколку дена покасно дошол лавот и за’ржал:
- Кафеава краво! Каде си?
Кафеавата крава се појавила, треперејќи од страв.
- Да, господине!
- Денес е твој ред – рекол лавот. – Припреми се, ќе те јадам!
Ужасната, кафеавата крава го прашала:
- Ама зошто господине, па јас сум Ваш пријател? Правев се што ќе ми кажевте. Зошто сакате да ме изедете?
Лавот одговорил бесно:
- Не давам ни пет пари за твоето пријателство! Каде се чуло и видело, лав да е пријател со крава!
Колку и да го молела и убедувала кравата, лавот не сакал да ја слуша и се нафрлил врз неа
Тогаш кравата го замолила лавот:
- Господине Лав, дозволете ми само да викнам три пати пред да ме изедете.
- Добро, но само побрзо.
Кафеавата крава извикала:
- Бев изедена тој ден кога беше изедена белата крава! Бев изедена тој ден кога беше изедена црната крава! Бев изедена тој ден кога му поверував на лавот!
Лавот за брзо време ја изел кафеавата крава. Потоа си рекол:
- Во оваа шума завршив работа. Сега ќе одам во други шуми да си барам пак некој лесен плен.
42. Зошто пченката и гравот растат заедно
Си бил некој самец. Му станало здодевно сам и тргнал тој да си бара невеста. Си одел така и си пеел:
- Која ќе се омажи за мене? Која ќе се омажи за мене?
Утката му одговорила:
- Јас сакам!
Осамениот ја запрашал:
- А, со што ќе ме храниш?
Утката му рекла:
- Со гуштери и со глувци!
- А, не, така не може. Тоа не е храна за мене.
- Како сакаш, – се навредила утката, замавнала со крилјата и одлетала.
Тргнал осамениот понатаму и продолжил да си пее:
- Која ќе се омажи за мене? Која ќе се омажи за мене?
Жабата му рекла:
- Јас ќе се омажам за тебе.
Тогаш осамениот ја запрашал:
- А, со што ќе ме храниш?
Жабата му рекла:
- Со мушички и со црви.
- А, не, така не може. И таа храна не е за мене. – и одговорил осамениот.
И така по третпат тој си ја запеал песната:
- Која сака да се омажи за мене? Која сака да се омажи за мене?
- Јас сакам! – се зачул глас.
- А, со што ќе ме храниш?
- Со пченкарна пита и варен грав.
- Е, тоа е храна за мене, – се израдувал осамениот. Ќе се оженам со тебе.
Тој брзо почнал да ја гушка својата невеста. Така тие си се нашле еден со друг. Невестата ја викале Пченка, а момчето Грав.
Ете зошто оттогаш се садат пченката и гравот едно до друго.
43. Судбината на две камили
Мајка и дете камили си разговарале надвор на Сонцето. Детето ја прашува мајката: „Мамо, мамо да те прашам нешто може?“ „Секако сине, кажи што те интересира?“
„Па, мамо зошто ние камилите имаме грпка?“
„Па сине, ние сме пустински животни. Во грпката чуваме резерви на вода и сме познати по тоа што долго време можеме да издржиме без вода.“
„Епа добро, а зошто имаме долги нозе и кружни копита?“
„Сине, тие ни помагаат да одиме по песокот полесно од сите други“
„А, мамо, зошто имаме толку долги трепки? Понекогаш многу ми пречат на видот?!“
“Сине, тие ни служат да не заштитат од пустинскиот песок и ветер“
„Ахам, значи грпката ни служи за вода кога сме во пустина, нозете и копитата за да одиме полесно кога сме во пустина, а трепките не штитат од пустинскиот ветер и песок...може само уште едно прашање мамо?“
„Да, сине?“
„Што по ѓаволите тогаш правиме ние тука во Зоолошкава градина???“
Заклучок: Вештините, знаењето, способностите и искуството се корисни само ако се наоѓаш на вистинското место!
44. ТУЛА
Еден млад и успешенбизнисмен на кој животот му подарил се',
се возел со својот нов Јагуар низ улицата на која живеел со малку поголема брзина од пропишаната. Ги гледал децата како си играат покрај паркираните коли и намалил веднаш кога нешто удрило по десната врата на неговиот Јагуар. Се вратил назад здогледал
огормна... тула која ја удрила колата и се стрчал кон првото дете кое го здогледал, го грабнал и присилил на најблиската кола -Што е проблемот со тебе?
Кој си ти? Ова е нова кола а ти фрли тула по неа. Ова ќе те чини многу пари!
Зошто го направи тоа? Детенцето започнало да му се извинува:- Извинете господине... жал ми е... немав друг избор.. ја фрлив тулата бидејќи никој не сакаше да застане...! Со солзи во очите покажал кон неговиот брат кој лежел на земјата, повреден од падот од неговата инвалидска количка. -Тежок е и не можам да го подигнам. Би ми помогнал ли? Бизнисменот трогнат од неговата претерана реакција и запрепастен од зборовите на детето веднаш пришол кон детето, го подигнал во количката и го загрнал со неговото скапо сако за да не му биде ладно. –Бог да ве благослови! му се заблагодарило детенцето. Гледајќи дека се ќе биде во ред, останал без зборови кога јa погледнал сликата на братчињата како си одат накај дома. Започна да чекори кон колата. Тоа беа мошне долги чекори. Штетата беше видлива, но тој никогаш не ја поправи дупката на неговата десна врата. Ја остави да го потсетува на оваа порака. Не оди пребрзо во животот за да не мора да фрлаат тула по тебе како би го добиле твоето внимание!
НАШ Е ИЗБОРОТ: ДА СЕ ПОТРУДИМЕ ДА ГО СЛУШНЕМЕ ШЕПОТОТ... ИЛИ ДА ЈА ЧЕКАМЕ ТУЛАТА!
45. Дрвото кое трипати раѓа
Еден ден еден паша јавал низ широкото поле и здогледал еден немоќен старец како сади маслиново дрвце. Пашата се зачудил, и со коњот дошол до старецот прашувајќи го:
„Седни старче, што правш ти под ова врело сонце на пладне, ти си стар треба да седиш дома и да одмараш, а ти уште работиш. А, освен тоа господ знае дали ќе дочекаш да ги видиш плодовите на тоа дрво.“
„Почитуван паша! Таков е обичајот на овој свет; еден сади, а друг ги бере плодовите. Се надевам дека ќе ги дочкам плодовите од ова дрво“ со насмевка му одговорил старецот.
На пашата му се допаднал таквиот одговор, па му фрлил неколку златници на старецот.
„Еве гледаш, дрвото веќе почна да раѓа“ дофрлил старецот. Пашата се насмевнал, па му фрлил уште неколку златници.
„Е почитуван паша, сите дрва на овој свет раѓаат само еднаш, а гледаш моето веќе роди двапати“
Оваа шега уште повеќе му се допадала на пашата, па му фрлил уште неколку златници и му рекол:
„Ајде старецу да си одиме, инаку сите пари ќе треба да ти ги оставам“
Авганстанска прказна
46. ХРАБРОСТ
Пред многу години, додека сеуште работев како волонтер во болницата во Стенфорд, запознав девојче по име Лиза која беше болна од една многу ретка болест. Единствената можност да оздрави беше е да прими трансфузија од крв од нејзиниот петогодишен брат, кој на некој необјаснив начин, успеал да ја преживее истата болест, така да во неговото тело се создадиле антитела кои можат да ја излечат оваа тешка болест.
Докоторот на малото братче му објасни каква е ситуацијата, и го праша дали сака да и даде од неговата крв на сестра си. Го забележав момчето, за момент само се воздивна и рече: Да, спремен сум, ако тоа и помогне и ако ја спаси Лиза. Додека траеше трансфузијата, лежеше на креветот до сестра му и смешкаше.
И сите ние се смешкавме и гледавме како бојата на образите станува црвена кај Лиза. Но тогаш неговото лице почна да станува бледо и од неговото лице полека исчезнуваше насмевката. Погледна кон докторот и со трепет во гласот го запраша: `Дали почнувам да умирам?` "
Бидејќи беше мал, момчето погрешно го разбра докторот; мислеше дека на сестра му треба да и ја даде целата крв.
47. ЉУБОВНА БОЛЕСТ
Тој беше храбар човек, со јак глас и одлучни чекори. Таа беше
нежна и чувствителна. Се зедоа. Тој се трудеше на неа ништо да не и фали, а таа ја пазеше куќата и ги одгледуваше децата. Децата пораснаа, се омажија и оженија, тргнаа по свој животен пат...вообичаена приказна.
Кога сите деца беа добро згрижени, жената ја фати некоја тага, се повеќе слабееше и пропаѓаше. Kога веќе и не се хранеше, падна во постела. Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница. Околу неа се трудеа лекари и специјалисти, но можеа да ја најдат причината за болеста. На крајот еден од лекарите го викна мажот и му рече: „Јас би рекол...дека вашата сопруга...едноставно веќе нема волја за живот.„
Човекот ништо не одговори. Седна покрај креветот и ја фати жената за рака...нејзината рака се изгуби во неговата голема дланка. Ја погледна и со длабок одлучен глас рече:
„Ти нема да умреш!„
„Зошто мислиш така?„ - го запраша таа со тивок глас.
„Затоа што многу те сакам, и си ми потребна!„
„А зошто тоа до сега не си ми го рекол?„
Од тој ден на жената и е се подобро. Лекарите се прашуваа од која болест боледувала и со какви лекови се излечила. Никогаш не дознаа...
48. Што ни прави стравот
На чело на некоја земја во која владеела долгогодишна и тешка војна, бил поставен многу лош, суров и строг крал.
На заробениците кои биле од непријателската војска, кралот им нудел две опции од кои можат да изберат. Ги затворал во една голема просторија во која на едната страна имало чета стрелци, а на другата страна имало врата која била прекриена со безживотни тела од поранешни затвореници.
Кралот на сите затвореници им велел: „Можете да одберете: да умрете, така што ќе бидете избодени со стрелите од моите стрелци, или пак да поминете низ оваа врата и да останете во неа затворени засекогаш”.
Затворениците секогаш одбирале да бидат стрелани за побрзо да завршат нивните маки, бидејќи не знаеле што може да им се случи ако како опција ја изберат другата врата зад која не знаеле што има.
Кога завршила војната, еден храбар војник, кој многу долго и чесно му служел на кралот, го запрашал што има зад вратата која ниту еден затвореник не се осудувал да ја одбере како опција.
„Отвори ја самиот вратата и погледни” - му рекол кралот.
Војникот одвај некако собрал храброст и со тешки маки ја отворил вратата. Тогаш, токму во мигот кога ја отворил, го огреал топол сончев зрак по лицето кој од светлината му ги затворил очите. Кога успеал да гиотвори очите, толку многу се изненадил, бидејќи се уверил дека таа врата, од која се плашеле сите затвореници водела кон СЛОБОДА !!!
Војникот со неверување му рекол на кралот:
„Секогаш на затворениците сте им давале можност да избегаат и да се спасат од смртта, но тие повеќе сакале да умрат, отколку да ризикуваат да ја отворат другата врата од која се плашеле повеќе и од смртта”.
49. Два пати размислете пред да реагирате
Човек стар 70 години кој целиот живот се занимавал со сточарство,
поточно овчарство, добил пензија од државата како подарок, доволна за да преживува.
Една новинарка на доделувањето го замолила да и раскаже еден дел од својот живот, кој нема никогаш да го заборави и кој ќе му остане засекогаш во сеќавање.
Старецот ја започнал приказната: „Имав 20 години и наидов на куче во шумата. Го земав со себе и си го присвоив. Поминуваа месеци, а комшиите почнаа да ми зборуваат дека сè повеќе личи на волк и дека треба да се ослободам од неа. Бев млад и не сакав никого да слушам, таа ми беше многу приврзана, каде и да одев, одеше со мене и ме чекаше. И така поминуваа годините...
Еден ден прилегнав да се одморам, кога низ сон слушнав некаква бука, ржење и викање. Додека дојдов на себе и станав, се беше стишило. Излегов надвор и го видов целото стадо овци заклано, а волчицата цела во крв седи и гледа право кон мене, малку од страв малку од бес. Се стрчав во куќата, ја зедов пушката и ја убив тука на лице место. Не знаев што да правам со овците па ги викнав комшиите да ги однесат додека месото не се расипало и усмрдело. Како што ги собираа овците, меѓу нив пронајдоа три заклани возрасни волци. Дури тогаш сфатив што направив..
50. Не ја отворај душата пред секого
Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи. - Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо! Посоветувајте ме што да направам! Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол: - Соблечи се гола и прошетај така низ градот! - Полудевте ли?! - Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. - Погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и ги поливам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат пупките, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно.
51. ТРИ ЕДРА
Една стара легенда раскажува за тројца мажи, кои носеле секој по две вреќи. Но теретот не го чувствувале подеднакво. Вреќите им биле, едната од напред, а другата од назад, виселе обесени на дрвена мотика на рамената.
Го прашале првиот човек што има во вреќите. Одговорил: - Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите животни радости - се во вреќата однапред. Скриени од погледите, завршени, прикриени со лисја, не ми сметаат многу. Во вреќета однапред ги имам сите лоши и грди работи кои ми се случиле. Одам, застанувам често, ги вадам, набљудувам, проучувам, размислувам што да правам. Постојано сум со нив, и во мислите и во чувствата. Постојано работам на нив.
Овој човек често подзастанувал, гледал назад, се мачел и напредувал многу бавно.
Вториот човек го запрашале истото. Тој им одговорил: - Во вреќата однапред ги носам моите добри дела, знаењето за доблестите. Често ги гледам, вадам и покажувам на другите. Вреќата од позади ги содржи моите грешки и моите слабости. Ги носам со себе каде и да одам, бидејќи тие се мои и не можам туку така да ги оставам на страна. Ме забавуваат, понекогаш се многу тешки.
Кога го запрашале и третиот човек, тој им одговорил: - На предната вреќа го напишав зборот - ДОБРИНА. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри работи кои ги имав и направив во животот, мисли за мојата сила. Таа вреќа не ми е тешка. Напротив, како бродско едро, ми помага во движењето напред. Додека пак вреќата која ја носам на грбот има натпис - ЛОШИ СПОМЕНИ и празна е, бидејќи и го исеков дното. За се што ми се случило лошо, лошите мисли кои понекогаш ги имам за себе, злото кое го слушам од другите, малку размислувам и го фрлам во таа вреќа. Низ дупката тоа си оди засекогаш. ЈАС СУМ СЛОБОДЕН... ЈАС НЕМАМ ТЕРЕТ КОЈ БИ МЕ ЗАБАВУВАЛ ВО ОДЕЊЕТО...
Овој човек зборува за ТРИ ЕДРА: ПОЗИТИВНО ЗА СЕБЕ... ПОЗИТИВНО ЗА ДРУГИТЕ... ПОЗИТИВНО ЗА СИТУАЦИИТЕ...
52. СЕСТРА
Еден златар си седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите. Едно девојче се доближило до излогот. Прекрасните сини очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети. Одлучно влегла во дуќанот и со раката покажала кон една тиркизно сина огрлица. - За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како подарок? Трговецот просто не си верувал и го прашал девојчето: „ Колку пари имаш?“ Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки. Ќе биде ли доволно? - прашала гордо. Сакав на постарата сестра да и купам подарок. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека подарокот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја. Трговецот отишол назад, го спакувал подарокот и го дал на девојчето. Земи ја, внимавај и оди дома кај сестра ти. Таа гордо го зела подарокот и тргнала дома. Еден час покасно во дуќанот влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата на пултот и прашала: - „ Дали ова е купено овде?“ - „ Да, госпоѓице “ - одговорил трговецот. - „ Колку чини ова?“ - „ Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам“ - одговорил трговецот. - „ Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.“ Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката. „Вашата сестра ја плати највисоката цена, ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ.“
53. ВРЕМЕ
Замисли дека имаш сметка во банка, на која секое утро ти префлаат 86.400 евра. Меѓутоа, на сметката не се пренесува ништо од она што не билопотрошено и не останува да се користи следниот ден.
Секое утро, банката го брише оној дел кој не си го потрошил претходниот ден.
Што би направиле ако го знаете ова? Би потрошиле сè до цент нели?
Секој од нас има таква сметка во банка. Нејзиното име е „време“.
Секое утро ти дава 86.400 секунди. Секоја вечер ти се отпишуваат сите оние нешта кои не си ги направил во текот на денот.
Не се пренесува ништо од претходниот ден. Не дозволува пречекорување.
Ако не го искористиш својот депозит, загубата е само твоја. Не постои нешто што се вика „утре“. Мораш да живееш во сегашноста од денешниот депозит.
Вложи го за да извлечеш максимум здравје, среќа и успех.
Часовникот никогаш не застанува. Затоа искористи го овој ден.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една година, прашај студент кој не фатил услов.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден месец прашај мајка која родила бебе пред време.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една седмица, прашај уредник кој е одговорен за неделник.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден час, запрашај некој вљубен пар кој исчекува да се сретне.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една минута, прашај ја личноста која не стигнала да го фати возот на време.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредност на една секунда, прашај некого кој за малку избегнал несреќа.
- Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една мили секунда, прашај ја личноста која освоила сребрен медал на Олимпијада.
Сигурно сфати. Искористи го максимално секој момент кој ти стои на располагање. Потроши го со личностите кои се вредни за да бидат дел од твоето време.
