Воведот се однесува на мотивот - Зошто се решив на ваков чекор?
Вевед во дневник на настани:
4. јануари 2021 - конкурс/ јавен повик од МОН до наставниците во основните училишта за доставување на барања за напредување во звање наставник ментор.
Изборот се одвивал во три круга, по многу строги критериуми и од над илјада пријавени наставници, по 6 месеци, избрани се 141.
Голема чест е да се најдеш во првите наставници - ментори, што воедно е потврда и награда за добро работење ви изминатите три децении.
30 јуни 2021 год. го добив решението.

СЕПТЕМВРИ 2021 - Во решението пишува дека влегува во сила од денот на неговото донесување, но училиштето не го испочитува решението.
29. СЕПТЕМВРИ 2021. - Конечно добив известување од училиштето, препратено од БРО за моите обврски како наставник ментор.
- Менторот треба да продолжи квалитетно да ги работи своите досегашни обврки како наставник што е пропишано со членот 14 од законот, а опфаќа воспитно-образовна и други видови професионална работа во училиштето.
- Наставникот ментор освен задолженијата од членот 14 на овој закон треба да ги извршува и работни задолженија на наставникот ментор уредени со член 37 - значи, освен што треба да го води наставникот - почетник низ училишни активности и да му помага во стекнувањата на потребни умеења и вештини за самостојна работа како наставник, ги менторира и студентите од факултетите за наставници, користи иновативни приоди и им помага на колегите во спроведување на акциски истражувања и учествува во изготвување на развојни политики на училиштето. ........
Во известувањето се вели:
Работното место наставник ментор треба да е предвиден во актот на систематизација , доколку истотот не ви е предвиден потребно е веднаш итно да направите измена на актот за систематизација. По добивање на согласноста на актот за систематизација од Министерството за информатичко општество и администрација , потребно е да изготвите анекс на договор за вработување за соодветниот наставник и да донесете ново решение за плата. (Актот на систематизацијата во некои училишта веќе бил донесен, во некои не, што се одрази на понатамошната постапка)
Заклучив дека училиштата не се доволно информирани за напредувања во звања, па имав чувство дека избор за ментор е повеќе казна отколку награда за изминатиот труд.
Потребна е едукација на директорите од повеќе области од кои едната е и менторирањето.

Септември 2022 - Никогаш нема да заврши патешествието наречено - ментор.
Милион небулози без увид од надлежните во работењето по училиштата.
Посакувам сите недоразбирања да завршат во оваа 2022/2023 учебна година, a не ми личи дека ќе е така.
Милион небулози без увид од надлежните во работењето по училиштата.
Посакувам сите недоразбирања да завршат во оваа 2022/2023 учебна година, a не ми личи дека ќе е така.
Портфолио од старата eTwinning платформа:
07.10 2022 - Конкурирав и сум избрана за eTwinning амбасадор. Успешно го поминав двомесечниот курс за амбасадори и се обучив за пружање помош на сите почетници и искусни етвинери. Одлична мoжност за надополнување на менторската работа. Планирам редовни вебинари кои ќе бидат од голема корист за сите, ученици, наставници, приправници.
Еден од вебинарите ќе е информативен, а дтугиот ќе е тематски.
Информативните ќе бидат во врска со eTwinning проектите и новата платформа, додека тематските ќе бидат од образовните теми:
ОКТОМВРИ 2022
НОЕМВРИ 2022
ДЕКЕМВРИ 2022
Од декември 2023 год. воведуваме нова практика - потврди за присуство:
ЈАНУАРИ 2023
66 - Потврди за тематски јануарски настан - Оценување
16.02.2023 - Февруарски тематски настан - Интернет во наставата (социјални мрежи платформи и Web 20 алатки)
63 - Потврди за февруарски тематски настан
Февруарски инфо настан - eTwinning проекти во наставата и во воннаставните активности
49 - Потврди за февруарски информативен настан
Благодарам за сликите и за издвоеното време.