54. Никогаш не ги судите другите бидејќи не го знаете нивниот живот и низ што поминуваат тие
Еден доктор влегол во болницата набрзина откако бил повикан на итна операција.Тој се пријавил,се пресоблекол и влегол директно во одделот за операции.Тој го сретнал таткотот на детето како поминува во ходникот чекајќи доктор.Кога го здогледа,ттакото извикал:“зошто ти требаше толку време за да дојдеш?Зар не знаеш дека шивотот на син ми е во опасност? Зар немаш осет за одговорност?“
Докторот се насмеа и одговори:
“Извинете,не бев во болницата и дојдов веднаш штом го примив повикот...А сега,ве молам смирете се за да можам да ја работам мојата работа“
“Да се смирам? Што доколку твојот син беше во салата сега,дали би сте се смириле? Доколку синот ви умираше сега што би направиле?“ -рече таткото гневно.
Докторот повторно се насмевнал и одговорил:“ЈАс би рекол како Јов што рекол во Библијата“ Од земја дојдовме и во земја се враќаме,нека е благословено името на Господ.“Докторите не можат да го продолжат животот.Одете и молете се за вашиот син,а ние ќе направиме се најдобро според милоста Божја“
“Да даваме совети кога не сме засегнати е многу лесно.“ промрморе таткото.
Операцијата траеше неколку часови по која докторот излезе надвор задоволен.
“Фала му на Бог,вашиот син е спасен!“ И без да го дочека одговорот на таткото тој продолжи да оди .“Ако имате некое прашање,прашајте ја сестрата!!“
“Зошто тој е толку арогантен? Не можеше ли да почека некоја минута за да го прашам за состојбата на син ми?“ Коментираше таткото гледајќи ја сестрата откако замина докторот.
Сестрата одговори, низ солзи во очите: “Неговиот син почина вчера во сообраќајна несреќа, тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата на син ви.И сега откакао го спаси животот на вашиот син, тој замина да го доврши погребот на неговиот син.“
Поука: Никогаш не ги судeте другите бидејќи не го знаете нивниот живот и низ што поминуваат тие...
55. ВЕЧНА ЉУБОВ
Еден стар брачен пар кој долго и сложно живеел заедно. При прославувањето на една годишнина од бракот жената си помислила: “Секогаш му ја давав средината од лебот, бидејќи е повкусна и помека. Секогаш ја јадев корката, бидејќи сакав да му угодам. Сега ќе си се почастам себе!“. И така овој пат ја зела средината на лебот, а на мажот му ја дала корката. Ја набљудувала неговата рекација малку плашејќи се дека тој ќе се налути. На нејзино изненадување, мажот бил одушевен. Рекол:
“Ти благодарам! Отсекогаш повеќе сум ја сакал корката, но ја јадев средината затоа што сакав ти да бидеш среќна.
56. ВОДОНОСЕЦОТ И НЕГОВИОТ САД
Во едно мало село еднаш си бил еден човек што работел како водоносец. Во тоа време водата не доаѓала од чешми, туку од длабоки бунари или реки. Ако во близина на селото немало ископан бунар оној што не сакал сам да оди по вода, морал да купува од водоносците, кои во големи садови ја носеле драгоцената течност во селото. Едно утро на водоносецот му напукнал еден сад и по патот почнало од него да протекува водата. Кога дошол во селото, купувачите му ги платиле вообичаените десет парички за десниот сад, но само пет за левиот, бидејќи тој бил полн само до половина. За водоносецот било прескапо да купи нов сад. Решил да ја забрза работата за да ги надомести изгубените пари. Две години човекот одел и доаѓал со цврст чекор, носејќи вода во селото и земајќи 15 парички како плата за еден и пол сад со вода. Една ноќ го разбудило едно „пссст“ во неговата соба
„Пссст... Псссст...“
„Кој е тоа?“ , прашал човекот.
„Јас сум“ , се слушнал глас од напукнатиот сад.
„Зошто ме будиш во ова време?“
„Претпоставувам дека стравот би те спречил да ме сослушаш, ако ти се обратам среде бел ден. Мораш да ме послушаш.“
„Што сакаш?“
„Сакам да те замолам да ми простиш. Јас не сум виновен за пукнатината од која тече вода, но знам колку мака тоа ти зададе. Секој ден кога уморен доаѓаш во селото и за количеството вода во мене добиваш половина од она што го добиваш за количеството во мојот брат, ми доаѓа да се расплачам. Знам дека можеше да ме замениш, но ти, сепак, ме задржа. Сакам да ти се заблагодарам и уште еднаш да те замолам да ми простиш“.
„Смешно е што ти мене ме молиш да ти простам“ , рекол водоносецот.
„Утре, рано наутро јас и ти ќе излеземе. Сакам нешто да ти покажам.“
Водоносецот продолжил да спие до зора. Кога сонцето се појавило на хоризонтот, го зел напукнатиот сад и отишол до реката.
„Гледај“, му рекол, стигнувајќи таму и покажувајќи му го градот. „Што гледаш?“
„Град“, рекол садот.
„Што уште?“ , прашал човекот.
„Не знам...Пат“ , одговорил садот.
„Точно. Погледни ги двете страни на патот. Што гледаш?“
„Гледам сува земја и камења од десната страна на патот и стотици цветови од левата страна“, рекол садот, не сфаќајќи што сака господарот да му покаже.
„Многу години поминував по ова тажно и пусто патче, носејќи вода до селото и примајќи исто толку количество пари за двата сада... Но, еден ден видов дека напукна и дека пропушташ вода. Не можев да те заменам, па решив вака: купив семки од разнобојно цвеќе и ги фрлив на двете страни од патот. Со секое мое поминување по патот, водата што ти ја пропушташе ја залеваше левата страна од патот, и во овие две години, успеа да направиш разлика“.
Водоносецот направил пауза и милувајќи го својот верен сад, рекол: „А ти мене ми се извинуваш! Што се неколку парички, ако, благодарение на тебе и на твојата пукнатина, овие бои ми го развеселуваат патот. Јас треба тебе да ти се заблагодарам за твојот недостиг“.
Оваа приказна е извадок од „Да се сака со отворени очи“ од Хорхе Букај.
57. ШОЉА ЧАЈ
Нан - ин бил познат јапонски учител кој ги учел луѓето на духовност.
Секој кој сакал да си го подобри животот во сите можни аспекти доаѓал кај него и после неколкуте одржани часови, среќен и задоволен си заминувал.
Еден ден кај учителот дошол некој познат универзитетски професор кој сакал да научи колку што е можно повеќе техники, за да биде посмирен и посреќен.
За време на посетата, учителот Нан - ин го послужил професорот со чај.
Шојлата во која ставал чај ја наполнил до врвот и потоа без да запре, продолжил уште да става чај во веќе полната шолја.
Професорот гледал како чајот се прелева од шолјата и не можејќи да се воздржи на крајот му се обратил на учителот:
„Но чајот веќе се прелива од шолјата. Во неа не собира повеќе чај.”
„Исто како и со оваа шолја” - рекол учителот Нин - ин, „така и ти си полн со своите убедувања и размислувања. Како сакаш да ти покажам и да те научам на техники за смирување и опуштање ако твојата шолја е веќе полна. Треба претходно да ја испразниш сопствената шолја ако сакаш во неа да ставаш нови повредни и подобри работи.”
58. ТРИ ЖАБИ
Три млади жаби излегле од барата каде што живееле бидејќи сакале да го запознаат светот.
Одејќи, стигнале до голем лонец кој бил полн со млеко. Бидејќи биле гладни, веднаш скокнале во лонецот. Кога добро се нагостиле со млекото, посакале да излезат од лонецот. Но тие отежнале, а нивото на млекото во лонецот се намалило, па не можеле да скокнат и да излезат.
Првата жаба која била фаталист по природа, веднаш заклучила и си донела одлука: „Никогаш нема да успеам да излезам, така ми било судено”, го кажала ова и се потопила во млекото.
Втората жаба која била интелектуалка, веднаш почнала да го пресметува растојанието помеѓу површината на млекото и дното на лонецот, оптималната количина на енергија која е потребна за акција за спасување. Ја пронашла правата формула за спас, но најверојатно поради стресот, заборавила да го земе во предвид податокот дека била најадена и при обидот да скокне за да излезе од лонецот, два пати си ја удрила главата, па и таа како и првата жаба се онесвестила и се потопила во млекото.
Третата жаба и покрај неуспешните обиди на другите две жаби и понатаму си пливала по површината на млекото и била сигурна дека ќе се извлече некако.
По некое време млекото се расипало, се скиселило и потоа се засирило, при што се стврднало. Жабата го чекала токму овој момент, се одбила од тврдата површина на засиреното млеко и успешно скокнала надвор од лонецот.
Со задоволно крекање, среќна се вратила во домот.
59. Поблагословен е оној кој дарува, отколку оној кој прима
Еден млад студент заминал со својот професор на кратка прошетка.
Шетале и разговарале, а покрај патот здогледале еден пар стари обувки, кои гледајќи ги сфатиле дека се од некој сиромашен селанец кој очигледно работел во полето.
Студентот му рекол на својот професор да му ги сокријат обувките и од страна да го набљудуваат што ќе направи, да се насмејат малку на негова сметка.
Професорот го советувал никогаш да не се смее на туѓа неволја. Туку, ако веќе си богат стави му по една златна паричка во обувките. Потоа да се сокријат и да ја видат неговата реакција.
Сиромашниот селанец пристигнал и ги зел обувките за да се облече. Таман да ја стави едната нога во обуквата, забележал нешто во неа. Се завртел наоколу, немало никој во близина, па ја ставил паричката во џебот. Облекувајќи ја и другата, се почувствувал радосно и среќно, по што клекнал на колена и почнал да се моли. Во својата молитва ја искажал својата голема благодарност, постојано повторувајќи дека Господ му помогнал за неговата болна жена и неговите сиромашни дечиња кои немаат ниту леб за јадење. Го благословувал оној што ги ставил парите.
Студентот останал неподвижен гледајќи го сето тоа со солзи во очите. Професорот само го прашал, кога би бил посреќен, кога би ги зел обувките и би се смеел, или сега?
Студентот одговорил дека професорот го научил на лекција која никогаш нема да ја заборави во животот.
„Поблагословен е оној кој дарува, отколку оној кој прима!“
60. Чесните раце се поубави од „негуваните“ раце
На брегот на една река седеле три угледни жени. Седејќи во природата, тие се восхитувале на убавината на своите раце. Сите три имале бели, нежни и негувани раце. Меѓусебно се прашувале чии раце се најубави?
На патот минувала една гладна старица. Таа љубезно ги замолила да и дадат нешто да касне. Но попусто. Тие не ја слушале. Убавината на нивните раце за нив била поважна од молбата на гладната баба.
Тие побарале од неа таа да пресуди. Но таа си го продолжила патот трагајќи по корка леб. Нејзината мака била разбрана од една селанка, која седела на брегот, сиромашна, работлива жена. Да, нејзината кожа не е бела, туку истоштена, поцрнета и збрчкана од сонцето кое секојдневно ја пече додека работи на својата нива.
- Земи, мајче! Немам многу, но земи ја половината од мојот леб.
Старицата каснала малку, а потоа се вратила кај трите жени.
Застанала годро пред нив и гласно викнала: Рацете на селанката такви црни, отечени испукани што ме нахранија се најубавите раце што некоја жена може да ги има, а не вашите мази и средени кои немаат направено ни едно добро дело.
Убави се нежните и негувани раце, но 1000 пати поубави се чесните и вредни раце. Тие даваат храна,тие помагаат, тие ја бришат солената пот од челото. Од солената пот и од стегањето на мотиката тие се така рапави и избраздени. Но кријат друга убавина.
Впрочем убавината на еден човек не е во рацете, во надворешниот изглед. Таа спие во срцето на душата на човекот.
61. Што сакате?
Луксузна јахта застанала во едно мало мексиканско рибарско
село. Сопственикот на јахтата бил воодушевен од квалитетот на рибата па ги запрашал рибарите колку време им е потребно за да уловат вака добра риба. “Не ни треба долго“ - одговориле рибарите
“А, зошто не останете подолго на море за да уловите уште повеќе риби?“
Тие му одговориле дека она што ќе го уловат е сосема доволно за нив и нивните семејства.
“Па, што правите со толку слободно време?“
“Спиеме, ловиме малку риба, си играме со своите деца, а попладнето го поминуваме во прошетка со своите сопруги. Навечер излегуваме во селото, се среќаваме со пријателите, пиеме по некоја пијачка и пееме неколку песни. Нашиот живот е исполнет.“
Господинот турист им предложил: “Јас дипломирав економија на Харвард и можам да ви помогнам со совет: ловете риба секој ден дупло подолго, продавајте ги и со тие пари купете поголем брод.“
“И што потоа?“
“Со поголемиот брод ќе уловите уште повеќе риби и со тие пари ќе можете да купите уште еден брод, па уште еден и така цела флота. На место да ја продавате рибата на посредници, можете да преговарате директно со големите производители и сами да станете еден од нив. Потоа можете да се преселите од ова село во главниот град или во Лос Анџелес, па дури и Њујорк. Од таму можете да го водите својот нов голем бизнис!“
“Колку време би ни било потребно за сето ова?“
“Дваесет, до дваесет и пет години...“
“И после?“
“Потоа? Е, пријатели сега доаѓа најинтересното. Кога бизнисот ќе ви стане добро разработен, можете да почнете со купопродажба на акции и да заработите милиони!“
“Милиони? Навистина? А, потоа?“
“Потоа можете да отидете во пензија, да живеете во мало крајбрежно село, да спиете долго, да одите по риба, да си играте со внуците, да го поминувате попладнето со жената, а ноќите со пријателите.“
“Секоја чест господине, но ние тоа го правиме и сега. Зошто залудно би потрошиле дваесет и пет години?“ - прашале мексиканците.
Поука: Во животот мора да знаеш каде си се упатил затоа што можеби веќе си таму!
62. Која си ти?
Некоја жена се нашла во смртната соба. Ненадејно имала чувство дека е земена на небото и дека се наоѓа пред судиското столче.
„Која си ти?“ – ја запрашал Гласот.
„Јас сум жената на градоначалникот“, одговорила таа.
„Не те прашав чија жена си, туку која си ти“.
„Јас сум мајка на четири деца“.
„Не те прашав чија мајка си, туку која си ти“.
„Јас сум учителка“.
„Не те прашав што си по професија, туку која си ти“.
И така продолжило понатаму. Без оглед на тоа што би одговорила, се чинело дека не дала задоволителен одговор на прашањето: „Која си ти?“
„Јас сум христијанка“.
„Не те прашав од која вера си, туку која си“.
„Јас сум онаа што секој ден идеше во црква и секогаш им помагаше на сиромашните.“
„Не те прашав што си правела, туку која си ти“.
Очигледно, паднала на испитот и била вратена на Земјата. Кога се опоравила од болеста, одлучила да пронајде која е таа. Во тоа била целата разлика.
Твојата должност е да бидеш. Да не бидеш некој или никој – бидејќи во тоа лежи алчноста и амбициозноста – не да бидеш ова или она – така стануваш условен – туку да бидеш едноставно ти. Да бидеш свој.
63. Го мислиш она што го носиш во себе
„Кој сум јас?“ – едно момче запрашало некој старец.
„Ти си тоа што го мислиш.“ – одговорил старецот.
„Ќе ти објаснам со една приказна.“
„Еден ден, покрај градските ѕидини, во полумрак можело да се видат две личности што се прегрнуваат.“
„Тоа се мама и тато.“ – мисли невино дете.
„Тоа се љубовници.“ – мисли човек со расипана фантазија.
„Тоа се двајца пријатели кои не се виделе долги години.“ – мисли човек кој живее сам.
„Тоа се двајца трговци кои склопиле добра зделка.“ – мисли човек алчен за пари.
„Тоа е татко кој го прегрнува својот син кој се вратил од рат.“ – мисли жена со чувствителна и добра душа.
„Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат.“ – мисли човек ожалостен заради смртта на својата ќерка.
„Тоа се заљубени.“ – мисли девојка која сонува за љубов.
„Тоа се двајца кои се борат до смрт.“ – мисли убиец.
„Којзнае зошто се прегрнуваат?“ – мисли бесчувствителен човек.
„Колку е убаво да видиш две личности како се прегрнуваат.“ – мисли Божји човек.
„Секој мисли нешто“, – заклучил старецот – „во зависност од тоа што е и што носи во себе.
64. Зошто жените плачат?
Едно момче ја прашало својата мајка : " Зошто плачеш ?"
"Затоа што сум жена" , му одговорила таа.
Не разбирам", рекло момчето. Мајката само го прегрнала и кажала :
"Никогаш и нема да разбереш."
Подоцна го прашало својот татко : "Зошто мама плаче без причина ?"
"Сите жени плачат без причина" - било единственото што таткото можел да му каже. Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат.На крај го повикало Бог.
Кога го добил, го прашал :"Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат ?
"Бог му одговорил : "Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца. И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор. И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце. И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него. И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба.
Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце - место каде што е љубовта.
65. СРЦЕ
Еден ден Господ се заморил од луѓето. Постојано му додевале барајќи се и сешто. Затоа, Тој решил некое време да се сокрие. Ги собрал своите советници и ги запрашал: "Каде да се сокријам? Кое е најдоброто место?".
Еден од советниците му одговорил: "На врвот од највисоката планина на светот", а друг: "На дното од океанот, таму никој не може да те најде",
трет: "Најдобро е да се сокриеш во темната страна на Месечината; тоа е најдоброто место, кој би те пронашол таму?".
На крајот, Господ се обратил на својот најпаметен ангел со истото прашање: "Каде да се сокријам?"
Ангелот се насмевнал и му одговорил: "Сокриј се во човековото срце. Изгледа тоа е местото во кое никогаш не проверуваат."
66. Роза за мама
Некој човек застанал пред една цвеќара за да нарача и испрати цвеќе на својата мајка, одалечена 320 киломитри. Кога излегол од автомобилот приметил едно девојче како плачe и која седела на ивицата на тротоарот. Ја запрашал во што е проблемот, а таа му одговорила: „Сакав да купам црвена ружа за мајка ми, ама немам доволно пари."
Човекот се насмевнал икажал: „Дојди, ќе купиме ружа за твојата мајка."
Нарачал цвеќе за својата мајка и и купил ружа на девојчето. На излегувањето од цвеќарата се понудил да ја однеси до нејзината мајка.
Девојчето кажало: „Прифаќам, ако можете. Земете ме." Потоа го однесла до гробиштата каде ја положила ружата на свежиот гроб. Човекот се вратил во цвеќарата, ја отповикал испораката, го зел цвеќето кое го платил и се одвезол 320 километри до куќата на својата мајка.
67. Каква е природата на простувањето?
Простувањето е разбирање дека не можете да одите назад и да го промените минатото и прифаќање на сите искуства – без разлика колку биле трауматични, болни или несреќни – дека се едноставно лекции од кои се учи.
Без разлика дали биле емотивни, физички или психолошки, негативни или позитивни тие лекции биле наменети да Ве научат да бидете тие што сте во овој момент помудри, повеќе свои.Треба да разберете и да прифатите дека денес сте личноста од тоа што сте го научиле во животот.
Прифатете ги тие лекции и вистински учете од нив и негативностите од вчера никогаш повеќе нема да влијаат на Вас.
Кому треба да му простите ? – НА СЕКОГО.
Треба прво да си простите на себе си што сте верувале во нешто дека е погрешно или исправно, што не сте пружале љубов на некому кога му била потребна, што не сте дале подршка некому во вистинскиот момент, што сте креирале негативна енергија во животот на некој друг или во вашиот или кога не сте биле чесни и не сте имале почит кон некого.
Простете им на другите а најважно од сето тоа е да сфаттите дека вие не го одобрувате лошото однесување кое некој го направил кон Вас. Разберете дека не можете да го промените тоа што се случило туку прифатете го тоа како лекција од животот која Ве научила на нешто..
Прифатете ги сите свои искуства и почувствувајте ја мудроста која ќе ја исцрпете од нив. Не можете да ги промените нештата но секогаш може да откриете нешто вредно во нив. Кога ќе го откриетее тоа ќе бидете способни да си простите и на себе и на другите. Нема да се грижите за пречките и тежината од минатото – ќе бидете слободни.
68. Двете кучиња и чудната соба
Две кучиња биле пуштени во една иста соба, но во различно време. Првото куче излегло накострешено, се тресело, р’жело и бесно лаело. Второто пак, излегло со исплазен јазик, спремно да си игра, мафтајќи со опашот.Една жена која го набљудувала ова, не можела да разбере што всушност има во собата, што може да предизвика толку различни реакции кај кучињата. Решила да влезе и сама да се увери какво е тоа чудо што едното куче го разбесни, а другото го развесели.
На нејзино големо изненадување таа влегла во соба полна со многу огледала, поставени насекаде и наеднаш сфатила.
Среќното кутре во таа соба видело илјада други среќни кутриња кои сакаат да си играат и мафтаат со опашот.
Бесното куче видело илјадници бесни кучиња кои лаат на него.
Она што го гледаш во светот околу себе е одраз на тоа кој си всушност ТИ!
69. ПЛАТЕНО ВО ГОТОВО
Детето пошло до кујната каде што мајка му спремала вечера. Со насмевка, на мајка му и подал еден лист хартија. Мајка му ги избриша рацете со крпа и тргна да чита.
Пишуваше вака:
За чистење на мојата соба за цела недела: 10 евра
За чистење на дворот: 20 евра
За одење во продавница: 10 евра
За чување на помалиот брат додека беше да купуваш:25 евра
За фрлање на ѓубрето: 10 евра
За добрите оцени на училиште: 20 евра
Вкупен износ: 95 евра
Откако го прочитала мајката текстот малку се замислила. Детето можело да види дека низ главата и се вртат разни мисли.
Мајката го зела пенкалото, го завртила листот хартија и еве што напишала:
За девет месеци што те носев додека растеше во мене : Бесплатно
За сите непреспиени ноќи поради тебе, бдеења, лечења и дови: Бесплатно
За целиот труд и солзи за кои си бил ти причина во овие години: Бесплатно
За сите ноќни стравови и грижи : Бесплатно
За сите играчки, храна,облека, дури и бришењето на носот: Бесплатно
Сине, на крајот кога ќе се собере цената на мојата љубов, вкупниот износ е Бесплатен.
Во очите на детето се појавила голема солза, кога завшил со читање на она што мајка му го напишала. Ја избришал солзата, ја погледнал мајка му и рекол: “Мамо јас многу те сакам“
Потоа зел хартија и пенкало и со задебелени букви напишал: ПЛАТЕНО ВО ГОТОВО.
70. ЧЕТИРИ СВЕЌИ
Четири свеќи полека гореле. Во тишината се слушал нивниот разговор.
Првата свеќа рекла:„Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат ... нема потреба да горам понатаму ... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила.
Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам ... нема смисла да горам понатаму ...“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила.
Третата свеќа жално проговорила: „Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила ... луѓето често забораваат на мене ... “ и истиот момент се угасила.
По кратко време во собата влегло дете:
„Што е ова ... “? запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче.
Тогаш се огласила четвртата свеќа:
„Не плаши се ... додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи ... јас сум НАДЕЖ“.
71. КОГА ИРОНИЈАТА ЗАВЛАДЕЕ ВО СВЕТОТ, ЉУБОВТА ИСЧЕЗНУВА
На почетокот на светот, во срцето на луѓето имаше место за сите нешта, секое нешто си имаше свое точно определено место и луѓето никогаш не мораа да трагаат и бараат нови нешта.
Сè беше неверојатно удобно, па на моменти се чинеше дека светот е не само удобен, туку ужасно удобен.
Животот под Сонцето беше безбеден и сигурен.
За да си го направат животот поинтересен, луѓето почнаа да смислуваат игри. Ја протераа љубовта далеку во дождовните шуми, ја сместија среќата високо на планинските врвови. Задоволството го потопија на дното на морето, а она што животот го правеше исполнет го закопаа во пустината.
Потоа, луѓето почнаа да носат маски, постојано да ги менуваат и да ставаат маска врз маска, сè додека не дојдоа до ситуација да не знаат кои се, да не се препознаваат себеси, а ни другите.
Токму тогаш се појавија писатели кои почнаа да пишуваат за себеоткривањето, смислата на животот, вистинската љубов и среќа. Луѓето тргнаа во потрага по овие нешта.
Во меѓувреме, љубовта стана осамена во дождовните шуми, среќата не можеше да ја издржи височината, а задоволството и исполнетоста не најдоа радост во морето и пустината. Сите тие тргнаа дома, кај луѓето, со своите резервни клучеви ги отворија вратите на човековите срца, но никој не го забележа нивното враќање. Луѓето беа заслепени од потрагата по љубов, радост и среќа, одеа низ шумите и пустините, се качуваа на планини и пловеа по морињата во потрага по она кое веќе го имаа во себе, но не можеа да го видат.
Токму тогаш иронијата завладеа со светот, заземајќи го местото на љубовта. За да биде уште полошо, таа и денес владее.
Светот одеше напред, технологијата се развиваше, луѓето немаа потреба да се дружат и зборуваат, праќаа брзи електронски пораки и за тајната на животот го прашуваа Google, кој секогаш одговара многу побрзо од било кој, па дури и од Бог.
Животот стана побрз, а луѓето сè поуморни и понесреќни, и до ден денешен само малкумина успеаја да ја најдат смислата.
Можеби еден ден и другите ќе се сетат на убавината и среќата која доаѓа од едноставноста. Можеби ќе ја отворат вратата за љубовта да ги прегрне, среќата да ги покани на шолја чај, а задоволството удобно да ги смести покрај огништето.
Тој ден љубовта ќе ја победи иронијата и сите нешта повторно ќе го најдат своето вистинско место, токму како на почетокот на светот…
72. ОТСУСТВО НА ЉУБОВ
Еден професор на факултет ги прашал студентите:
“Што мислите, дали Господ создал се што постои на Земјата?”
Студентите во еден глас одговориле потврдно.
“Баш се?”, прашал професорот.
“Се”, бил одговорот на студентите.
“Во тој случај, Господ го создал и злото, зарем не? Бидејќи сите знаеме дека постои и злото”, рекол професорот.
Студентите збунето молчеле, а професорот бил воодушевен што успеал да докаже дека верата во Господ е нереална и е мит.
Одеднаш, еден студент кренал рака и прашал:
“Смеам ли јас да ве прашам нешто професоре?”
“Се разбира”, одговорил професорот.
“Дали постои студенило?”
“Секако, колега”
“Всушност, професоре, студенилото не постои. Според физиката, студенилото е отсуство на топлината. Може само да се гледа дали некој објект има и дали ја пренесува својата топлина на другите објекти. Значи, студенилото не постои. Ние сме го создале терминот ладно, за да го објасниме отсуството на топлината.
“A мракот?”, продолжил студентот.
“Немој само да ми речете дека не постои мрак. Сите знаеме дека постои.”, рекол професорот.
“Повторно грешите, господине. Темнината е целосно отсуство на светлоста. Можеме да ја проучуваме светлината и осветлените објекти, но не и мракот. Николсовата призма покажува многу различни бои на кои светлоста се разложува во зависност од брановата должина. Мракот е термин кој ние сме го создале за да го објасниме отсуството на светлоста.
И конечно, студентот прашал:”A злото, професоре, дали постои злото?”
Професорот молчел.
Студентот продолжил:”Господ не го создал злото, зошто злото е термин што ние сме го создале за да го покажеме отсуството на Господ во човековото срце. Тоа е отсуство на љубов, човечност и вера. Љубовта и верата се како топлината и светлината. Тие постојат. А нивното отсуство доведува до зло.
Професорот ја навалил главата.
“Вашето име колега?”, прашал после извесно време.
“Алберт Ајнштајн, професоре”
73. ЧУВАЊЕ НА ЉУБОВТА
Мајката со својот седумгодишен син шетала по плажата.
Во еден момент детето прашало:
- Мамо, како се чува љубовта?
Мајката малку се замислила, па му рекла:
- Земи од песокот и стисни го во раката.
Детето ја послушало, го стискало песокот во раката, но колку повеќе стискало тој повеќе истекувал меѓу прстите.
- Но, мамо, песокот ми бега – рекол малиот.
- Знам, сине. Ајде сега убаво отвори ја раката.
Детето ја послушало, но во тој момент дувнал ветер и му го однел сиот песок од раката.
- Ниту вака не можам да го задржам песокот, мамо!
На тоа мајката со насмевка рекла:
- Ајде сега повторно земи малку песок во раката, но држи ја дланката во форма на лажица, така да биде доволно затворена да го заштитиш, и доволно отворена тој слободно да стои на неа.
Момчето направило како што му објаснила мајка му и песокот му останал во раката – доволно заштитен од ветрот да не го оддува, а и слободен да не се лизга низ прстите.
74. СЕКОЈ ОД НАС ИМА СВОЈА ПРИКАЗНА
24-годишно момче возејќи се во возот, наеднаш врисна и рече
- “Татоооо, види дрвата се движат наназааад”!.
Таткото радосно се насмеа гледајќи кон својот син со поглед полн со љубов.
Но во истото време еден млaд брачен пар кој седеше наспроти нив во возоt со сожалување гледаше во момчето.
- “Татооо, погледниии облаците летаат со нас”! – рече момчето.
Брачниот пар не можеше повеќе да издржи па му се обратија на таткото на момчето:
- “Господине а зошто не го однесете вашето дете кај некој добар лекар? Некој сигурно може да му помогне”!
Таткото се насмеа и им одговори:
- “Да веќе го однесов. Штотуку се враќаме од болница. Мојот син, ова момче што го гледате овде беше слепо од раѓање. Но со една тешка операција докторите успеаа да му го вратат видот. И тој дури од ова утро може за првпат да гледа во својот живот”.
ПОУКА: Секоја личност на оваа планета има своја единствена приказна. И затоа немојте да им судите на другите пред да ги запознаете, затоа што вистината може да ве изнанади!
75. ЛАГИТЕ НА МОЈАТА МАЈКА
Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мерка што немавме доволно храна, а камоли нешто повеќе.
Во ретки прилики се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми ќе подготвеше скромен оброк и секогаш ќе го истуреше својот дел во мојата чинија говорејќи: „Јади сине, јас не сум гладна“.
Тоа беше нејзината прва лага
Кога малку потпораснав, мојата мајка по обавувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката која се наоѓање под нашата куѓа, со надеж дека ќе улови некоја риба за јас да се хранам здраво и да се развивам како другите деца. Во една прилика, успеа да улови дури две риби. Побрза дома и ги зготви двете риби и ги стави во мојата чинија. Јас малку по малку ја јадев рибата, а мојата мајка го јадеше она што ќе остане на коските. Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и онаа, другата риба и ја ставив во нејзината чинија, а таа ми ја врати велејќи?
„Сине, изеди ја и другата, ти знаеш дека јас не сакам риба“.
Ова беше нејзината втора лага.
Времето поминуваше и дојде ден јас да појдам на училиште. Бидејќи немавме доволно пари за школување, мајка ми отиде во една продавница за алишта и се договори со сопственикот да продава алишта по куќите на богатите луѓе. Еден студен и дождлив ден, мајка ми се задржа подолго на работа. Чекајќи ја дома, се загрижив и излегов да ја побарам. Ја видов како ја носи торбата со алишта и чука на вратите од туѓите куќи. Ја повикав: „Мамоооо, ајде дојди. Си одиме дома, доцна е и студи. Можеш да продолжиш изутрина!“
Таа се насмеа и ми рече: „Сине, јас не сум уморна.“
Ова беше нејзината трета лага.
Дојде денот кога се полагаа школските испити. Иако беше многу жешко, мајка ми сакаше да дојде со мене на училиште. Сонцето ја пржеше земјата, а површината на песокот зрачеше од топлина. Влегов во училиштето, а таа остана да ме чека во школскиот двор. Кога завршија испитите излегов од училиштето, а таа ме дочека со топла мајчинска прегратка, исполнета со љубов и милост. Во раката држеше студен и свеж сок кој го купила за мене. Кога почнав да го пијам, се свртев и ја погледнав, по нејзиното чело се сливаа капки пот. И ја подадов чашата и и реков: „Мајко, пиј“, а таа ми рече: „Сине, само ти пиј. Јас не сум жедна“.
Ова беше нејзината четврта лага.
По смртта на мојот татко, мајка ми живееше тежок живот како вдовица. Ја превзеде целата одговорност за водење на куќата, едноставно мораше да се грижи за сè. Животот стануваше се потежок, а ние многу често гладувавме. Покрај нашата куќа живееше мојот вујко, инаку многу добар човек. Тој често пати ни даваше храна за да ја ублажиме гладта. Кога видоа комшиите колку страдаме и дека нашата состојба стана неподнослива, ја советуваа мојата мајка, која сè уште беше млада да се омажи за еден човек кој би ни помагал во животот. Меѓутоа, мојата мајка го одби овој совет со зборовите: „Јас немам потреба од љубов“.
Ова беше нејзината петта лага.
По завршувањето на факултетот, добив добро платена работа во една фирма и одлучив самиот да ја преземам грижата за куќата. Бидејќи здравјето на мојата мајка ослабна и не можеше да продава облека по домовите на богатите, таа почна да продава зеленчук на пазар. Кога одби да престане да работи, издвоив дел од мојата плата и и дадов, а таа одби да го прими велејќи: „Чувај ги сине твоите пари, јас имам доволно за себе“.
Ова беше нејзината шеста лага.
Без разлика што добив работа, јас го продолжив школувањето и набргу магистрирав. Постигнав успех и ми се зголемија приходите. Една фирма ми понуди добра работа во своето седиште во Германија. Навистина се израдував и така почнав да сонувам за новиот и среќен живот. Откако отпатував и се средив, ја повикав мојата мајка да живее кај мене. Таа не сакаше да ми пречи и ми рече: „Сине, јас не сум научена на удобен живот“.
Тоа беше нејзината седма лага.
Како што поминуваше времето, мајка ми сè повеќе старееше и набргу се разболе од карцином. Во тешките моменти некој мораше да и помага. Што можев да направам кога помеѓу мене и мојата сакана мајка имаше многу држави? Оставив сè и се вратив дома. Срцето ми се кинеше бидејќи беше исцрпена и слаба. Не беше тоа мојата мајка која што ја познавав… Солзи почна да се слеваат низ моите образи, но таа и тогаш се обиде да ме утеши велејќи: „Сине, не плачи, не чувствувам болка“.
Ова беше нејзината осма лага.
Откако го изусти тоа, ги затвори очите и повеќе не ги отвори.
76. Тајната на вечната љубов
Двајца млади Индијанци - момче и девојка многусе сакале.
Еден ден тие се упатиле кон домот на големиот поглавица на нивното племе, одлучно велејќи му ги следните зборови:
„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш твојот благослов и да не научиш што треба да правиме за нашата љубов да може да трае вечно.”
„Добро” - им одговорил поглавицата - „ќе ви кажам што ќе треба да правите, но најпрво ќе ве замолам да дојдете со мене горе во планината, пред да тргнете најдете секој по еден орел, земете го со вас, дојдете со мене и после ќе видиме што ќе правиме следно”.
Двајцата млади се упатиле кон различни правци и после кратко време секој од нив се вратил со по еден орел, па потоа со поглавицата тргнале кон високата планина.
Кога стигнале на самиот врв на планината поглавицата им рекол:
„Земете го сега ова кусо јаже и со неговите краеви врзете им по една нога на орлите.”
Вљубениот пар го послушал поглавицата и со јажето им врзал по една нога на птиците.
„Сега пуштете ги да летаат.”
Младичот и девојката ги фрлиле орлите високо кон небото за да летаат, но тие не можеле ни една секунда да летаат бидејќи на двата им била заврзана по една нога со истото јаже.