37 - Потврди за присуство на мартовски инфо - настан на тема - Како до квалитетен eTwinning проект? (Проект со национален и европски квалитет)
33 - Потврди за присуство на априлски инфо - настан на тема - Најчесто поставувани прашања за eTwinning
49. Потврди за априлски тематски настан - Отворени образовни ресурси
На ден 09.05.23, во Основното општинско училиште „Димитар Миладинов"- Скопје се одбележа eTwinning ден со пригодно предањање на тема „ESEP платформа и бенефит од eTwinning проекти". На предавањето беа присутни одделенските наставници од првата смена, додека за наставниците од втората смена предавањето ќе се одржи во наредната седмица или кога најмногу ќе им одговара.
Одбележувањето на eTwinning денот е по иницијатива на Аида Петровска и училишниот психолог Ана Мурџева.
Разјаснивме што е eTwinning, ако се сретнат со проблеми на еTвининг платформата - кој може да им помогне, важноста на еТвининг заедницата,кои се бенефитите од работата во проектите и значењето на стекнатите награди, како за наставниците, така и за учениците.
Потврди од тематски мајски настан - Превртена училница
Не оди едно без друго:
31 - Потврди за јунски настан - Колку ги почитуваме критериумите за оценување на постигнувањата на учениците?
27 - Потврди за јулски инфо настан - Kако да аплицираме за
национална ознака на квалитетза сработен eTwinning проект или проект кој е во завршна фаза
06.09.2023 - Информативен настан на тема: Препознавање на трудот на наставниците и оддавање признанија нудејќи им можност за вреднување на нивните активности во рамки на еТвининг и програмата Еразмус+
30 потврди за присуство на информативниот настан од 06.09.2023
14.09.2023 - Инфо настан - eTwinning Weeks 2023 is almost here/
Недели на еТвининг 2023 наскоро се тука - Силвана Крстеска
Недели на еТвининг 2023 наскоро се тука - Силвана Крстеска
20.09.2023. - Промоција на eTwinning и споделување на добри практики со колеги и советници од БРО:
eTwinning online конференција 19/20/21 октомври 2023
Е-твининг конференција 23/24/25 октомври 2023
На ден 26.11.2023 во рамките на Четвртата меѓународна конференција по математика, физика и сродни науки која се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје од 24-26 ноември, заедно со колешката Аида Петровска реализиравме предавање на тема: Примена на eTwinning како иновативна и едукативна алатка во училиштата. На предавањето присуствуваа околу 30 учесници од различни краишта од Македонија, но и универзитетски професори по физика од Црна Гора, Србија и Хрватска.
33 потврди за присуство на информативниот настан од 29.11. 2023
ИНФО НАСАТАН НА ТЕМА: еТвининг правила на однесување и критериуми за квалитет - 29.11.2023 во 19:00
Ако сакаме промени во наставата, треба да ги отвориме училниците, да ги почитуваме правилата и да сме запознаени со предизвиците и критериумите за напредок и успех.
Ако сакаме промени во наставата, треба да ги отвориме училниците, да ги почитуваме правилата и да сме запознаени со предизвиците и критериумите за напредок и успех.
69 - Потврди за декемвриски eTwinning информативен настан - десетина учесници биле анонимни и не им напишав потврди
69 - ПОТВРДИ за декемвриски тематски eTwinning настан - петнаесетина потврди не се напишани затоа што учесниците беа еонимни.
Од октомври 2022 до декември 2023 одржани 13 информативни и 13 тематски настани, мало ветренце во грб на сите почетници.
На сите ви посакувам среќни и весели празници.
Да ни е среќна Новата година! Да ја пречекаме со радост, да ја изживееме со љубов, да ја испратиме со успеси!
На сите ви посакувам среќни и весели празници.
Да ни е среќна Новата година! Да ја пречекаме со радост, да ја изживееме со љубов, да ја испратиме со успеси!