Орлите паднале на земја и почнале еден со друг да се колваат сакајќи да се ослободат од јажето кое не им дозволувало слободно да летаат.
Поглавицата, стариот Индијанец, им рекол на младите Индијанци:
„Сега пресечете го јажето!”
Младите ја извршиле и таа наредба , го пресекле јажето и повторно ги фрлиле орлите кон небото. Овој пат птиците за многу кратко време се издигнале високо кон небото, а мудриот поглавица им рекол:
„Ете, тоа е тајната на вечната љубов и среќа: ако луѓето се заврзани едни за други никогаш нема да успеат да полетаат. Вие и без да бидете заврзани можете слободно да летате заедно. Ако сепак одлучите да се врзете, никогаш нема да можете да ги спознаете љубовта и среќата.”
77. Двете златни парички
Млад студент кој студирал на познат универзитет, еден сончев ден се шетал со неговиот професор во околината на универзитетот.
Додека шетале и разговарале, покрај патот забележале еден пар искинати и стари чевли, кои по сè изгледа му припаѓале на еден сиромашен селанец, кој во близина на патот работел во полето.
Кога ги здогледал искинатите чевли студентот му рекол на професорот:
„Ајде да се пошегуваме со селанецот, ќе му ги сокриеме чевлите и ќе се скриеме зад некоја грмушка за да видиме како ќе реагира селанецот кога ќе си ги бара чевлите”.
На неговата луда идеја професорот одговорил:
„Студенту, никогаш немој да се шегуваш на сметка на туѓа сиромаштија. Тоа што си богат не ти дава право да се исмејуваш со тие кои се посиромашни од тебе. Наместо тоа што го кажа, можеш во секој чевел на сиромашниот селанец да му ставиш по еден златник. Тогаш ќе се скриеме и ќе го набљудуваме селанецот”.
Студентот направил како што го посоветувал професорот и двајцата се скриле зад некоја грмушка во близина.
Откако завршил со работата во полето, селанецот излегол на патот каде ги имал оставено капутот и чевлите. Додека го облекувал капутот, ја ставил едната нога во чевелот и забележал дека нешто има во него. На почетокот помислил дека тоа е камче, но набргу сфатил дека тоа е златник. Целиот зачуден не можел да поверува што нашол во својот чевел. Погледнал насекаде околу него, но не забележал никого. Го ставил златникот во џебот и продолжил да го облекува другиот чевел. На негово големо изненадување забележал дека и во него има уште еден златник. Се израдувал и не можел да поверува што му се случило. Го совладале емоциите и веднаш клекнал на колена да му се помоли на Бог во знак на благодарност. Во молитвата кон Бог ги спомнал неговата болна и беспомошна жена и децата кои немале што да јадат.
Сега, благодарение на невидливата рака која му помогнала, сиромаштијата нема повеќе да биде присутна во нивната куќа.
Студентот откако видел што се случило со селанецот, останал трогнат и очите му се наполниле со солзи.
Професорот го прашал:
„Дали ќе беше посреќен ако оставев да се пошегуваш со селанецот како што сакаше ти, или сега си посреќен откако виде дека твоите златници, кои тебе не ти значат ништо за него се цело богатство?”
Младиот студент одговорил:
„Ме научивте лекција која никогаш нема да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам зборовите кои претходно не ги разбирав, а тие се дека оној кој дава е многу посреќен отколку оној кој добива”.
78. ЧУДА
Еден ловец прв пат го повел малото куче со себе во лов. На брегот од едно езеро, погодил дива патка што паднала во езерото. Кучето, без ништо да му рече, прошетало по површината на водата, ја зел патката во муцката и му ја донесло на човекот. Запрепастен од тоа што го видел, човекот убил уште една патка, и кучето повторно одело по површината на водата и ја донео и другата патка. Не верувајќи си на своите очи, човекот другиот ден го повикал соседот да појде заедно со него на лов. И овој пат се случило истото. Кучето, пред очите на двајцата ловци се движело над водата. Но соседот не рекол ништо. На крај, кога веќе не можел да изджи, ловецот прашал : Па добро, зарем ти навистина не забележа ништо чудно кај моето куче?
А соседот замислено се почешал по главата "Да", рекол. "Kога ќе размислам малку подобро, изгледа дека твоево куче не знае да плива? Чудно, па сите кучиња знаат!?!!"
За жал, во животот повеќе ги забележуваме недостатоците отколку чyдата.
А животот не само што е преполн со чуда, туку и е многу повеќе од тоа : Животот сам по себе е чудо.
79. ТАКОВ Е ЖИВОТОТ
Еден селанец бил многу сиромашен. Во старата куќа живеел со својот син, а од имот имале само еден коњ. Еден ден коњот избегал и сите соседи дошле да го утешат селанецот велејќи:
" Каква несреќа ве снајде- коњот да ви избега! Колку што бевте сиромашни, сега уште повеќе. Ќе умрете за јадење "
А селанецот одговорил: " Не знам дали е тоа среќа или несреќа.Таков е живот!"
По една недела коњот се вратил дома, а со него дошле и дваесет диви коњи. Соседите дошле да го видат тоа чудо велејќи:
"Каква среќа да ти се врати коњот и тоа со уште дваесет други коњи. Сега сте богати!"
Селанецоот повторно ги кренал рамената велејќи: " Не знам дали е тоа среќа или несреќа.Таков е животот!"
Следниот ден, синот на селанецот тргнал да јава еден од дивите коњи за да го припитоми, паднал и ја повредил ногата, па постоелa опасност да му ја ампутираат.
Соседите дошле да го утешат:
"Каква несреќа соседу!!! Имаш само еден син, и тој можеби ќе биде цел живот инвалид".
Селанецот на тоа повторно рекол " Кој знае дали е тоа несреќа."
Некој од соседите чудејќи се на зборовите налутено му се развикал: " Твојот син можеби ќе остане со половина нога,инвалид, нема поголема несреќа!!!"
А селанецот повторно ги кренал рамената и рекол: Таков е животот!
Поминал eден месец кога некоја војска дошла да ги регрутира сите способни млади мажи да тргнат во војна. Бидејќи синот на селанецот бил повреден го оставиле, а сите негови другари ги регрутирале. Соседите повторно дошле, но овојпат биле потиштени и исплашени за животот на нивните синови." Имаш голема среќа соседу што твојот син не беше земен од војската! Ние не знаеме дали нашите ќе се вратат живи" рекле соседите, а селанецот ги погледнал и рекол:
" Не знам дали е тоа среќа или несреќа. Таков е животот."
Најголема мудрост во животот е без јад да прифаќаме се што судбината или Господ ќе ни донесат. Можеме постојано да плачеме над судбината обидувајќи се да сфатиме зошто нешто токму нас ни се случило, но само ако веруваме дека Господ имал причина за тоа, тогаш нашиот живот ќе има смисла.
80. НАТПРЕВАР
Едно спортско друштво организирало натпревар во искачување по висока и неприступачна карпа. Во натпреварот се пријавиле повеќе планинари, но било очигледно дека повеќето од нив се плашеле. Неколку од нив се откажале во последен миг, кога виделе колку карпата е стрмна. Искачувањето по планината започнало..но никој од присутните не верувал дека некој ќе успее да се искачи. Гледачите околу цело време климале со главата и гласно зборувале:
"Многу е напорно, никогаш нема да успеат!"
или
"Нема да успеат сигурно, карпата е многу висока!"
И навистина, натпреварувачните почнале да заостануваат......освен едно момче, кое брзо се качувала се повисоко и повисоко...гледачите повторно почнале да викат:
"Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искачи!" "Најдобро е да се откаже, опасно е"
Но момчето не застанувало, како да не ги слуша.
Другите натпреварувачи ги слушале коментарите, подзастанувале, се завртувале и се откажувале еден по еден. Останало само амбициозното момче.
На крај упорното момче, се искачило на врвот од карпата!
Останатите натпреварувачи и гледачите сакале да дознаат како успеало баш тој да го стори тоа што другите не можеле да го направат - да се искачи на карпата.
Една од новинарките се приближила до момчето кога тоа се симнало, за да го праша како успеал да се искачи на врвот и што го мотивирало за да успее.
Тогаш открила дека момчето победник е – глув.
Во својата статија за момчето, новинарката напишала:
Никогаш немојте да ги слушате луѓето кои се негативни и песимисти!!!
Затоа што ви ги уништуваат најубавите желби, мечтаења и соништа кои ги имате во својата душа!!! Секогаш ќе ви речат дека е невозможно да се направи нешто, нешто што можеби ќе го направите со малку повеќе труд. Бидете едноставно "глуви" на секој оној кој ќе ви рече дека не знаете и не можете да ги остварите своите соништа!
81. За мажот кој посакал да биде жена
На некој маж му дошло преку глава да оди на работа секој ден додека жена му останува дома. Тој сакал да види што прави таа па се помолил: “Драги Господе: Јас одам на работа секој ден по 8 часа додека жена ми само седи дома. Сакам она да знае низ што се поминувам и затоа те молам да дозволиш нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин.“
Бог решил да му ја исполни желбата на мажот. Следното утро човекот се разбудил како жена.
Станал, подготвил појадок за својата сопруга (мажот), ги разбудил децата, им подготвил алишта за на училиште, спакувал ужинка, ги однел на училиште, се вратил дома за да исчисти, отишол до банка да подигне пари, до супермаркет по намирници за ручек.
Го сменил песокот на мачките и го избањал кучето. Веќе дошло 13 часот и побрзал да ги намести креветите во спалната, да ги испере алиштата, да пребрише прашина и паркет, истрчал да ги земе децата од училиште.
Им подготвил ручек и им помогнал околу домашната задача. Потоа ја наместил даската за пеглање и додека пеглал гледал серија на телевизија. Во 16:30 почнал со готвење на зеленчукот за вечера.
По вечерата ја исчистил кујната, ја вклучил машината за садови, ги ставил перените алишта на тераса да се сушат, ги избањал децата и ги легнал да спијат.
Во 21:00 бил комплетно исцрпен, а домашните работи останале недовршени… додека во кревет го чекала жена му која очекувала да води љубов со него, што некако едвај без да се пожали успеал да и удоволи.
Следното утро штом се разбудил клекнал покрај креветот и се помолил:
“Господе, не знам што си мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам дозволи ми да се вратам во своето тело!“
Господ на тоа му одговорил “Сине мој, имам чувство дека ја научи лекцијата и ќе бидам среќен се да вратам онака како што беше. Само, ќе мораш да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ ти забремени“.
Внимавајте што посакувате затоа што може навистина да ви се оствари!
82. ПОДАРОК
Студент ја подготвувал дипломската работа а со тоа се ближело и доделувањето на дипломата. Со месеци се воодушевувал на спортските автомобили кои ги разгледувал по каталозите од авто салоните. Знаел дека татко му може да си дозволи таков подарок, и затоа и му кажал дека автомобил е се што сака како подарок за дипломата.
Како што се наближувал денот , така студентот се повеќе очекувал да открие некој знак за купувуањето на автомобилот.Конечно, дошол денот за доделување на дипломите.Татко му го повикал во својата работна соба.Му рекол дека е горд на него, и дека е среќен што му е син и дека многу го сака. Таткото му предал убаво спакуван пакет .
Помалку разочарано, но сепак љубопитно студентот го земал пакетот и почнал да го отпакува. Пред него се појавила книга со преубав кожен превез. Бесен, и со повишен тон синот му рекол на татко му:
“Лежиш на пари, а ми купи само една обична книга!!!“ По тие три збора, студентот ја фрлил книгата, истрчал надвор, и заминал.
Поминале многу години. Во меѓувреме, синот пораснал во доста успешен деловен човек.Имал прекрасно семејство и убава куќа. Но секој ден станувал се посвесен на фактот дека сега татко му е прилично стар и дека можеби би требало да оди да го посети.Но пред да ја оствари својата намера, му стигнало телеграма ,со која го известувиле дека татко му починал и дека сето наследство му го оставил нему.
Морало итно да дојде и да ги среди сите потребни документи во врска со препишувањето на куќата и имотот од својот татко на свое име.
Приближувајќи се до куќата, се повеќе го обземала тага и грижа на совеста. Во татковата работна просторија се потсетил на нивниот последен разговор...и средувајќи ги така документите , погледот му паднал на книгата со кожен превез која стоела на она место на кое тој ја фрлил оној ден кога дипломирал.
Со солзи во очите почнал да ги листа страниците на книгата , застанувајќи на некои страници.
Во тој момент, испаднал клуч од пликот кој бил прилепен за задната корица од книгата. Тој го подигнал клучот за кој бил закачена картичка од автосалонот.
На картичката било името на автосалонот,типот на автомобилот и датата на продажбата потврден со печат.
Тоа било датата на неговото доделување на дипломата.
Поука
Колку пати сме ги пропуштиле Божјите поклони само затоа што не биле спакувани на начин на кој ние сме очекувале!
83. СТАРИ ЧЕВЛИ
Некој млад студент тргнал на прошетка со својот професор. Додека шетале и разговарале, на спротивната страна од патот здогледале еден пар стари чевли, што по сè изгледа припаѓале на некој сиромашен селанец, кој работел во близина во својата нива и веќе привршувал со својата работа. Студентот му рекол на професорот: „Ајде да се пошегуваме со овој селанец. Ќе му ги сокриеме чевлите а потоа ќе се засолниме зад грмушките и ќе посматраме што ќе направи, додека ги бара.“
Професорот му одговорил: „Момче, никогаш немој да се шегуваш на сметка на туѓата неволја и беда. Но бидејќи си богат, можеш да си причиниш поголемо задоволство од ова. Стави по една златна паричка во секој чевел, а потоа ќе се сокриеме во грмушките и ќе ја набљудуваме неговата реакција.“
Студентот направил така и обајцата се сокриле зад некоја грмушка во близината. Селанецот ја завршил својата работа и наскоро дошол од полето до местото каде што ги имал оставено своите чевли и своето палто. Додека го облекувал палтото, едната своја нога ја ставил во чевелот и почувствувал дека има нешто во него. Отпрвин помислил дека е камче, но набрзо сфатил дека тоа е златна паричка.
Сиот зачуден го погледал златникот, се завртел наоколу и потоа замислено го набљудувал некое време. Повторно се свртел наоколу, но не видел никого. Ја ставил паричката во џебот и тргнал да го облече и другиот чевел. Но на свое големо изненадување, и во него пронашол златник. Наеднаш го совладале чувствата и тој паднал на колена, ја подигнал главата кон небото и започнал да кажува молитва во знак на благодарност. Во својата молитва тој спомнал за својата тешко болна и беспомошна жена, за своите деца кои немаат ни леб за јадење, а сега благодарение на невидливата рака која му ги испрати златниците, најпосле ќе бидат спасени.
Студентот стоел длабоко трогнат и со солзи во очите.
84. Четири синови и една ќерка
Првиот ден од бракот, мажот и жената одлучиле да не примаат гости во својот дом и на никој да не ја отвораат вратата. Тој ден дошле родителите на мажот во посета, стоеле пред вратата и чекале да им отворат.
Мажот и жената се погледнале, тој посакал да им отвори врата, но бидејќи имале договор не го направил тоа, па родителите си заминале.
По некое време, истиот ден, на посета дошле и родителите од женската страна. Се погледнале и помислиле на договорот кој го имале. Но, наеднаш жената започнала да плаче: „Не можам да им го направам ова на моите родители…“ и ја отворила вратата. Мажот тивко стоел и молчел.
Годините минувале, а тие добиле четири сина. Петтото дете кое го добиле било девојче. Кога таа се родила таткото организирал голема, незаборавна веселба.
По веселбата неговата жена зачудено го запрашала зошто толкава веселба за нивното петто дете, а за ниту едно од претходните четири.
Сега гордиот татко едноставно и одговорил: „Затоа што само таа ќе ми ја отвори вратата, дури и кога нема да смее…“
85. ПРИЈАТЕЛСТВОТО
Еден ден глувчето ги видело фармерот и неговата жена како отвораат некој пакет. Се запрашало за каква храна овој пат станува збор. Но, кога открил дека станува збор за стапица за глувци, го фатило страв.
Трчало низ дворот на фармата и ги предупредувало останатите викајќи: “Во куќата има стапица!“.
Кокошката ја подигнала главата и му одговорила:
“Господине глушец, тоа е сериозен проблем за тебе, но нема никакви последица за мене. Јас не морам да се грижам за тоа.“
Глушецот се свртел кон прасето и викнал: “Во куќата има стапица! Во куќата има стапица!“.
Прасето сочувствувало, но му одговорило: “Многу ми е жал господине глушец, но јас не можам ништо да направам освен да се молам за тебе. Биди сигурен дека си во моите молитви.“
На крај глушецот се свртел кон кравата и викнал: “Во куќата има стапица! Во куќата има стапица!“ Кравата одговорила: “Ох, господине глушец, жал ми е за тебе, но од мене нема да фали парче кожа.“
Така, глувчето се вратило одбиено со крената глава во куќата за сам да се соочи со стапицата на фармерот.
Таа ноќ се чул чуден звук во куќата – како звук кога стапицата ќе го фати својот плен. Жената на фармерот побрзала да види што се фатило. Во темницата не забележала дека стапицата фатила отровна змија за опашот. Змијата ја гризнала. Фармерот брзо ја одвел жена си во болница и дома се вратила со температура.
Температурата најчесто се лечи со пилешка супа, па фармерот ја заклал кокошката.
Болеста на жена му продолжила, па во посета дошле пријателите и соседите. За да ги нахрани, фармерот го заклал прасето.
Жената на фармерот за жал не оздравела и умрела. На нејзиниот погреб дошле многу луѓе па фармерот морал да ја заколе и кравата за да се осигура дека ќе има доволно месо за сите.
Глувчето тажно го гледало сето ова низ својата пукнатина во ѕидот.
Следен пат кога ќе слушнеш дека некој се соочува со проблем за кој сметаш дека не те засега, сети се – кога еден од нас е загрозен, сите сме во опасност.
Сите сме заедно во патувањето наречено живот. Мораме да внимаваме едни на други и понекогаш да направиме додатен труд за да охрабриме некој од нас.
Една од најдобрите работи на овој свет е пријателството.
86. Успеси и неуспеси
Постои една древна легенда за тројца мажи кои носеле по две вреќи на себе. Но, ниту еден од нив товарот не го чувствувал со иста тежина.
Едната од вреќите ја носеле напред, а едната позади на грбот, закачена на долго дрво.
На прашањето „Што носите во вреќите?“ сите одговориле различно.
Првиот човек одговорил: „Сите мои успеси, сите добри дела, сите мои пријатели, сите животни радости се во задната вреќа. Скриени од туѓите погледи, завршени, прекриени, не ми тежат многу. Во вреќата напред имам сè лошо што некогаш ми се случило. Одам, често застанувам, ги вадам, ги проучувам, пресметувам уште еднаш, па мислам што понатаму. Секогаш сум со нив, и во мислите и во чувствата. Секогаш работам на нив.“
Тој човек често застанувал, гледал назад, се мачел и напредувал многу малку и многу бавно.
Кога и на другиот човек му го поставиле истото прашање, тој одговорил:
„Во предната вреќа ги носам сите добри дела и предностите. Често ги гледам, ги вадам, ги покажувам на другите. Вреќата на грбот содржи многу грешки и слабости кои сум ги доживеал. Ги носам секогаш со себе, бидејќи каде и да одам тие се мој и не можам туку така да ги оставам на страна. Ми го забавуваат успехот и понекогаш се навистина тешки.“
Одговорот на третиот човек бил:
„На предната вреќа напишав Добри сеќавања. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри нешта кои сум ги доживеал и направил во мојот живот. Таа вреќа воопшто не тежи. Напротив, ми помага како бродско едро кое ме води напред. Вреќата на грбот има натпис „Лоши сеќавања“ и е празна, бидејќи одамна и го отсеков дното. Сè лошо што ми се случило и лошите мисли кои некогаш ги имам, малку ги размислувам, па ги фрлам преку грбот. Низ дупката која ја направив, тие заминуваат засекогаш.
Јас сум слободен! Немам тежина која непотребно ме забавува во успесите!“
87. ЧАША ЗА ЧАЈ
Некогаш бев глина. Мојот господар потоа ме зеде и ...ме месеше, месеше, превртувајќи ... повторно и повторно ... и повторно.
Викнав: "Остави ме на мира!" Но, тој само се насмевна и одговори: "Сè уште не."
Потоа тој ме стави на грнчарско тркало. "Одеднаш се вртев и вртев и вртев ... ... и се вртев.
"Престани! Јас имам вртоглавица "- извикав. Но, учителот само одмавна со главата и рече: "Сè уште не"
После тоа ме стави во рерна. Никогаш не сум почувствувала таква топлина. Се прашував зошто сакаше да ме запали. Викав и тропав на вратата на рерната. Можев да го видам низ дупката и да ги читам неговите усни како тој одмавува со главата: ". Сè уште не"
Конечно, вратата се отвори. воздивнав! Тој ме стави на полица. Почнав да се изладувам.
"Тоа е тоа. Тоа е подобро ", реков. Но, одеднаш почна да ме четка. И целата ме обои.
Водената пареа беше страшна. Мислев дека ќе умрам "Престани! Престани со тоа! "Го молев плачејќи.
И тој повторно одмавна велејќи: "Сè уште не."
Потоа одеднаш тој ме врати во рерна. Но, не во првата, туку во двапати потопла. Бев сигурна дека ќе се задушам. Јас викав, молев, плачев.
Цело време можев да го видам низ дупката како ја одмавнува главата и вели: "Сè уште не."
Бев убедена дека нема надеж и дека нема да успее. Бев подготвена да се откажам. Но, вратата се отвори. Тој ме зеде и ме стави на полица.
По еден час ми даде огледало и рече: "Погледај се."
Гледав во себе ... "Тоа не сум јас! Тоа не може да бидам јас! Па, јас сум убава! "
"Сакам да знаеш", рече тој тогаш, "Знаев колку те боли додека те печев и месев, но ако те оставев така ќе се пресушеше.
Знам дека ти предизвикав вртоглавица на тркалото, но ако запрев, ќе се распарчеше.
Знам дека те болеше и ти беше топло и спарно во рерната, но ако не те ставев таму, ќе се скршеше.
Знам дека водената пареа беше страшна кога те боев цела, но доколку не го направев тоа, не би зајакнала. Не би имало боја во твојот живот.
И ако не те вратев во втората печка, немаше уште долго да живееш, лесно би се скршила.
Сега, ти си готов производ. Ти си она што го имав на ум кога почнав со тебе. "
88. Мудрецот и кршливите играчки
Во едно cело живеел мудрец. Тој многу ги cакал децата и чеcто им давал кршливи играчки. Децата cе обидувале да cи играат внимателно, но играчките постојано им cе кршеле и тие многу тагувале за нив.
Мудрецот повторно им давал играчки, но уште поубави и уште покршливи. Родителите не издржале и отишле кај мудрецот:
– Вие cте мудар и добар човек, но зошто им давате на нашите деца толку кршливи играчки? Тие многу плачат и се нервираат кога ќе ги cкршат играчките.
– Вака тие се учат како да поcтапуваат cо она што го сакаат. Ќе поминат многу години – cе наcмеал мудрецот – и некој ќе им го подари cвоето лесно кршливо cрце. Вака ќе знаат како да постапат со тој прекраcен дар.
89. Која е вистинската вредност?
Многу оддамна во една далечна земја живееше еден богат трговец со четири жени.Трговецот најмногу од сите жени ја сакаше својата четврта жена. Таа беше најубава, и најграциозна од сите, па поради тоа постојано добиваше подароци.
Трговецот ја сакаше и својата трета жена, беше горд на неа и уживаше да ја покажува пред пријателите. Сепак од внатре нешто го јадеше, тој живееше во постојан страв дека еден ден таа ќе избега со друг маж.
Трговецот ја сакаше и втората жена, таа беше неговата утеха и советник. Секогаш кога се соочуваше со проблеми разговараше со неа и наоѓаше решение за проблемите.
Првата жена на трговецот му беше лојална, неговото богатство беше нејзина заслуга, таа се грижеше за домот и децата на сите жени, но сепак тој не ја сакаше иако таа цел живот беше лудо вљубена во него.
Еден ден богатиот трговец со четири жени легна на смртна постела. Цел живот имаше друштво за во секој момент, а сега требаше да го напушти земниот живот сам и тоа многу го плашеше.
Побара од четвртата жена да го умре со него. Но таа дрско и му рече „никако“ и си замина без да погледне назад. И третата жена го одби му рече „кога ќе умреш јас ќе се премажам, животот овде е убав“. И втората го разочара кога му рече „од тука си сам, жал ми ама за овој проблем не можам да ти помогнам“.
Скршен од болка трговецот ја заврте главата и потона во очај. Во тој момент се слушна тивок глас. Првата сопруга, бледа и слаба му рече „јас ќе дојдам со тебе“
Тогаш трговецот ожалостено ја погледна и и рече „требаше повеќе да се грижам за тебе додека можев“.
Во суштина секој човек во животот има четири жени
Четвртата жена е нашето тело. Без разлика колку внимание му посветуваме тоа секогаш не напушта на крајот на животот.
Третата жена е нашето богатство и статус.Кога човекот ќе умре богатството завршува во рацете на другите луѓе.
Втората жена е нашето семејство и нашите блиски. Без разлика колку и не сакаат сепак тие ќе си продолжат по својот пат.
Првата жена е нашата душа.Често забораваме на неа и не и го припуштаме потребното задоволство по цена на богатството и убавината.
Но душата после се е она што засекогаш останува со нас.
90. КОЛКУ НАВИСТИНА ВРЕДИМЕ?
Џони Линго бил многу згоден дечко и способен трговец. Што и да купувал или продавал остварувал добра заработка. Живеел на остров на кој било обичај жените да се купуваат со крави.
Пристојна жена можела да се купи за 3 или 4 крави, а за 5 – исклучителна.
Еден ден Џони објавил дека сака да се ожени со Махана. Таа немала никакви вредности ниту углед во очите на другите островјани. Нејзиниот татко кон неа се однесувал како таа да е некој фамилијарен отпад. Велел дека во главата има слама и дека би ја дал за една слаба крава само за да се отараси од неа.
Кога селаните чуле дека Џони планира да се ожени со неа, мислеле дека тоа е можеби поради тоа што може да ја земе бесплатно. Бил многу убав и популарен, па би можел да ја добие секоја девојка на островот. Тоа што ја сакал Махана немало никаква смисла.
Дошол денот за тргување. Махана била многу исплашена, збунета и посрамена, па не сакала дури ни да излезе од својата колиба. Моки, таткото на Махана за неа побарал 3 крави. Кога собраните селани ја чуле неговата висока цена, сите почнале гласно да се смеат. Ништо посмешно не чуле во животот.
Но, Џони ги смирил селаните и рекол: „Да ти дадам 3 крави за жена е многу, но недоволно за мојата Махана. Ти давам 8 крави за Махана“.
Сите останале без здив. Моки од изненадување скоро паднал од столицата. Никој никогаш во историјата на овој остров не дал 8 крави. Зошто Џони би направил нешто такво кога можел да ја добие и бесплатно? Селаните мислеле дека Џони е суетен и сака сите да знаат дека тој е првиот и единствен кој дал повеќе крави за жена од останатите.
Конечно дошла и свадбата, после која Џони и Махана веднаш го напуштиле островот и заминале на подолг меден месец. Се вратиле после неколку месеци. Стариот трговец во нивната колиба донел подарок за Махана кој Џони го нарачал.
На старецот му застанал здивот од она што го видел. Тука била Махана. Но, таа повеќе не била срамежлива, грда и запуштена како Махана од татковата колиба. Сега била исклучително убава. Се смеела и зборувала мило. Во нејзината сјајна долга коса имало прекрасен црвен цвет. Во нејзиниот чист црвен фустан личела на кралица.
Кога отишла Махана по вода трговецот прашал: „Што се случи со Махана?“
„Тоа е заради кравите“ – одговорил Џони.
„Заради кравите?“ – зачудено прашал трговецот. „Како мислиш заради кравите?“
„Можете ли да замислите“, почнал да одговара Џони, „како се чувствува една жена која ја продаваат за една или две крави кога знае дека за некоја друга се даваат по 4 или 5. Такво нешто не можев да ѝ направам на мојата Махана.
Сакав таа да биде жена која вреди за 8 крави и затоа за неа дадов 8 крави. Најважно е каква вредност има жената во сопствените очи“ – продолжил Џони.
Во колибата на нејзиниот татко Махана немала никаква вредност. Сега знае дека вреди повеќе од секоја жена на островот. Кога човек се чувствува дека вреди за 8 крави, тогаш може и да биде човек кој вреди за 8 крави.
Потребно било Џони да ѝ ја подари својата љубов на Махана за таа да ја сфати нејзината сопствена вредност. Секој од нас вреди „8 крави“ ако има љубов во себе.
91. КАМЕН НА МУДРАТА ЖЕНА
Еднаш една мудра жена, патувајќи низ планината наишла на драгоцен камен. Каменот бил од непроценлива вредност. Го ставила во торба и продолжила понатаму.
Другиот ден додека доручкувала, пред неа се појавил еден човек. Бил многу гладен па побарал од жената да му даде било што за јадење. Жената веднаш посегнала за торбата да му извади нешто за јадење. Човекот го здогледал драгоцениот камен во нејзината торба, се воодушевил од него и побарал од жената да му го даде!
Таа му го дала без размислување.
Човекот продолжил понатаму презадоволен поради неговата луда среќа. Знаел дека каменот е толку вреден да му пружи сигурност за цел живот.
Но, после неколку дена се вратил назад да ја побара истата жена. Кога ја пронашол, и го вратил каменот назад и и рекол:
„Размислував долго. Знам колку овој камен е вреден, но ти го враќам со надеж дека од тебе ќе добијам нешто што е многу, многу повредно.
Ако можеш, дај ми го тоа што го имаш во себе што те поттикнало да ми го дадеш тој вреден камен.“
92. ЖЕНАТА ШТО БИЛА ВО ПРАВО
Си бил некој стар човек и сите што го знаеле го нарекувале Мудрец. Секој што имал мака му се обраќал прво нему. Тој знаел каде се раѓа изворот ако нема река, делел мир во лути војни и знаел со кој мелем се лекува секаква болка. Секој негов збор бил како златник кој му паѓа од устата.
Единственото негово богатство го трошел само на народот. Не постоел човек кому не помогнал.
Еден ден Мудрецот слушнал дека живеела жена во некое далечно село, која секогаш била во право. Не знаел зошто било тоа така, па решил да ја најде и да ја види таа правична жена. Прашал по пат дури сто и еден човек и сите му го рекле истото: „Таа што и да каже е во право.“ Стариот паметник малку се подналутил бидејќи постоела жена која е далеку помудра од него. Најпрво сакал да дознае низ народот што е тоа што ги посоветувала таа. Стигнал до нејзиното село и влегувал во секоја куќа.
„Добри луѓе, имам една мака и сакам да ја најдам правичната жена која ќе ме посоветува. Дали може да ме упатите до неа?“
Секаде го прашувал истото прашање и сите го упатувале кај неа.
„А, зошто мислите дека е таа најправичната жена? Како таа ви помогнала?“
На второто прашање повторно сите исто одговориле: „Нам ништо, бидејќи не сме ѝ побарале совет. Премногу ни е страв од вистината и не сакаме да се разочараме. Едноставно не сакаме да слушнеме за себе лоши зборови, колку и да биле реални. Повеќе сакаме проблемите во семејството да останат без да знаат другите. Но, сигурно знаеме дека на други им помогнала.“
Мудрецот повторно го слушнал истото и во другите куќи и не нашол ниеден човек на кому му помогнала правичната жена. Не му било јасно зошто сите ја величат, а ниеден не бил сведок на нејзиното добро дело. Луѓето не ни знаеле како таа изгледа, но верувале дека постои во нивното село.
Старецот одлучил поинаку да ја најде, предводен од својата мудрост. Најпрво барал жена која оди исправено и гордо знаејќи дека е секогаш во право. Но, таква жена немало. Сите биле скромни, вредни и посветени на семејството. Никоја не се издвојувала со посебни знаења.
Мудрецот скоро и се откажал. Само тивко рекол:
- Зарем никоја овде не е во право?
- Мајка ми е во право! - изустил еден млад човек кој случајно поминувал и го слушнал.
- Зошто, младо момче, велиш дека токму таа е во право?
- Не знам, старче, но таа секогаш е во право. - несигурно рекло момчето.
- Тогаш, одведи ме кај неа. Очајно ми е потребен нејзин совет.
Момчето го одвело мудрецот во нивната трошна куќа. Во дворот имало многу деца кои биле прилично гласни. Сите деца биле браќа и сестри на момчето. Мудрецот влегол заедно со момчето во нивниот дом кој не изгледал воопшто различно од останатите во селото. Ја видел конечно неговата мајка за која тврдел дека таа е жената која е секогаш во право.
- Добар ден, добра домаќинке. Јас сум Мудрецот кој патува оддалеку само за да ја најде жената која секогаш е во право. Зошто мислите дека тоа сте вие?
- Добар старецу, јас сум само една мајка која подеднакво ги сака, ги кара, ги советува и ги расте сите свои деца. Единствено ним им се посветувам и им кажувам каде грешат. Не очекувам ништо за возврат, само да бидат за себеси добри, успешни и вредни луѓе кога ќе пораснат. Го слушам само своето срце и без трошка завист, љубомора и омраза им кажувам што е добро за нив и кој пат е правилен, а кој не. Но, колку што сум кршлива, толку сум и храбра за да го прифатам она што ќе одлучат тие. Секоја мајка го сака само најдоброто за своето дете.
- Но, има многу мајки на светов. Зошто токму ти си пред светот најправедната?
- Мудрецу, ни јас сум најсовршената мајка, ниту моите деца се повредни од другите. Тие се само премногу гласни и кажуваат сѐ што мислат пред народот. Сигурно го кажале и тоа дека јас секогаш сум во право.
Мудрецот сфати дека, од толку мудрости што знае, најблагодарен треба да им биде на оние од својата мајка, бидејќи таа е најправичната жена во животот на секое дете. Тој колку и да помага, никогаш нема да биде поправичен и попотребен од мајката кон своето дете.
Тоа само треба да е доволно гласно за да каже:„Ти благодарам, мамо, ти си секогаш во право.“
Нема поголемо богатство и поголемо величење од благодарните деца.
93. Јаболковото дрво
Некогаш одамна, постоело огромно јаболково дрво. Едно малечко дете сакало секојдневно да си игра околу ова дрво. Се качувало до врвот на неговите гранки, јадело јаболка и седело под неговата сенка. Детето го сакало дрвото, а и дрвото сакало да си игра со него. Времето поминувало, а детето пораснало. Повеќе не играло околу него, а еден ден кога го посетило веќе пораснатото момче, дрвото било тажно.
„Дојди и играј си со мене“, рекло дрвото, на што момчето одговорило: „Не сум повеќе мал за да играм со тебе. Сега сакам играчки и потребни ми се пари за да ги купам“. „Жал ми е, јас немам пари. Но ти можеш да ги собереш моите јаболки, да ги продадеш и да заработиш пари“, рекло дрвото. Радосно, детето се искачило на него, ги собрало сите јаболка и си заминало задоволно. После тоа, момчето не се вратило кај него, така што дрвото повторно било многу тажно.
Еден ден момчето, веќе возрасен човек, се вратило кај дрвото. Дрвото се израдувало поради неговото доаѓање. „Дојди да си играш со мене“, рекло тоа, на што човекот одговорил: „Многу сум уморен, и започнав да стареам. Би сакал некаде да испловам за малку да се одморам. Дали имаш чамец да ми дадеш?“. Дрвото одговорило: „Од мојот дебел труп можеш да направиш чамец и со него да пловиш каде што сакаш“. Така човекот го исекол дрвото и од него направил чамец. Отпловил и повеќе не се вратил.
После долги години човекот се вратил. „Жал ми е дете мое драго, но повеќе немам што да ти дадам. Немам повеќе јаболка“, рекло дрвото. Човекот рекол: „Не е важно, и така немам повеќе заби да ги гризам“. „Немам стебло за на него да се качиш, а немам ни гранки на нив да седиш“, рекло стеблото. „И онака за тоа сум стар“, одговорил човек.
„Јас навистина немам повеќе што да ти дадам. Останаа уште моите стари жили“, рекло дрвото со солзи во очите. Човекот рекол: „Сега не ми е потребно ништо, сакам само да одморам. Многу сум уморен после сите години“. „Добро! Жилите на стеблото се најдобри за на нив да се потпреш и да се одмориш. Дојди, седни покрај мене и одмори се“, рекло дрвото.
Човекот седнал, а старото дрво со насмевка на лицето, заплакало од радост.
Кое е ова старо јаболково дрво, а кој е овој човек?
Човекот си ти, а дрвото е твоите родители.
94. ТРИ МУДРИ СОВЕТИ
Еден човек фатил птица, а таа му проговорила:
– Господине, во вашиот живот сте изеле толку многу крави и овци, а се уште сте гладни. Ретките мевца по моите коски едвај ќе ве заситат. Ако ме пуштите на слобода, ќе ви дадам три мудри совети. Првиот ќе ви го кажам, додека сум на вашата раката, вториот – од покривот на куќата, а третиот – од врвот на она дрво.
Мажот се согласил. Ја ослободил птицата и таа застанала на неговата рака.
– Прв совет: не им верувај на апсурдни ветувања, без разлика кој ти ги кажува.
Птицата полетала и се качила на покривот:
– Втор совет: не тагувај за минатото. Не можеш да го вратиш.
Меѓу другото, додала птицата, во моето тело е скриен огромен бисер со тежина колку десет бакарни парички. Тој можеше да биде наследство за тебе и за твоите деца, но еве што се случи. Можеше да бидеш сопственик на најголемиот бисер во светот, но ти си ја потроши шансата.
Мажот заплакал како дете.
– Нели ти реков да не жалиш за минатото? – рекла птицата.
– А исто така и да не веруваш на апсурдни нешта? Та целата моја тежина е помалку од десет бакарни моменти. Како би можела да имам во себе толку тежок бисер?
Мажот почнал да доаѓа на себе и прашал .:
– Добро. А совет број три?
– Научи да ги користиш првите два.
95. ОРЕЛ
Според оваа приказна, орелот живее речиси идентично колку човекот, но ако сака да ја доживее таа старост до 80 години, орелот мора да донесе тешка одлука - дали ќе го помине патот на болно умирање и повторно раѓање?
Кога ќе наполни 40 години, неговите долги и еластични канџи веќе не можат да го ловат пленот кој му служи како храна.
Неговиот долг и остар клун станува свиткан.
Неговите стари и тешки крила се прилепуваат за градите, заради што не може да лета.
Тогаш на орелот му преостануваат две опции - или да умре или да помине низ болниот процес на промени кои траат 150 дена.
Тој процес бара од орелот да стигне до врвот на планината и да седне во гнездото.
Таму орелот клука со клунот од каменот додека тој целосно не падне. Потоа чека да порасне нов.
Потоа со новиот клун ги клука старите канџи. Кога ќе израснат нови канџи, орелот почнува да ги кубе своите стари пердуви.
Само така по 5 месеци орелот повторно може да се вивне во лет и да живее уште 40 години.
Многу пати, за да преживееме мораме да го започнеме процесот на промени. Би требало да се ослободиме од некои сеќавања, лоши навики, лоша околина...
Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж можеме да ја искористиме сегашноста.
96. Колку е тешка оваа чаша?
Одговорите варирале помеѓу 200 и 400 грами, за на крајот публиката да разбере дека тој воопшто не ни прашува за физичката тежина.
„Физичката тежина не е важна. Сè зависи од тоа колку долго ја држам,“ објаснил психологот.
„Ако ја држам 1 минута, не е проблем. Но, ако ја држам цел час, ќе ме заболи раката. Ако ја држам цел ден, раката ќе ми се вкочани. Во секој случај тежината не се менува, но што подолго ја држам, таа станува толку потешка.
Стресот и грижите се како оваа чаша вода. Ако размислувате за нив некое време, ништо нема да ви се случи. Ако размислувате малку подолго, ќе почнат да болат. Ако размислувате за нив цел ден - ќе се вкочаните, неспособни да направите било што. Сетете се да ја спуштите чашата.“
97. СПОКОЈ И МИР
Некогаш одамна, Буда одеше низ градовите заедно со неколку свои следбеници. Тоа беше на самите почетоци кога тој стана учител. Додека патуваа, се случи да стигнат до едно езеро. Застанаа покрај езерото да се одморат и тогаш Буда му рече на еден од своите ученици: “Јас сум жеден. Ќе ми донесеш ли малку вода од езерото?”
Ученикот послушно се упати кон брегот. Самошто се навeдна да наполни вода, забележа дека една група на луѓе погоре, перeа алишта во езерото, и токму во тој момент еден од нив фрли голем камен во водата и потполно ја замати. Ученикот си помисли: “Не можам да дозволам учителот да пие од оваа вода!” Потоа се врати назад и нервозно му кажа што се случи.
Буда остана спокоен и за половина час повторно побара од ученикот да се врати до езерото и да наполни вода. Ученикот го послуша. Овој пат тој забележа дека езерото е мирно, а водата сосема чиста. Калта се имаше спуштено на дното и бистрината на водата беше вратена. Така тој наполни вода и му ја однесе на жедниот учител да се напие.
Буда погледна во водата, потоа погледна во ученикот и му рече: “Виде ли како ти ја направи водата чиста?”
Кога го забележа збунетиот израз на лицето до својот ученик, продолжи: “Едноставно и дозволи да мирува и калта се спушти на дното сама од себе… Твојот ум функционира на ист начин. Кога тој е вознемирен, пушти го да биде… дај му малку време и тој ќе се смири сам од себе. Не треба да вложуваш напор за да го смириш. Тоа секако ќе се случи по некое време, тука не треба трудење.”
Што сакал да го научи Буда својот ученик? Да учиме да имаме мир и спокој во умот и душата. Да не дозволуваме жедта за материјални работи да ни го замати паметот. Да не се вознемируваме премногу кога нешто нема да се случи онака како што сме очекувале… Да дозволиме бурата да помине, а потоа да го дочекаме спокојот. Кога нашата душа е мирна, тоа се чувствува наоколу. Спокојот се шири и влијае позитивно на сите други. Така вие ќе бидете личност која најпрво е среќна сама со себе, а потоа обожавана и од другите.
98. Сè е внатре во нас!
Уморен и згрозен од бучниот и неспокоен град, еден човек решил да најде тивко место каде ќе се оддалечи некое време на размислување за животот и смислата на него.
Се искачил високо во планината, влегол во длабоката шума, каде не се меркала жива душа. Но не успеал да се сконцентрира- му пречела песната на штурците!
Навлегол уште подлабоко во шумата, но таму пак птиците пееле многу високо и му пречеле во комуникацијата со внатрешното "Јас".
Во потрага по апсолутната тишина, тогаш човекот влегол во една пештера. Таму било многу тивко, но некаде во нејзините набори капела вода. Звукот на капките директно го збеснувале.
Тогаш човекот си изградил мал, звукоизолиран бункер, без врати и прозорци. Но во целосната тишина јасно му пречел часовникот. Човекот го симнал часовникот од раката и жестоко го удрил од ѕидот.
Седнал, здивнал длабоко и се подготвил конечно да се наслади ма мирот, но ... "туп-туп, туп-туп ...", му пулсирало срцето се погласно и погласно ...
Поука: Сите проблеми, како и нивните решенија се наоѓаат не некаде околу нас, туку внатре во нас.
99. Комарец и Лав
Комарецот дошол кај лавот и рекол: “Јас ни најмалку не се плашам од тебе, ниту си ти појак од мене. Ако мислиш дека не е така, ела, еве сум, и да се обидеме. Јас сум многу, многу посилен од тебе”. Така рекол и веднаш почнал да лета околу лавот, да брмчи и да пишти, и се пуштил да го боцка по голите места, без влакна, околу носот и устата. Бранејќи се, лавот сам се ранувал со сопствените канџи и така дури премалел. Кога победил, комарецот забрмчел победничка песна и си одлетал. Опиен од радост, не гледал кај лета и се сплеткал во пајаковата мрежа. Кога требало да биде изеден од пајакот, почнал да тажи : “Ах каков крај за мене. Ме упропастува една никаква живинка и тоа после мојата победа над најсилниот!”
100. ЛЕГЕНДА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ
Големата Камена Глава
Народната традиција за името на градот по населувањето на Словените создала своја легенда. Според легендата што ја презентирал Ѓ. Кајдамов (Легенди за Македонските градови, Скопје 1981,10) градот - тврдина кој се наоѓал на денешното Скопско Кале бил заштитен со високи ѕидови, поради што тешко можело да се влезе внатре. Требало да се војува со стрели и копја. При нападот на утврдениот град водачот на словенската војска командувал : "Со копја да се напаѓа тврдината". Командните зборови "со копја" (скопја) водачот на Словените ги повторувал повеќепати. Зборовите на водачот останале долго во сеќавање на војниците и населението. Така градот почнале да го викаат Скопја, Скопие или Скопје.
Некогаш, многу, многу одамна, длабоко во шумите на една Планина, си живееле тројца браќа. Нивниот татко беше посадил по еден јавор за секој од нив, кога тие биле родени. Пред да умре, таткото им кажал на синовите:
”Силата на секој од вас е во неговиот јавор!”
Еден ден најстариот брат им рекол на браќата:
„Чувствувам како да ми дојде мојата сила. Ако го посечам моево јаворово стебло со еден замав на мечот, ќе бидам сигурен во тоа и ќе заминам да си ја барам среќата!“
Мавнал со сета сила, го пресекол стеблото. Утредента се поздравил со браќата, го јавнал коњот, и тргнал да си ја бара среќата.
По некое време, и средниот брат се сторил со снагата. Го викнал најмалото братче сугарче, и му рекол:
“Дојде време и јас да си ја пробам силата! Ако го пресечам мојот јавор со еден удар, ќе појдам да си ја побарам среќата. Ти веќе не си мал, си научил како да живееш сам во шумава. Кога ќе ти дојде тебе твојата сила, пресечи го и ти својот јавор, та појди да си ја бараш среќата, како и ние двајцата што сторивме!”
Мавнал вториот брат со мечот само еднаш: ама колку силно! Јаворот паднал пресечен. Утредента, откако се поздравил со најмалото братче, и тој се качил на коњот, и заминал да си ја бара среќата.
Најмалиот брат си останал да живее сам. Еден ден, после силно невреме, видел како порој носи едно пиле соколово, што беше паднало од гнездото во високите карпи. Откако го извадил од водата, тој онака силен и спретен, лесно се качил до гнездото и го вратил намокреното пиле. Кога дошол дома, почувствувал дека и нему му дошла силата, и дека во жилите му зоврила јуначка крв. Го зел својот меч, излегол во дворот, и таман да мавне, кога од гранката на неговиот јавор го слушнал гласот:
“Немој млад јунаку, не го сечи јаворот!” Тој се почудил кој зборува, оти во близина немало никој: само еден сокол седнат на гранката од јаворот.
“Јас сум мајката на пилето што ти денес го спаси од поројот! Дојдов да ти се заблагодарам за тоа и да ти помогнам. Не го сечи јаворот, нека остане барем еден од трите да го чува споменот на вас тројцата и на вашиот татко. Туку, за да си ја пробаш силата, пресечи ја само оваа гранка на која јас седам!”
Најмладиот брат се согласи, оти беше научен да ја чува и шумата, и сите птици и животни во неа. Да пресече една обична гранка, му се виде премногу лесно. Мавнал тој колку што можеше посилно! Ама таа гранка на која седел соколот, да ти била потврда од железо. Светнале илјада искри, гранката паднала пресечена, но и мечот се скршил.
“Силен јунак си ти. Потешко беше да се пресече таа гранка, отколку целото стебло. Нека не ти е жал за мечот. Од оваа гранка што ја пресече, направи си копје. Друг меч ќе си најдеш, ама вакво копје нема никаде. Тоа отсега ќе биде волшебно копје и тоа ќе те чува и ќе ти помогне да ги победиш и најсилните и најлошите маѓепсници.” - му кажал соколот.
Само што најмладиот брат ја зел пресечената гранка в рака, а таа навистина се стори тврдо и лесно копје со златна острица на врвот!
“И ова треба да го знаеш: кога ќе ти биде најтешко и кога ќе се бориш против некоја магија што е посилна од тебе, чукни ја острицата од копјето со левата рака, од срце, и тоа три пати. Копјето три пати ќе запее со гласот на сокол, а јас веднаш ќе му ја дадам и мојата сила. Така ќе го победиш секој противник. Но запомни, секогаш да се бориш само против злото и секаде да го браниш доброто! Чувај го како себе што се чуваш, а тоа тебе ќе те чува подобро отколку што ти самиот ќе се чуваш!”
Го рекол тоа соколот, и одлетал. Најмладиот брат наскоро се прочул како голем јунак. За него, со рацете на најдобриот мајстор, беше ти бил искован еден меч, потврд и поостар од сите други: спроти јунакот, и мечот, што се вели! Така опремен, младиот јунак тргнал секаде каде што ќе слушнал дека им треба помош на луѓето во бробата против злото, и со своето копје и со мечот ги ослободувал од насилници и зулумќари.
И така, еден ден јунакот ја дознал и приказната за Големата Камена Глава. Во едно големо поле, си била некоја огромна карпа во облик на човечка глава. Никој не паметил кога дошле првите луѓе тука, но сигурно се знае дека тие карпата веднаш ја завикале Камена Глава, зашто никој не памети дека некогаш поинаку ја нарекувале.
А карпата навистина прилегала на човечка глава: дури имала и седум големи отвори-пештери, токму како и главата на човек: две очи, две уши, две ноздри, и една уста!
Како и вистинската глава, и Големата камена глава гледала, слушала и зборувала! Во таа карпа живеел некој умен и многу добар волшебник. Сите знаеле дека Големата Камена Глава е главата на добриот волшебник. Тој секогаш ги советувал луѓето за она што е добро и ги одвраќал од сите лоши работи. Сепак, никој никогаш не го видел, така што луѓето не знаеле ни кој е, ни што е. Само што, пред да се слушне неговиот глас, од устата на Големата Камена Глава, секогаш излетувал еден прекрасен сокол!
За луѓето најважно било што добриот волшебник им помагал со своите совети и ги бранел од секакво зло и загроза. Со време, многу луѓе се населиле околу Големата Камена Глава. Помогнати од мудрите совети на добриот волшебник, тие живееле среќно и во голема слога, а нивната населба наскоро се прочула надалеку. По некое време, гласот за градот кај Големата Камена Глава стигнал и до еден многу лош волшебник, со најсилна магија. Тој се викал Љубомор, ги мразел луѓето, и бидејќи не можел да поднесе среќата на другите, решил да го убие добриот волшебник, заштитникот на луѓето, а Големата Камена Глава да ја урне, искрши и потоа да ја стори дробен чакал и ситна песок. Долго се бореле добриот и лошиот волшебник! На крај победил Љубомор, оној лошион. Не можел да ја турне и да ја искрши Големата Камена Глава, зашто неа ја чувала магијата на добриот волшебник. Лут заради тоа, тој ја проколнал да се затворат сите седум отвори. Големата Камена Глава така станала слепа, глува, и нема, а ниту од неа веќе се слушал гласот на добриот волшебник, ниту некој, или нешто можело да влезе во Главата, ниту да излезе од неа. Луѓето велеле дека и оној сокол останал заробен во Големата Камена Глава. По ова, исплашени, луѓето се разбегале, населбата пропаднала. Веќе никој не смеел ни да поминува тука; оние кои што тука ќе ги затекнала ноќ, наутро ги немало никаде. Нив ги убивал и ги голтал лошиот волшебник.
Многу се натажил најмладиот брат кога ја слушнал приказнава. В рака го стегнал своето верно копје, го прицврстил мечот на јуначка си снага, се фрлил на коњот и со најбрз галоп го потерал кон местото каде што луѓето му кажале дека се наоѓа маѓепсаната Голема Камена Глава. Во првите мугри стигнал таму. Добриот коњ му бил цел покриен со пењи, а и тој се беше изморил од долгото јавање. Но ниту се плашел, ниту се премислувал јунакот!
Тргнал право кон кон Големата Камена Глава. Таа навистина била иста како човечка глава, но била и слепа и нема и глува, токму како да е камен и ништо друго! Тогаш пред него излегол страшниот Љубомор. Долго се бореле најмладиот брат и лошиот волшебник. Во борбата, на јунакот му се искршил и новиот меч. Но токму кога Љубомор, престорен во чудовиште, и самиот изморен и ранет, тргнал да го проголта, јунакот се сетил на советот на онаа соколица. Бргу три пати ја чукнал златната острица од своето волшебно копје, кое истиот миг три пати запеало со гласот на сокол, и со сета сила го фрлил право во срцето на Љубомор! Се слушнал страшен татнеж, земјата се стресла, чудовиштето се исправило за последен пат крикнало посилно од гром и, паднало ничкум. По малку, лошото чудовиште било мртво, потоа го снемало а на земја, прикован со копјето, се покажал само еден грд старец. Со последни сили тој му рекол на јунакот:
”Ме победи со благородноста од која е направено и твоето копје!” Откако ги кажал овие зборови, се стопил и грдиот старец, а на земја останала само една влажна трага, како да поминал некој голем полжав. Така го снемало Љубомор.
Јунакот го извадил копјето и премален тргнал кон Големата Камена Глава. Колку што еднаш ја допрел, а на неа се отвориле сите седум заѕидани отвори! Очите се отвориле и прогледале, ушите прослушале, устата се отворила. Од устата на Големата Камена Глава излетал еден голем, прекрасен сокол, се спуштил на едното рамо од јунакот, а во истиот миг на другото рамо му слетала онаа истата соколица на која и го беше спасил соклето, и која што му го беше подарила волшебното копје.
Тогаш соколицата му рекла:
”Со овој сокол, ние сме маж и жена. Дадовме завет и се сторивме соколи за да им помагаме на луѓето, се додека не се најде некој исто толку благороден, да им помогне на луѓето, а нас да не ослободи од заветот. Мажот ми, овој сокол, дојде тука, да ги советува и брани луѓето во градот, а јас одлетав да им се најдам на луѓето од планината. Твојата добрина пренесена во копјето, и твојата душа посилна од силата на Љубомор, победиле денес и ќе победуваат секогаш додека сте сложни. Ние ќе ве помагаме ако во вас не завладее лошиот Љубомор. Сега ќе одиме во нашата куќа, во планина, но кога ќе затреба, пак ќе се сториме соколи за бдееме врз ова место и врз сите луѓе тука!“
Тогаш јунакот прашал:
„Кажи ми уште само, како ќе ја најдам вашата куќа в планина, кога ќе затреба да ни помогнете?“
„Нашата куќа е истата онаа куќа во која сте родени ти и твоите браќа,а во неа се родени и вашите родители, и дедовците на вашите дедовци!“ одговорила соколицата. Многу се почудил јунакот, посакал уште да праша, но пред уста да отвори, а соколите веќе беа летнале во небото. Во тој миг дувнале седум свежи ветрови низ сите седум отвори во Големата Камена Глава. Земјата повторно се затресла, и пред јунакот се исправил огромен џин. На неговите раменици, широки како цело поле, високо до облаците, сега стоела жива и Големата Камена Глава.
“И јас веќе не сум ви потребен! Добро знаете од што сте страдале, и ќе знаете што треба да правите и како да се браните. Оти злото е во човекот, и оној зол маѓепсник Љубомор веќе нема да дојде никогаш, ако вие не му отворите ниту еден од седумте отвори, и не го пуштите внатре!” Така кажал џинот со силен глас, и се изгубил!
Истоштен од борбата и од сите чуда, јунакот легнал в трева да поспие. Од неговата пот избиле неколку кладенци бистра вода, а телото каде што тој легнал, по некое време, се сторило планина која луѓето ја завикале Водно. И денес, погледнато од далеку, Водно прилега на заспан џин. Таму пак, кај што тој го положил копјето, се сторил еден висок срт, долг и тенок како копје. Секаде каде што копјето било допирано од рацете на јунакот, по сртот израснал и веднаш расцутел јоргован. На местата на кои копјето беше испрскано од крвта на оној зол волшебник Љубомор, никнале цветови, со листови густи и црвени како крв, кои не растат на ниту едно друго место. Бидејќи овој бој се водел во пролет, оттогаш, до денес, секоја пролет, високиот тенок срт обраснува со јоргован, а на истите места на кои се беа појавила за прв пат, никнуваат оние цветови, црвени како крвта на волшебникот. Овој срт луѓето го нарекле Осој, затоа што јунакот легнал во сенката на своето копје, попладнето кога завршила борбата против Љубомор. И денес тој срт му прави сенка на градот, секое попладне. Од време на време, од Осој се слушаат како пиштат соколи. Заради нивната песна, и во спомен на големиот бој во кој копјето за прв пат победоносно запеало, градот што бил основан во подножјето на Водно и Осој, неговите жители го нарекле “Копје кое пее”. Бидејќи победата врз лошиот Љубомор била извојувана со тоа копје, тие го смениле во “Со копје кое пее”. Со време, сеќавањето за тоа се сочувало во скратеното име ”Со копје”. Од ова е настанато денешното име ”Скопје”. На местото на кое лежела Големата Камена Глава, со време се развил убав и голем град. Кон него и денес водат и од него излегуваат седум патишта, на кои некогаш биле седум порти, заради што Скопје било познато и како Градот На Седумте Порти. Старите велат дека таму каде што биле очите од Големата Камена Глава, се отворила двете клисури: Качаничката и онаа на Матка; реките Лепенец и Треска потекле низ нив за да потсетуваат на реки од солзи што биле пролеани додека Голема Камена Глава била маѓепсана од лошиот Љубомор; кај што биле ноздрите, сега се отвораат клисурите кај Групчин и кај Радуша - познати и како Групчински и Радушки Дервен; планината Жеден пак, го добила името по тоа што јунакот токму на тоа место бил најмногу жеден додека се борел, а се наоѓа на местото помеѓу нив, како што и носот ги спојува и раздвојува ноздрите; преслапите на Китка Планина, како и на седлото кон Матејче, оттогаш се таму каде што некогаш биле ушите на Големата Камена Глава; Таорската Клисура, најнапред ширум отворена а потоа стеснета како грло, била создадена на местото на кое била устата од Големата Камена Глава!
Секој камен што ќе го земете в рака на целиот овој простор, е дел од некогашната Голема Камена Глава. Тие се тука за да го потсетуваат секој жител на Градот Со Седумте Порти, дека луѓето онемуваат и ослепуваат, стануваат глуви, ако му се препуштат на најлошиот волшебник наречен Љубомор, и дека дури и каменот прогледува, прослушува и прозборува, таму каде што ќе смогнат сили да го победат со својата добрина!
А соколите, прашувате. што стана со соколите? Тие и денес се птици заштитници на вашиот и нашиот град Скопје! Слушнете ја само песната што одекнува низ устата на некогашната Голема Камена Глава, по течението на реката Вардар:
”Море сокол пие, Вода на Вардаро”
101. СОКОЛ
Некогаш одамна си живеел еден господар кој имал сокол. Тој многу го сакал својот сокол и секогаш кога одел на лов, го носел и него на рака. Еден ден отишол во шумата и видел елен. Господарот го јавнал коњот и јурнал по еленот. Отишол толку далеку што неговите слуги не можеле да го следат и го изгубиле од вид.Господарот го стигнал еленот, го уловил и почувствувал дека одеднаш многу ожеднел. Долго јавал со коњот наоколу барајќи некаков извор, но не можел да најде ништо. Конечно стигнал до подножјето на една голема карпа и видел дека од нејзиниот врв полека капе вода. Извадил една чаша од неговата торба и се обидел да ја наполни со вода. Чашата полека се полнела и баш тогаш кога ја доближил до устата, долетал соколот, го удрил по раката и сета вода се истурила.
Господарот му се налутил на соколот и повторно ја ставил чашата под карпата за да ја наполни. Успеал да ја наполни и ја доближил до устата, но соколот повторно го удрил по раката и сета вода се истурила. Сега господарот многу се налутил, го фатил соколот и го треснал од земја, а птицата останала да лежи неподвижно.
Набрзо пристигнал еден од слугите на господарот и тој му кажал дека е многу жеден. Слугата ја земал чашата и ја наполнил со водата од матерката што ја носел. Му ја подал на господарот, но тој му кажал:
„Ми се пие чиста и ладна вода. Сакам од онаа што капе од карпата, но не сакам да чекам да се полни чашата капка по капка. Качи се горе на карпата и наполни ми вода од изворот.“
Слугата се качил на карпата, го нашол изворот и што да види! На самиот раб од карпата лежела змија, а нејзината отровна плунка се мешала со изворската вода и капка по капка се слевала надолу.
Слугата се исплашил, брзо се симнал долу и му објаснил на господарот што видел. Потоа, му ја наполнил чашата со вода од матерката и му ја дал. Господарот ја доближил до устата, но не можел да се напие ниту голтка. Горко заплакал, му го покажал мртвиот сокол на слугата и почнал да ја колне својата непромисленост. Целиот живот се сеќавал на оваа несреќна случка!
Наравоучение: Паметните луѓе никогаш не преземаат ништо додека не размислат добро.
102. Светот го гледате како мува или како пчела
Секој гледа различно на светот. Некој ја гледа светлата, убава страна, друг пак, може да е повеќе насочен кон негативните аспекти на животот.
Ако ја прашате мувата дали видела цветови на местата каде најчесто лета, можете да слушнете ваков одговор:
„Не сум видела никакви цвеќиња. Ама од друга страна пак, има многу валкани глупости.“
Она што најмногу можете да го извлечете од мувата се приказни за отпадоци кои таа ги гледала целиот свој живот.
Но, ако пак, прашате пчела дали видела некакви одвратни работи на местата каде таа летала, најверојатно ќе добиете ваков одговор:
„Нечистотии? Не, не сум видела ништо такво. Ама затоа пак, насекаде има прекрасни, благи, миризливи цвеќиња.“
Секогаш ќе постојат такви кои дури и да се наоѓаат во најблаготворната медовина, ќе најдат само нечистотија, но и такви кои ќе гледаат само на убавините кои ги има во изобилство.
Тоа е поентата на животот.
Секој од нас го добива тоа што го бара и гледа.
103. Ослободете се од синџирите
Очаен човек отишол кај мудар филозоф и го прашал како може да се ослободи од синџирите кои што го попречуваат и предрасудите што го ограничуваат. Мудрецот брзо скокнал од столот, отишол до најблискиот столб се завиткал цврсто околу него со двете раце и почнал да вика:
„Спасете ме од овој столб! Спасете ме од овој столб!“
Мажот не можел да им поверува на своите очи. Помислил дека филозофот полудел. Тогаш зачудено го прашал:
„Зошто го прегрна столбот? Мислев дека ти си мудрец и дојдов да ти поставам духовно прашање. Полуде ли? Ти го држиш столбот, а не тој тебе, за да те ослободи некој!“
Филозофот го пуштил столбот и му одговорил:
„Штом тоа си го разбрал, тогаш го имаш и одговорот на твоето прашање. Никој не ти ги врзува синџирите, ти самиот си ги ставаш синџирите. Значи, ако ги пуштиш, ќе се ослободиш од нив!“
104. Дали сакате да бидете среќни?Еден професор сакал да се пошегува со учиниците за време на едно од неговите предавања. Тој им се обратил на младите:
„Дали сакате да бидете среќни? Веднаш можам да ве направам среќни, можам да ви дадам вечна среќа. Дали некој од вас го сака тоа?“
Многумина од присутните кренале рака.
„Одлично!“, продолжил професорот. „Ќе добиете среќа во замена за сè што имате. Дајте ми сè што го поседувате и јас ќе ве направам среќни.“, рекол тој.
Учениците го гледале збунето. Мислеле дека зборува метафорички.
„Јас ви ветувам! Не се шегувам!“, сериозно им одговорил професорот.
Тогаш рацете на учениците почнале да се спуштаат и тој рекол: „Аха … Не сакате. Никој не сака …“
Потоа им објаснил на учениците дека ја поврзуваме среќата со удобност, успех, слава, авторитет, аплауз, пари, уживање и привремено задоволство. Среќата всушност е прашање на избори и одлуки.
105. Што можеме да научиме од другитеЕден цар си читал книга во градината на негвиот дворец, а на влезот на дворецот коларот поправал едно тркало. Коларот го оставил чеканот и длетото, се доближил до царот и го прашал:
„Простете ми за љубопитноста, но што читате господару?“
„Зборовите на мудреците.“, одговорил царот.
„Дали овие мудреци сè уште се живи?“, прашал коларот.
„Не, веќе долго време се мртви.“, објаснил царот.
„Значи она што го читате, се само ситни лушпи од душите на древните луѓе.“, рекол коларот.
Царот се налутил и нервозно му рекол на коларот: „Како се осмелуваш, ти, прост колар, да коментираш која што само јас, меѓу овој народ сум ја прочитал? Ако имаш што да кажеш зборувај, а ако не успееш да се оправдаш, ќе им заповедам да те обезглават!“
„Вашиот слуга донел таков заклучок преку својата работа. Ако работа без да брзам, не ми е тешко, но тркалото излегува недоволно цврсто. Ако работам пребрзо ми станува тешко и тркалото не се вклопува. Но, ако не брзам и не сум бавен, моите раце како да работат сами, а срцето чука заедно со нив. Не можам тоа да го опишам со зборови. Тука има некоја тајна која не можам да ја пренесам дури и на својот син, а и тој не би можел да ја прифати од мене. Затоа иако сум веќе многу стар сè уште ги правам тркалата. Така и древните луѓе сигурно умреле без да ги откријат своите тајни. Затоа мислам дека она што го читате се лушпи од душите на древните!“, одговорил коларот.
106. Како да ја зачуваме младоста?
Си живеела некогаш една многу добра и мудра старица. Во животот имала многу потешкотии, искушенија и проблеми, но сепак таа секој ден сите ги испраќала и пречекувала со насмевка на лицето. Децата кои живееле во нејзиното соседство еднаш ја прашале:
„Здраво, бабо! Твојот живот бил толку тежок, но твојата душа е уште млада и непроменета. Која е твојата тајна?“
Старицата им одговорила: „Секое добро, со кое бев благословена го ставив во моето срце, а секоја лоша работа ја фрлив да ја однесе ветрот. Деца доколку го направев спротивното сега моето срце ќе беше одбележано со тешки и неизлечиви лузни.“
Треба да научиме да ги ставаме добрите работи каде што им е местото, во срцето. А злото да го фрламе да го однесе ветрот, бидејќи не е создадено да биде чувано во нас. Ние мора да научиме како да го отфрлиме.
107. Дали можеме да избегаме од среќата? До најсиното море во величествен замок си живеела една млада, четиринаесетгодишна принцеза. Кога се родила, кралевите на двајца завојувани народи се согласиле дека ќе постигнат мир кога принцезата ќе се омажи за еден од принцовите на другата држава. Затоа и девојчето го добило името Оливија, од маслиновото дрво кое значи мир. Но, во целото кралство било забрането да зборуваат за тоа пред да дојде времето. Принцезата била љубопитно дете. Таа прекрасно играла и пеела, вешто везела и многу ги сакала животните кои живееле во кралството. Кога таа го галела тигарот или леопардот ѕверот станувал мил и нежен од нејзината бела рака. Но најмногу од сè ја сакала кафеавата мечка. Но, Оливија сфатила дека мечката е тажна затоа што е заробена и таа храбро ја отворила вратата на нејзиниот кафез кога нејзините родители биле на бал во соседното кралство. Мечката истрчала од кафезон, но потоа застанала за да се врати да ја лизне раката на принцезата во знак на благодарност. Потоа продолжила д атрча кон шумата. Кога дознале нејзините родители биле многу лути: „Што ако мечката те убиеше?“ Девојчето само се смеело. Принцезата не се посомневала во ништо кога еден ден ја спакувале и со златна кочија ја пратиле „на гости кај тетка и“. Но таа чувствувала дека нешто кријат од неа и го прашала нејзиниот слуга каде одат. Тие ја воделе во кралството на кралот Фредерик да ја омажат за неговиот син и да го вратат мирот меѓу државите. Слугата во солзи и раскажал сè на принцезата. Кога застанале да ги одморат коњите принцезата избегала во шумата. Слугите почнале да ја бараат но никој не можел да ја најде.
Оливија трчала се додека нозете не и откажале и кога веќе не можела да трча пред неа излегол ѕвер, а таа си помислила дека ова е нејзиниот крај. Но пред неа стоела мечката која што таа ја ослободи. Принцезата била премногу среќна. Поминале три дена и три ноќи, а мечката ја чувала Оливија и ја топлела во студените ноќи. Еден ден пред мечката изглегло младо момче со лак си стрела и сакало да ја застрела мечката. Тогаш Оливија застанала пред мечката спремна да ја спаси.
„Тргни се од опасниот ѕвер“, рекло младото момче.
„Таа не е опасна. Таа е добра. Таа е вистинска пријателка!“, одговорила принцезата.
Потоа му ја раскажала целата приказна за мечката. Така тројцата станале пријатели, а мечката продолжила да ги чува и двајцата. Неочекувано, двајцата млади се заљубиле еден во друг. Оливија и Александар, така се викал младиот стрелец, гукале како гулапчиња. Тие не си раскажале еден на друг како се нашле во шумата. Еден ден се приближиле до замокот на родителите на Оливија и таа одлучила да му раскаже за нејзината судбина и почнала да плаче. Александар почнал да се смее ја кренал во рацете девојката и почнал да танцува со неа.
„Но, зошто се смееш?“, прашала девојката.
„Ти си истата принцеза со која моите родители сакаа да ме оженат против моја волја за да ги помират двете кралства. А јас сум истиот прин поради кој ти избега во шумата. Ние сакавме да избегаме од нашата среќа, но таа не најде.“, одговорило момчето.
Тие двајца не заблежале кога чуварите од замокот ги опколиле и ги однеле во замокот. Тогаш двете семејства приредиле голема веселба и мирот во двете кралства бил вратен, а двајцата заљубени си живееле среќно засекогаш, само затоа што не можеле да избегаат од нивната среќа.
108. Колку се силни две праски?Си биле тројца генерали кои биле исклучително силни и храбри. Толку силни и храбри што биле премногу арогантни и никого не почитувале. Кога го запознале новиот советник на кралот наместо да го поздрават мудриот човек, тие почнале да го понижуваат и навредуваат со своите постапки и зборови. Тоа многу го налутило советникот. Тој отишол кај царот и му рекол:
„Генералите на царот мора да ги почитуваат луѓето. Сепак Вашите не го прават тоа. Денес тие ме навредуваа, утре можеби ќе Ви бидат непослушни. Немаме потреба од такви генерали.“
Царот се растажи и одговорил:
„Тоа е точно, но тие се многу силни, особено кога се заедно. Тие знаат дека не можеме ништо да направиме против нив.“
Советникот му рекол:
„Тие се силни, но ајде да видиме дали ќе бидат посилни од две праски. Испратете им две убави праски со назнака дека тие се за двајцата најдостојни меѓу нив.“
Кога пристигнале праските и генералите прочитале за кого се наменети двајцата генерали кои биле најблиску, брзо грабнале по една. Третиот генерал станал бесен и извикал:
„Како се осмелувате! Јас сум подостоен од вас! Дајте ми праска веднаш!“
Кога ги кажал овие зборови го извадил мечот и ги убил двајцата генерали. Но, веднаш потоа сфатил дека ги убил неговите пријатели поради ситница и од тага и срам се самоубил. Така, тројцата храбри генерали биле поразени од две праски.
109. Научете ги децата од мали да бидат внимателни Еден мудар старец минувал по патот покрај едно убаво село и толку му се допаднало дека одлучил да остане да живее во него. Тој ги сакал децата и поминувал многу време со нив. Покрај тоа, тој сакал и да им дава подароци, но секогаш им подарувал само кревки и кршливи предмети.
Колку и да се труделе децата да си сочуваат подароците тие секогаш се кршеле во нивните раце. Децата биле тажни и плачеле. Времето си течело и мудрецот продолжил да им подарува играчки на децата, но колко поголеми станувале децата толку станувале и покревки и кршливи играчките кои им ги давал.
Родителите не издржале и отишле кај него, за да го прашаат зошто постапува така:
„Ти си мудар човеки знаеме дека им го посакуваш само најдоброто на нашите деца, но зошто им даваш такви подароци? Тие се трудат да ги чуваат, колку што можат, но играчките покрај сè се кршат и децата страдаат. А играчките се толку убави, што тие не моќат да одолеат, а да не се играат со нив.“
Мудрецот се насмеал и им одговорил:
„Не разбирате. Тие ќе пораснат и наскоро некој ќе им го подари срцето. Можеби, тоа што го правам сега, ќе ги научи да бидат многу внимателни со скапоцениот подарок кој ќе го добијат, кога ќе дојде време.“
110. Зошто не треба да им судиме на другите?
Еден ден ученикот го прашал својот учител: „Учителу, кажете ми зошто сите мудреци нѐ учат дека не треба да им судиме на другите? Дали е тоа толку важно? Објаснете ми, Ве молам.“ Наставникот не одговорил веднаш на прашањето, но наместо тоа, на ученикот му дал балон, на кој на дното имало малку кал и побарал од него да застане пред него и да почне да го дува балонот. Учителот го прашал: „Што гледаш сега?“
„Ве гледам Вас и балонот.“, одговорило детето.
„Надувај го уште малку“, продолжил учителот.
Ученикот ја исполнил наредбата и балонот станал поголем.
„Сега што гледаш?“, учителот повторно го прашал детето.
„Сега едвам Ве гледам Вас, го гледам балонот и калта внатре во него.“, одговорил ученикот.
„Надувај го уште.“, рекол учителот.
Балонот станал уште поголем, а учителот повторно го прашал ученикот што забележува сега.
„Само балон и кал. Ништо повеќе.“, одговорил ученикот.
„Продолжи да го дуваш балонот“, рекол учителот и се повлекол настрана.
Ученикот продолжил да го дува балонот но повеќе балонот не можел да се растега и пукнал, а калта се распрскала врз ученикот. Ученикот се шокирал. Се чувствувал беспомошно. Целиот бил извалкан со кал.
„Сега сфати ли што се случува кога се фокусираме на туѓите недостатоци, слабости и грешки? Кога му судиш на некој човек, ти престануваш да го гледаш самиот човек. Само ги гледаш сопствените оцени и негативни мисли и чувства за него. ...и колку повеќе ги зголемуваш овие мисли толку е поголема веројатноста дека калта и нечистотијата на овие мисли ќе те извалка не само тебе туку и околината.“, рекол учителот и го оставил ученикот да размислува....
111. Пеперутката - симбол на слободата и душата.
Еден човек шетал низ градината уживајќи во топлиот пролетен ден. Ја разгледувал разбудената вегетација. Во еден момент, неговиот поглед паднал на кожурец од пеперутка која се нишала на гранка од магнолија. Човекот се доближил и видел на чаурата мало дупче низ кое пеперутката се обидувала да излезе. Ова траело со часови, сè додека одеднаш сè не се смирило и престанало. Пеперутката како да се откажала.
Човекот се исплашил дека пеперутката ќе умре заробена во чаурата. Затоа, тој набрзина влегол во куќата, зел ножици и ја пресекол чаурата за да ѝ помогне на пеперутката да излезе од неа. И, пеперутката навистина излегла од кожурецот со леснотија. Но, наместо да полета, таа паднала на тревата. Човекот ја погледнал: крилјата ѝ биле стуткани, а телото некако отечено. Човекот се исправил и нетрпеливо чекал крилјата на пеперутката да се рашират и таа да полета, но ништо не се случило. Пеперутката не можела да лета ниту тој ден ниту следниот. Останала да ползи цел живот по тревата.
Зошто се случи ова?
Во сите свои добри намери, човекот не размислувал за природниот процес на трансформација на пеперутката. Тесната чаура и напорот што пеперутката мора да ги вложи за да помине низ нејзиниот мал отвор се неопходни за да се потисне течноста од нејзиното тело во крилјата. На овој начин, пеперутката станува подготвена да полета во моментот кога ќе се ослободи од кожурецот.
Секоја личност ги има сите ресурси што му се потребни за да направи промена. Понекогаш токму тешкотиите се она што ни е потребно. Без нив никогаш не би станале силни. И никогаш не би можеле да полетаме.
112. Легенда за сината пеперутка
Постои една легенда за маж кој ја изгубил сопругата, но му останале двете мали ќерки. Девојките биле многу љубопитни, интелигентни и секогаш желни за знаење. Тие постојано го изненадувале својот татко со разни прашања. Понекогаш ја споделувал својата мудрост со нив, но честопати му било многу тешко да го најде вистинскиот одговор на нивните прашања.
Гледајќи ја љубопитноста меѓу девојчињата, таткото решил да ги испрати кај еден мудрец кој живеел на врвот на ридот. Мудрецот без двоумење одговарал на скоро сите прашања на сестрите. За да видат дали е навистина толку мудар како што се преправаше, децата решиле да му постават стапица.
Една ноќ девојките смислиле подмолен план: да му постават на мудрецот прашање на кое тој нема да има одговор.
„Како можеме да измамиме будала? Што можеме да го прашаме без тој да има одговор на тоа прашање?“ – ја прашала помладата сестра постарата.
„Чекај тука, ќе ти покажам сега“, рекла постарата сестра. Таа отишла во шумата и се вратила еден час подоцна држејќи чанта во која криела нешто.
„Што има внатре?“ – прашала помладата сестра.
Постарата девојка ја ставила раката во чантата и извадила прекрасна сина пеперутка.
„Колку е убава! Што ќе правиме со неа?“ – прашала помладата сестра.
„Ќе ни помогне да го спроведеме нашиот план. Кога ќе стигнеме кај мудрецот, ќе ја сокријам пеперутката во раката. Ќе го прашам дали оваа пеперутка е сè уште жива. Ако ми одговори дека е жива, ќе ја стиснам тупаницата и ќе ја убијам. Ако рече дека е мртва, ќе ја пуштам. Па така, неговиот одговор ќе биде погрешен“.
Девојките тргнале кон мудрецот.
„Мудрецу, можеш ли да ни кажеш дали оваа пеперутка, во мојата рака, е сè уште жива?“ – прашала постарата сестра.
Мудрецот се насмевнал и рекол: „Од вас зависи. Неговата судбина е во ваши раце“.
Нашата сегашност и иднина зависат само од нас. Кога нешто не е во ред во нашите животи, не треба да ги обвинуваме другите луѓе.
Сината пеперутка е нашиот живот. Ние сами одлучуваме што ќе се случи со него.
113. ЉУБОВ
Еден богат и влијателен човек подготвувал голема прослава по повод неговиот роденден. И додека го прегледувал списокот на поканети, одеднаш од некаде се појавила прекрасна и исклучително шармантна жена.
„Која сте Вие?“, прашал тој, погоден од нејзината убавина и нејзиното невообичаено харизматично присуство.
„Моето име е Љубов“, одговори непознатата со топол глас и нежно се насмевна.
Домаќинот не можел да ги тргне очите од неа и се чудел како да ја задржи подолго. Се чинело како жената ја исполнувала собата со нејзиното необично присуство, и тој се чувствувал особено спокоен и мирен. Во тој момент, погледнал во листата на гости, која ја држел во раце и дошол до една идеја.
„Вечерва, ќе има голема забава во мојот дом. И многу би сакал да Ве поканам. Ве молам, бидете мој специјален гостин.“, ѝ рекол тој.
„О, Ви благодарам за љубезната покана, но морам да Ви кажам дека никогаш не сум сама. Имам многу пријатели кои се секогаш до мене. Значи, ако не Ви пречи да дојдат и тие со задоволство ќе бидам Ваш гостин.“, одговорила Љубовта.
„Се разбира дека не ми пречи. Има многу простор за сите во мојата куќа и ми е драго што ќе ги запознаам Вашите пријатели.“, одговорил домаќинот.
Вечерта почнале да доаѓаат гостите, а домаќинот постојано ја барал Љубовта помеѓу нив. Но, неа ја немало. Во еден момент тој забележал на вратата неколку луѓе што за прв пат ги гледал во животот. Тие имале беден изглед, биле облечени во искината, стара облека, а некои изгледале болни и се движеле тешко. Кога батлерот почнал да ги испраќа, богаташот веднаш сфатил дека ова би можело да бидат пријателите за кои мистериозната зборувала и им наредил да седнат на масата. Вечерата започнала, но Љубовта не дошла. Но, домаќинот ја почувствувал нејзината присутност, го обземал истиот мир и спокој, кој го почувствувал во текот на денот. Сите негови стравови и грижи исчезнале, а неговото срце било исполнето со чувство на спокој и добрина.
И во еден момент го слушнал познатиот топол глас: „Дали се чувствувате добро со мене?“
„Тешко е да се опише. Иако јас не Ве гледам, го чувствувам Вашето присуство и ме исполнува со бескрајна топлина и неопислива среќа. Никогаш во мојот живот не сум се чувствувал толку опуштено и среќно. Мојата душа е полна со светлина, го гледам значењето на работите за кои претходно не размислував …“, одговорил домаќинот.
„Додека се грижите за моите пријатели, додека не одбивате да им помогнете на сиромашните и болните, јас секогаш ќе бидам со Вас и секогаш ќе се чувствувате така.“, рекла Љубовта.
„Но зошто не можам да Ве видам Љубов?“, прашал домаќинот.
„Бидејќи се преселив во Вашето срце“, одговорила Љубовта.
114. Птицата и мравките
Кога една птица е жива, таа јаде мравки. Кога ќе умре, мравките ја јадат неа! Околностите можат да се променат во секое време…
Не потценувај и не повредувај никого во животот. Ти можеби си силен денес, но не заборавај, времето е посилно од тебе!
Од едно дрво се прават илјадници чкорчиња за кибрит, но треба само едно чкорче за да изгорат илјадници дрва.
Биди добар и прави добри дела!
115. Најдобриот син
Три мајки се собрале еднаш во близина на селото, кај чешмата. Две од нив почнале да ги фалат своите синови. Една рекла дека нејзиниот син е најубавиот меѓу момчињата во селото, најсилниот и најпаметниот. Втората не и останала должна и го фалела синот со завист. А третата жена стоела покрај нив и молчела.
Другите две ја прашале зошто молчи. Таа одговорила: „Па мојот син е обичен, нема ништо посебно во врска со него.“
Жените ги наполниле стомните со вода и тргнале кон своите домови. По патот ги сретнале своите синови. Синот на првата одел на раце и фрлал тешки камења. Мајката се радувала и рекла: „Погледнете го мојот херој!“ Синот на втората жена танцувал и пеел како славеј. Мајката гордо се насмевнала на својот син. Синот на третата жена се стрчал кон мајка му и ги земал тешките стомни од нејзините раце и тргнал кон дома.
Еден мудрец поминувал по патот во тој момент и двете жени тргнале кон него за да му постават прашање. Тие го прашале чиј син е најдобар. Старецот одговорил: „Каде се вашите синови? Јас видов само еден.“ и покажал кон момчето кое ги носело стомните на неговата мајка.
116. Јаболкото од Царев Двор
Господар на најголемото и најмоќното цартво во тоа време, силниот и премудар цар, сакал во својата ризница да ги има најубавите, највредните и најретките нешта од целиот свет.
Сакал и ги имал. Најмногу од се, тој и се радувал на својата градина во која се одгледувале плодовите какви што немало во ниту една друга градина. За ова чудо заслужен бил царскиот калемар, човекот во кого што царот имал најголема доверба,единствениот со кого се советувал за сите нешта. Царот имал и една ќерка, бела како сребро на полна месечина, со гласот како прашинка од крилјата на пеперутка, и трепките со боја на пепел. Нејзе царот најмногу ја сакал.
Еден ден, царскиот калемар почувствувал дека е веќе стар самиот да се грижи за царската градина, најубавиот дел од царскиот двор. Од целото царство се собрале најдобрите калемари, повеќе од десет илјади на број. Стариот калемар разговарал со сите, ги испрашал сите и на крај се решил за едно стројно момче. Никој не знаел ниту од каде е, ниту од кое племе или семејство е младиот избраник.
По две години, момчето успеало да одгледа најчудесно јаболко. Го однесоа кај царот. Восхитен, тој ја викна својата ќерка, принцезата. Кога го открија јаболкото, донесено на златна чинија, прекриено со најфината свила, видоа дека тоа е големо како детска глава. Кога царот и принцезата го вкусија, почувствуваа дека тоа е слатко како гугање на бебе; кога ја вдишаа миризбата, почувствуваа дека таа е благородно и лечебна како добра мисла потекната од најблагородна душа. На знакот на стариот калемар, момчето попрекум го пресече јаболкото. На средината од двете пресечени половини, се укажа еден совршен цвет со пет фино отсликани ливчиња. “Ова е, цару мој, најубавото, навкусното, најмирисното од сите јаболка што некој до сега има видено, вкусено, или во душата и со душата вдишано!“
Така кажа стариот царски калемар и го пофали момчето. Царот веднаш нареди, калемите од оваа јаболкница никаде да не се даваат,за само во неговиот двор засекогаш да расне. И за секој оној наредбата што ќе ја прекрши, пропиша смртна казна. А оној прекрасен цвет, скрит внатре срцето од јаболкото, ќе биде знакот по кој веднаш ќе може да се препознае дали јаболкото е од царската градина.
На момчето,царот му подари илјади златни лири. Момчето излезе од царските одаи. Но,се всели за секогаш во срцето и мислите на принцезата. Истата вечер,со помош и благослов на мајка и момчето и принцезата избегаа. Знаеја оти царот никогаш не би дозволил младиот калемар царски зет да стане.
Залудно низ целото царство ги бараа бегалците. Царот огромна награда распиша за тие што ќе ги прокажат, и страшна казна за оние што ќе ги скријат принцезата и момчето. Залудно. Тие како в земја да беа пропаднале.
А во вистина,тие се скрија на брегот од едно смарагдно езеро,прекриено со кристално небо и овенчано со зелени планини,каде што никој не слушнал за царската наредба. Пет здрави, умни и убави деца им беше дал Господ.Три сина и две ќерки. Еден ден, принцезата почна да копнее и повенува. “Во душата ми е она јаболко што тогаш го видов. Да го видам барем уште еднаш, па да умрам. “И момчето скришум, никој да не узнае, го одгледа истото јаболко. И невестата негова , принцезата, веднаш оздраве кога го виде, го вкуси и го мирисна. Но мирзбата, шамија од најфина свила исткаена, го прекри целото село. Се згоди еден човек што од далеку допатувал, што за царската наредба беше знаел. Ја испрати сестра си, за илјач едно јаболко да измоли. Принцезата се излажа.
Со чудесниот плод, клетиот шпион излезе пред царот. Кога попрекум јаболкото го пресекоа, а внатре оној цвет!
И врзани пред царот ги донесоа: момчето, принцезата и петте дечиња. “Сте ја прекршиле мојата наредба. Пред да ве погубам кажи ми,ти неблагодарен сину на неблагодарни родители, зошто си го оставил цветот внатре да те издаде? -праша царот. “Од мал го молев Господа пет деца да ми даде. Здрави убави и умни да бидат. И му ветив дека цвет како благодарност во секое јаболко ќе втиснам. Јас го исполнив мојот завет, Господ ја исполни мојата желба. Сега не ми е жал да умрам,но за децата ќе жалам и на овој и на оној свет-одговори момчето. Тогаш стариот калемар, со насолзени очи, го замоли царот селото во кое момчето ја одгледало јаболкницата, да го именува Царев Двор.“Така твојата наредба нема да е прекршена, оти во дворот твој ќе е јаболкото, и животот ќе можеш да им го простиш! “Царот силно се израдува. Го прегрна стариот царски калемар, го прегрна младиот, ја гушна ќерката своја, ги погали внучињата. Царска свадба направи, а селото веднаш нареди да се именува во Царев Двор.
Дека приказната е вистинита, потврдува селото Царев Двор, на брегот од езеро Преспа.